Хајд паркот на Радио Слободна Европа за тоа кои се клучните проблеми на Македонија од независноста и интервјуто со Петар Гошев со неговите сведоштва за тоа како се развива земјата се најкоментирани на нашата интернет страница.
Дваесет и две годишнината од нашата независност е згоден момент во Хајд паркот на Радио Слободна Европа да се прашаат граѓаните кои се клучните проблеми на Македонија. Во видео-анкетата граѓаните, речиси до еден, кажуваат дека тоа се економијата и невработеноста. Во пишаните коментари, пак, МК Обсервер и Незабеган, обајцата од Скопје, развиваат широка полемика, секој од своите убедувања, се разбира.
Додека Незабеган смета дека Република Македонија за овие 20 години се врти во круг и дека ниту владеењето на СДСМ, ниту непрекинатото, како што вели, владеење на ВМРО-ДПМНЕ не промениле ништо - системска невработеност од околу 30% и хронична стапка на сиромаштија од околу 25%, МК Обсервер брои 200 години независност на Грција која имала економија во урнатини, невработеност од 28%, сиромаштија,уништено здравство и политички дијалог меѓу фашисти и комунисти... а Македонија, според него, по 22 години независност ја исправала
својата економија од урнатините на комунизмот, имала речиси ист процент на невработеност, здравство кое се модернизирало, а дијалог воделе комунисти и националисти.
Незабеган на ова му одговара со популарната песничка на спортските навивачи, ама со променет текст: „Искочи Гоца брк твој од ФБ профил на тераса, да ја видиш мојата и наша празна маса“.
Обичен од Кочани пишува: „Приватните џебови се полни, партиското вработување 100% функционира, и идемо напред кон ЕУ интеграции... лако, полако, несигурно“. Кога во неделното интервју на РСЕ ќе се појават реални сведоштва за тоа како се развива Македонија во овие 22 години независност, конкретно на Петар Гошев, се појавуваат многу коментари на наши посетители на веб-страницата со негативно расположение против неговите искажани зборови, особено, дека „Фараоните ја уназадија Македонија“. Јоца од Скопје вели: „Тра-ла-ла... Напишано, а ништо не кажано... лесно е да се биде филозоф“. За Македонија од Куманово, Гошев не направил ништо додека бил во политиката, и повторно, смета, „Грк Бранко“ е виновен за сè што не чини во државава, а Незабеган смета дека е забележлива нервозата кај „режимските коментатори“, како што ги нарекува, судејќи според нивните големи коментари и цел куп недолични вулгарности. Перо од Скопје напишал: „Кратко и јасно, со акцент на последните 7 години, нашата реалност. Со фејсбуковски речник, лајк за интервјуто“. А за тоа колку политиката предизвикува дури и омраза кон цел еден народ, покажува нашата информација дека грчките едриличари не дојдоа во Охрид поради нашето уставно име: само зборови на омраза и нетрпеливост против грчките спортисти, кои, јасно е, нели, играат како што им свират нивните политичари.
Република Македонија за овие 20 години се врти во круг и дека ниту владеењето на СДСМ, ниту непрекинатото, како што вели, владеење на ВМРО-ДПМНЕ не промениле ништо - системска невработеност од околу 30% и хронична стапка на сиромаштија од околу 25%.Коментар на читател.
Додека Незабеган смета дека Република Македонија за овие 20 години се врти во круг и дека ниту владеењето на СДСМ, ниту непрекинатото, како што вели, владеење на ВМРО-ДПМНЕ не промениле ништо - системска невработеност од околу 30% и хронична стапка на сиромаштија од околу 25%, МК Обсервер брои 200 години независност на Грција која имала економија во урнатини, невработеност од 28%, сиромаштија,уништено здравство и политички дијалог меѓу фашисти и комунисти... а Македонија, според него, по 22 години независност ја исправала
Кратко и јасно, со акцент на последните 7 години, нашата реалност. Со фејсбуковски речник, лајк за интервјуто.Коментар на читател.