Достапни линкови

СПУКМ е бескорисен


Драган Милевски, студент и активист во Слободен Индекс.
Драган Милевски, студент и активист во Слободен Индекс.

Ако, СПУКМ се „избраници“ – тогаш ти си нивни работодавач. Дај му отказ! Доживотен. Замени ги со тебе. Место тие да се твои претставници, биди ти свој претставник, пишува за Радио Слободна Европа Драган Милевски, студент и активист во Слободен Индекс.

СПУКМ – се третира како валидно, легитимно студентско тело, коешто се базира на принципите на парламентарна демократија. Но, отстапува дури и од тие рамки. На пример, процесот на избирање на претседател на СПУКМ е делумно познат, а статутот не им е јавно изложен, затоа што, нели – „статутот е интерен акт“. Како бе интерен? Нели вие сте „избрани“ од студентите? Тогаш, статутот не смее да е интерен акт, туку јавен – јавно изложен, достапен во секој момент до студентот. Како без статут, би знаеле конкретно на кои принципи функционираат?
Студентите од студентските домови си знаат за притисоците во текот на периодот околу изборите. И овие притисоци не се само во предизборниот период, туку цело време, вака или онака. За митинзи, за протести и контра-протести и слично. Обично, паралелно со владините агенди. Од чија адреса доаѓаат тие притисоци, тоа останува „анонимно“ бидејќи самите студенти, ретко кога се осмелуваат да посочат кој ги уценувал и кој им вршел притисок.

Еурека! Не би знаеле. Барем не за сигурно. Излезноста на тие избори е средно жалосна, а меѓу другото се добива и впечаток дека истиот процес е претходно договорен, со однапред познат исход – односно, лажирани избори. Дури и еден студент да гласа – тие ќе добијат претседател. Што, всушност и не е нешто чудно, бидејќи самата парламентарна демократија е имагинарен избор. Мислиш дека, ако посветиш две минути во текот на гласањето, учествуваш во некакви промени, дека се согласуваш со одредена „програма“ ? Не. Тоа не е ни приближно доволно.

Студентите од студентските домови, си знаат за притисоците во текот на периодот околу изборите: „гласај за..“, „ако не гласаш за.. тогаш ќе изгубиш легло“ и слично. Ја разбирам егзистенцијалната загрозеност, како една од причините за да ги премолчиш овие притисоци. Но, ако ти премолчиш и сите премолчиме, тогаш што? Да знаеш, носиш и ти одговорност за пасивната состојба на студентот и тоа сериозна. Сите ние носиме.

Ако, СПУКМ се „избраници“ – тогаш ти си нивни работодавач. Дај му отказ! Доживотен. Замени ги со тебе. Место тие да се твои претставници, биди ти свој претставник. И овие притисоци не се само во предизборниот период, туку цело време, вака или онака. За митинзи, за протести и контра-протести и слично. Обично, паралелно со владините агенди. Од чија адреса доаѓаат тие притисоци, тоа останува „анонимно“ бидејќи самите студенти, ретко кога се осмелуваат да посочат кој ги уценувал и кој им вршел притисок.

Земи диктафон, камера – снимај, дискретно. Пушти ги снимките анонимно до сите медиуми спремни да излезат во пресрет. А има такви. Пушти ги до Слободен Индекс, ако се плашиш. Ние ќе ги објавиме. Студенти, може да сме посилни, ако се солидиразираме едни со други, наместо да нè делат и користат за дневно-партиски интереси и слично. Тела како СПУКМ постојат како владин механизам за пасивизирање на студентите, со цел да добиеме идеја дека некој е на таа позиција за да се грижи за нашите права.

Пази, СПУКМ повикува на победување на апатичноста и пасивноста на студентите и бара од нас да се активираме! Е ова, звучи јако. Чист парадокс. Да се активираме низ проекти на СПУКМ? Аха. На журките е мала посетеноста или за серва фалат луѓе? Или за баскет? Мал фудбал?
Патетика од студентска борба! Крајно партизирана, посредно или непосредно, без разлика дали некој е или не е член на партија. Не ни продавајте борба за студентски права и вредности. Таму сте нула. Најново, СПУКМ лажираше и улога во намалувањето на студентските автобуски месечни билети, во (замисли!) ЛЕТНИОТ период.

Е сега, замисли, еден моќен студентски директно демократски колектив, хоризонтално организиран, кој делува преку директна акција, колку е помоќен од некој си студентки парламент на имагинарен фронт, низ самодекларативна студентска борба, која исто така е имагинарна, односно непостоечка. Спортски активности, журки и слично? Добро де, ни треба социјален живот и дружење, сигурно. Ни треба и спорт. Ама, ни треба и слободен, автономен и квалитетен образовен систем. Која е борбата на СПУКМ на тој фронт? Која борба бе. Чисто лицемерие и позерство. Реторика и проекти, проекти и .. други проекти. Ништо конкретно.

Кога СПУКМ застанал зад идејата за бесплатно квалитетно и еманципаторно образование? За автономија на универзитетите? За сериозна (не делумна и реториска) санација и реновирање на студентските домови (или изградба на нови) и воопшто подигнување на студентскиот стандард? За укинување на плаќањето на ИКСА? За укинување на административна такса и провизија во банките, што сумарно заедно со пријавата за испит изнесува 85 денари!? За укинување на болоњскиот систем на студирање кој е пролонгиран колапс на образовниот систем? Кога СПУКМ организирал протести за некоја од овие или идеи од сличен карактер? Не организира. СПУКМ ќе оди на протести, како партиски привезок, против промена на името на државата, усвојување или неусвојување на буџетот и слично.

Патетика од студентска борба! Крајно партизирана, посредно или непосредно, без разлика дали некој е или не е член на партија. Не ни продавајте борба за студентски права и вредности. Таму сте нула. Најново, СПУКМ лажираше и улога во намалувањето на студентските автобуски месечни билети, во (замисли!) ЛЕТНИОТ период. Ај што е скоро, па бескорисно намалувањето во летниот период, туку и СПУКМ прво си го зеде за своја заслуга, а потоа се премисли. Нели, со она поздравувачко писмо од СПУКМ до ЈСП, во духот на преговорите.

Ама, нема врска, ќе чекаме „посветла иднина“. Инаку истото намалување, постои барем од 2010 година, а можеби и од порано. И проблемот не е во конкретна постава на СПУКМ, навистина не е. Проблемот е во самите методи и принципи на функционирање, кои што обично се контра продуктивни. Која влада и да дојде – тие ќе зависат од неа и ќе бидат потрчковци. Која постава и да се смени, ќе се адаптира на тие системски механизми. Не верувам во радикална промена на СПУКМ. Нешто ситно можеби, но не повеќе од тоа.
До кога ќе ја избегнуваме одговорноста? До кога ќе бараме изговори наместо причини за да учествуваме? До кога ќе гледаме како други носат одлуки за нас? До кога ќе се протнуваме низ дупки и ќе одиме по линија на помал отпор? До кога ќе се плашиме? Активирај се! Ти си потребен на студентскиот фронт. Сите ние сме потребни. Како гранки, ќе нè кршат еден по еден. Но, заедно – нема да нè скршат така лесно. Нема оправдувања, кога се работи за нас.

Ајде де, изненадете. Сменете се радикално, во вистински студентски борци. Ама, не, не сте вие криви. Ние критикувачите, залагачи за директна демократија сме хејтеришта, волци, а парламентарците сте јагниња. Кутрите. Бре.

Не се работи за хејтеризам, ниту, пак, за инает. СПУКМ едноставно е бескорисен, а исто бескорисна е и парламентарната демократија зад чиј браник стојат.

Има уште еден владин механизам – низ медиумската пропаганда, кој создава аполитичност, а со самото тоа и нè пасивизира, кога ги изедначува термините политизираност и партизираност. Политичко учество, не мора да значи и партиско. Самите форми на демократија, било да е парламентарна или директна – се дел од политичка ориентација. Не бегај од политика, бегај од партија. Да, сигурно дека бара ангажман и заморување студентската борба, има турбуленции, соочувања, непријатни ситуации и слично, но на крајот од денот – тоа е и твоја борба. А носи и убави моменти, запознаваш нови луѓе, борци, разменувате ставови, учите еден од друг, се чувствуваш исполнет, бидејќи помалку или повеќе учествуваш во борбата за промени, за еден поздрав и подобар образовен систем, па и свет воопшто, колку и да звучи тоа минорно и безначајно, верувај не е.

До кога ќе ја избегнуваме одговорноста? До кога, ќе бараме изговори наместо причини за да учествуваме? До кога ќе гледаме како други носат одлуки за нас? До кога ќе се протнуваме низ дупки и ќе одиме по линија на помал отпор? До кога ќе се плашиме? Активирај се! Ти си потребен на студентскиот фронт. Сите ние сме потребни. Како гранки, ќе нè кршат еден по еден. Но, заедно – нема да нè скршат така лесно. Нема оправдувања, кога се работи за нас.
XS
SM
MD
LG