Глобус ја анализира дведецениската независност на државава, Република и Капитал пишуваат за последната мисија на посредникот во спорот за името, Метју Нимиц, а Фокус се посветува на дипломатската улога на Ахмети
Глобус - 22 години потоа - Македонија земја на масовниот егзил
„22 години потоа - Македонија земја на масовниот егзил“, пишува во насловот најновиот он-лајн магазин Глобус, во текстот што ја анализира дведецениската независност на државава. Па наведува дека од Македонија во земјите на ЕУ се иселиле околу 11 отсто или 237.000 жители.
Единствената раскош што денес му беше понудена на убедливото мнозинство од народот кој во 1991-та на референдум избра да живее одвоено од Југославија која почна да се распаѓа е раскошниот огномет вечерта, на 8 септември овој месец. Еден од консултираните експерти смета дека клучните трендови во државата говорат дека се топиме како сладолед на сонце. Фактот што државите од бивша Југославија кои пливаа во крв по нејзиниот распад отидоа подалеку во својот развој е најдобар показател за поразот кој не може, а да не боли, цитира друг соговорник Глобус.
Вториот голем пораз е неспособноста на политичките елити да го одбранат достоинството на Македонија во битката за името со Грција. Не е достоинствено ако државата губи на сите полиња, вклучително и својата меѓународна позиција, економски заостанува и е предмет на соседски уцени, од кои
најновата е онаа од една полудржава, како што е Косово, смета Глобус.
Република - По 18 години Нимиц ја „сфати“ Грција
Два текста посветува Република на последната мисија на посредникот во спорот за името, Метју Нимиц. Неделникот забележува дека на медијаторот му требале 18 години за да ја „сфати“ Грција и нејзините црвени линии. „Не сакајќи, посредникот го извлече грчкото не од Венизелос за името Горна Република Македонија, со кое лицитираше преговарачот Ахмети од името на Албанците од Македонија и за сопствена промоција. Што се крие во неговата изјава дека ја сфатил Грција - политичка порака или посредникот не знаеше што да каже и се најде затечен во грчкото одбивање - пишува Република.
Фокус - Ахмети се залага за името, поради рејтингот
Фокус оди со тезата дека Ахмети ја презел дипломатската улога околу спорот поради партискиот рејтинг на ДУИ, кој опаѓа правопропорционално со растежот на рејтингот на ВМРО. Продолжувањето на играта да се потхранува национализмот меѓу двата партнера во владата веќе не е влог на Ахмети, зашто тоа му одговара на Груевски и драматично би ја ослабнало позицијата на партијата во некоја идна коалициска влада. Ахмети сфаќа дека неможноста на своите гласачи да им испорача ниту економски резултати, ниту НАТО и ЕУ го става во незавидна позиција да мора да го официјализира својот приврзок-статус. Фокус исто така претпоставува дека се трасира патот на идните политички збиднувања кои неминовно водат кон една амбициозна замисла за симнување на ореолот на Груевски како политичка девица.
Капитал - Од Нимиц ништо ново
Капитал, пак, вели: „Од Нимиц ништо ново - Македонија и Грција сè уште со суштински разлики за името!“
„22 години потоа - Македонија земја на масовниот егзил“, пишува во насловот најновиот он-лајн магазин Глобус, во текстот што ја анализира дведецениската независност на државава. Па наведува дека од Македонија во земјите на ЕУ се иселиле околу 11 отсто или 237.000 жители.
Од Македонија во земјите на ЕУ се иселиле околу 11 отсто или 237.000 жители. Се топиме како сладолед на сонце. Фактот што државите од бивша Југославија кои пливаа во крв по нејзиниот распад отидоа подалеку во својот развој е најдобар показател за поразот кој не може, а да не боли. Глобус.Глобус.
Единствената раскош што денес му беше понудена на убедливото мнозинство од народот кој во 1991-та на референдум избра да живее одвоено од Југославија која почна да се распаѓа е раскошниот огномет вечерта, на 8 септември овој месец. Еден од консултираните експерти смета дека клучните трендови во државата говорат дека се топиме како сладолед на сонце. Фактот што државите од бивша Југославија кои пливаа во крв по нејзиниот распад отидоа подалеку во својот развој е најдобар показател за поразот кој не може, а да не боли, цитира друг соговорник Глобус.
Вториот голем пораз е неспособноста на политичките елити да го одбранат достоинството на Македонија во битката за името со Грција. Не е достоинствено ако државата губи на сите полиња, вклучително и својата меѓународна позиција, економски заостанува и е предмет на соседски уцени, од кои
Не сакајќи, посредникот го извлече грчкото не од Венизелос за името Горна Република Македонија, со кое лицитираше преговарачот Ахмети од името на Албанците од Македонија и за сопствена промоција. Што се крие во неговата изјава дека ја сфатил Грција - политичка порака или посредникот не знаеше што да каже и се најде затечен во грчкото одбивање.Република.