Партиски послушници на определно време

Илустрација.

Партиските вработени стануваат двојна жртва. Од една страна, тие се во постојан стрес зашто знаат дека ќе бидат први на удар ако дојде до промена на власта, а од друга страна, тие се жртва и на партиите што ги вработиле на определено време и со тоа ги држат на „краток синџир“.
Се отпуштаат едни, за на нивно место да се вработат други. По промената на власта на локално ниво, старите и неподобни кадри „летаат од работа“ за да се отвори простор за нови, лојални на новата локална власт. Први на удар се хонорарците и вработените со договор на определено време, затоа што нивното отпуштање е најлесно и правно најбезболно.
Формално-правно може целата процедура да биде во ред, туку се поставува прашањето зошто тие што ги вработиле со договор за дело не им го регулирале статусот, и за другите, зошто отпуштаат вработени кои сепак стекнале некакво искуство и примаат вработени кои се нивни партиски кадри и на кои и тие повторно не им го решаваат работниот однос и правниот статус на нивниот работен однос.
Алберт Муслиу, аналитичар.

Опозицискиот СДСМ се пожали дека се отпуштаат вработени во општините Карпош и Охрид, но локалните власти во овие општини реагираат дека никој не е отпуштен, туку дека на некои вработени не им се продолжени истечените договори за привремено вработување. Претходно имаше слични случаи во Гостивар и во Кичево, каде што исто така дојде до промена на локалната власт.

Илустрација.


Во случај на непродолжување на договорите, власта формално-правно е чиста, затоа што нема никакви обврски кон овие вработени по истекот на нивниот договор. Аналитичарот Алберт Муслиу вели дека ваквите вработени се жртва на меѓупартиските препукувања.

„Формално-правно може целата процедура да биде во ред, туку се поставува прашањето зошто тие што ги вработиле со договор за дело не им го регулирале статусот, и за другите, зошто отпуштаат вработени кои сепак стекнале некакво искуство и примаат вработени кои се нивни партиски кадри и на кои и тие повторно не им го решаваат работниот однос и правниот статус на нивниот работен однос“, вели Муслиу.
Тоа не е најстрашниот дел. Најстрашниот дел е што тие се заложници и во работниот процес, така што се должни во голема мера да ги слушаат инструкциите на политичките партии и за време на вршењето на работните должности.
Алберт Муслиу, аналитичар.

Јавна тајна е дека хонорарните и привремени вработувања во администрацијата служат како ухлебие на партиските војници, вели Муслиу, но од друга страна и како добар начин за врбување партиски војници. На овој начин, ваквите вработени стануваат двојна жртва. Од една страна, тие се во постојан стрес зашто знаат дека ќе бидат први на удар ако дојде до промена на власта, а од друга страна, тие се жртва и на партиите што ги вработиле на определено време и со тоа ги држат на „краток синџир“. Така, партијата што ги вработила на определено време може да ги тера да одработуваат за неа, односно за време на избори да донесат списоци со сигурни гласачи, да лепат плакати, да делат пропаганден материјал, да агитираат за партијата. Кој не ги слуша партиските наредби, лесно може да не му биде продолжен договорот.

„Тоа не е најстрашниот дел. Најстрашниот дел е што тие се заложници и во работниот процес, така што се должни во голема мера да ги слушаат инструкциите на политичките партии и за време на вршењето на работните должности и ако не ја спроведат волјата на нивните партиски моќници, не може да очекуваат, не само после изборите, туку и меѓу два изборни циклуси не може да очекуваат продолжување на нивните договори за дело“, вели Муслиу.

Тој додава дека луѓето прифаќаат вакви позиции поради големата невработност и сиромаштијата.