Достапни линкови

Контра кадар – дебатно кино


Драган Милевски, студент и активист во движењето Слободен индекс.
Драган Милевски, студент и активист во движењето Слободен индекс.

Да разбудат нешто во некого. Лесно е да кажам „не можам“. Полесно е да се откажам, отколку да се обидам. Еве, некој се обидува сега и овде, во овие услови, преку овoј менталитет и неговото дефетистичко и себично рефлектирање низ секојдневието. Свеста во еден момент станува избор. Тогаш, сите „оправдувања“ паѓаат во вода и губат на важност, пишува Драган Милевски од Слободен индекс во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Во вака концепирано општество фалат многу работи. Ама, ако ние не ги побараме – нема ни да ги добиеме. Еве, на пример Битола декларативно е град на културата, а културата двосмислено е засенета и заобиколена. Постои само како отисок во традицијата можеби. Свеста е приближно иста, како и во останатиот дел од земјата.
Свеста носи одговорност и носи последици. Некој е спремен за нив, друг не е. Ти, спремен си? Токму тоа е и примарна цел на дебатните кина. Будење на свеста, размена на мислења и ставови – хетерогеност во дискусијата, наспроти истомисленоста. Да научиме нешто еден од друг, да го разбудиме здравиот разум и критичката мисла.

Во однос на овие два елементи, во последно време има се повеќе и повеќе проекции на филмови, низ различни градови. Како последица на тоа, паралелно се работи на свеста, уметноста и забавата. Тоа се таканаречени дебатни кина.
Се пуштаат филмови, а после филмот има можност за спонтана или модерирана дискусија, низ која се доловуваат впечатоците од филмот, поврзаност на филмот со тековни настани и слично. Односно, филмот паралелно со дискусијата може да имаат потенцијал да инспирираат прогресивни идеи.

Да разбудат нешто во некого. Лесно е да кажам „не можам“. Полесно е да се откажам, отколку да се обидам.

Еве, некој се обидува сега и овде, во овие услови, преку овoј менталитет и неговото дефетистичко и себично рефлектирање низ секојдневието. Свеста во еден момент станува избор. Тогаш, сите „оправдувања“ паѓаат во вода и губат на важност. Свеста носи одговорност и носи последици. Некој е спремен за нив, друг не е. Ти, спремен си? Токму тоа е и примарна цел на дебатните кина. Будење на свеста, размена на мислења и ставови – хетерогеност во дискусијата, наспроти истомисленоста. Да научиме нешто еден од друг, да го разбудиме здравиот разум и критичката мисла.

Е, овај клучен сегмент од дебатното кино, носи со него и два пропратни, секундарни сегменти. Уметничкиот и забавниот. Значи, три во едно – ко нескафе. Плус, муфте е. Да ти преведам, влезот за проекциите е слободен.

Во однос на локацијата и времето на пуштање на филмовите, проекциите се во малата сала на Центарот за култура Битола, од 20 часот – секој среда. Во месец мај – ќе се пуштаат следните филмови:

8 мај – Чия е тази песен
15 мај - The Take
22 мај - In Time
29 maj - Cash and marry

Значи, филм, па дискусија. Друго, што да ти кажам? Дојди.
XS
SM
MD
LG