Поинаква студентска борба

Кирил Спироски, претседател на Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Ние во СПУКМ нема да ги поштедиме оние на кои предизвик ќе им биде да ги прекршат основните права на студентот, за Радио Слободна Европа пишува Кирил Спироски, претседател на Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Опозиционер, владина марионета или инспирација за сличните на нив? Вакви и слични прашања беа упатени до мене од многумина студенти, особено во моментот кога иницијативата за јавниот превоз за студенти на СПУКМ ја поддржа опозицијата во Советот на Град Скопје. Секојдневните изјави во кој реално ја опишувам очајната ситуација и условите по студентските домови, исто така ме направија опозиционер со поголем морал и принципи од оние во Собранието.
Се заканив со протести, на кои би извадиле повеќе од 1.000 луѓе во првиот ден, доколку ветените реконструкции по студентските домови не започнат согласно последните најави од страна на надлежните институции.

Се заканив со протести, на кои би извадиле повеќе од 1.000 луѓе во првиот ден, доколку ветените реконструкции по студентските домови не започнат согласно последните најави од страна на надлежните институции. Додека трае процесот на поднесување документи заедно со вселувањето на станарите по студентските домови, СПУКМ преку повеќе од 50 студенти непосредно го надгледува процесот, технички го спроведува и претставува сериозен коректор работата на Министерството за образование и наука.

Лично, заедно со претставници на Советот на станари во последниве неколку дена, со задолжително присуство на надлежните управители и раководители, на чие присуство инсистиравме, деноноќно сме во инспекција на студентските домови, ги отвораме се уште недоделените соби и бурно ја евидентираме состојбата на терен во интерес на студентите. За прв пат од независноста на РМ и по една година од мојот мандат, може да се забележи ред, дисциплина и почитување спрема студентите и нивните претставници.

Кога ја најавував оваа моја колумна, ветив дека ќе ја образложам мојата и улогата на целиот Студентски парламент во целокупниот процес на овогодинешните сместувања на студенти по студентските домови. Се започна со отворените денови во СПУКМ од 22.07.2013 година до 05.08.2013, непосредно пред да започне интернет аплицирањето. Таму заедно со членови на СПУКМ имавме средби со студенти, на кои дискутиравме на најразлични теми во поглед на сместувањето.

Најчестите прашања упатени до нас беа од техничка природа, но имаше и охрабрени студенти кои не алармираа за можни злоупотреби, притисоци и малверзации. Ги уверивме сите студенти, дека од оваа година нема да дозволиме да постојат никакви списоци, врски, протекции, продажби на легла, и друг вид на неправди. Доколку се увидат вакви и слични неправилности, ги охрабривме без страв да се обратат до нас. Вакви поплаки не стигнаа, меѓутоа до крајот има уште време. Измените во законската регулатива се јасни, содржат казнени одредби со драконски глоби за оние кои ќе ја злоупотребат службената должност.
Ги уверивме сите студенти, дека од оваа година нема да дозволиме да постојат никакви списоци, врски, протекции, продажби на легла, и друг вид на неправди. Доколку се увидат вакви и слични неправилности, ги охрабривме без страв да се обратат до нас. Вакви поплаки не стигнаа, меѓутоа до крајот има уште време.

Ние во СПУКМ нема да ги поштедиме оние на кои предизвик ќе им биде да ги прекршат основните права на студентот. По интернет аплицирањето, започна доставувањето на документи. Студентскиот парламент беше отворен од 7 часот наутро до 7 часот навечер. Со преку 40 студенти бевме во служба на апликантите, а во нашите простории на многумина студенти кои донеле некомплетни документи им излегувавме во пресрет за да ги докомплетираат. Во првите денови имавме слаба посетеност на студенти, која драстично се зголеми во последните два дена до крајот на рокот за поднесување.

СПУКМ и матичните Студентски парламенти и во овој случај не ги оставија своите колеги на цедило. Тим од СПУКМ со автомобили ги носеше и враќаше студентите кои заборавиле или неуспеале да извадат документи од својот факултет, а претставниците од матичниот парламент им помагаа поефикасно да се справат со факултетската администрација. Сето ова беше одлично организирано. Вториот конкурс е во тек, а ние од СПУКМ повторно сме спремни да останеме во служба на студентите и со целосен елан да им помагаме. Откако ќе завршат сместувањата, на седница на Студентскиот Парламент, ќе биде предложена тричлена комисија која ќе има за цел да ги следи на терен состојбите по домовите во поглед на распределбата на леглата и можни малверзации, но и да поднесува месечен извештај до СПУКМ за можните несоодветни услови во поединечни соби и за можниот проблематичен однос на вработените спрема студентите. За можноста за постоење на ваквата комисија ги известивме Управните одбори и Директорите по студентските домови.

Она што ни преостанува е да продолжиме да водиме борба, да не застанеме каде што сме започнале и да не оставаме ништо на случајност. Исто така сакам да упатам и јасна порака до моите колеги, а тоа е дека се додека се бориме со другиот, никогаш нема ништо да постигнеме, но кога ќе почнеме да се бориме со самите себе во насока на подобрување секогаш ќе бидеме поуспешни од она што сме биле и поуспешни од оние кои очајно пробуваат да ја критикуваат нашата работа. Јас и СПУКМ стоиме зад она што сме го ветиле и постојано ќе целиме кон поголеми предизвици и поголеми победи на студентите.