Студент - некогашна движечка сила, денешно растение. Вегетира или е потонат и летаргичен, пасивизиран преку само-наметнатите пропаганди на скептицизам кои се шират од уво на уво низ младите, како овде ништо и никогаш не би се променало, па мораме надвор да го бараме чарето. Од секогаш функционирал механизмот на послушност - како правилна, наспроти непослушноста како неправилна и зло.
Да ја разграничиме непослушноста. Од една страна, би стоела инфантилната - детска непослушност, кога некој идиот чисто од ќеф е непослушен, сака да се расправа со или без причина.
Од другата страна е сомнежот - во секоја работа, како многу продуктивен, паралелно со одбивноста да бидиме тивки пред глупите и неиздржани одлуки, кои се рефлектираат на нас.
Епа, таквото диктирање на послушност како правилна, е ефективен метод кој успева да ги пасивизира луѓето, да се чувствуваат виновно и мизерно секогаш кога ќе помислат на непослушност. И зошто?
Дека поголемиот дел од луѓето се плашат од такви судири на мислења и мислат дека останатите треба да го практикуваат истото. Тоа е одбранбен механизам. Општествениот притисок е моќен и предизвикува таков ефект, да се чувствуваш чудно кога и да мислиш различно од колективот, па се плашиш да ги вклештиш аргументите и да испадни полемизирање во однос на некое прашање.
Ваквата состојба е коктел од два клучни сегменти, кои водат до третиот елемент - продуктот. Првиот сегмент е наметнатата послушност, вториот е скептицизмот, а заедно ги носат стравот и пасивизирањето. Како се раѓа скептицизмот?
Преку претходни дејства посредни или непосредни чиј резултат бил лош/слаб и не се реализирале.
На пример, група млади ентузијасти преземаат иницијатива за некоја активност и резултатот од таквото дејство е лош и на крајот, поголемиот дел од нив завршува стишен и пасивизиран, полн скептицизам. Епа, чекај малку. Прво, за слаб резултат постојат причини: недоволна посветеност и труд, погрешен момент - прерано/прекасно, слаб и лош концепт, лоша распределба на одговорности (за колективни процеси), неодговорност и така натака. Зошто, речиси се си има свое затоа. Така да, не можеш да бидиш разочаран, ако не си се ангажирал доволно и правилно. Потрошено време не е исто со реализирано време. Ти џабе се трудиш, ако трудот ти е погрешно насочен = изгубено време. И да, свесен сум за светот денес и за условите и состојбите овде и во околината. Да, поголемиот дел од луѓето се полни предрасуди, прости и конзервативни. Таков е менталитетот. Е сега, контрадикторно е да го презираш менталитетот, кога и ти си дел од него, а паралелно ништо да не превземаш да го промениш. Самиот нема да се смени, си одговара ваков, кога и да се погледни во огледало. Преку него лесно се воспоставува контрола, добар механизам на владеење.
Го знаеш она, сега знам колку не знам? Информацијата е корисна, ама истовремено е и болна, знам. Може да си осамен, да се затвораш самиот во себе, да ги покриваш чувствата - ја запознаваш околината во право светло, се запознаваш и самиот. Тие работи болат, ама неопходни се. Вистината боли, реалноста боли. Ама, таквата болка е корисна. Поштеди се од безвезната болка, другата е добра, ако се искористи правилно. На крајот на краиштата, крв и месо сме. И такви и треба да сме - со мозок, чувства, да имаме моменти на слабост, среќа, тага.. Се и сешто. Луѓе сме. Сакаaш да бидиш неинформиран. Таков си безопасен, несвесен. Ниското ниво на свест е добродојдено за партиските структури - полесно е за контрола и манипулирање. Овде нема колективна свест? Епа ајде да ја изградиме, заедно, полека-полека. И не, нема да се случи преку ноќ, туку ќе оди побавно, многу побавно. Насоката е побитна од брзината, најчесто.
Погоре, ја наведов состојбата на умот на поголемиот дел од студентите и воопшто луѓето и одбранбените механизми кои се користат, а се деструктивни. Пасивноста и молкот - не се решение, туку проблем. Премлади сме, за да бидиме такви. Лично, нејќам да се чувствувам како предвреме остарен и цело време да бидам уплашен. Студент - намерно закржлавен мозок за сите прашања потенцијални да му ја нарушат летаргичната состојба или да внесат ризик во неговиот мирен конформистички студентски живот. Чекај малце, како беше она.. а да. На младите светот останува. Е па, со таков став и не е баш така. Страв ти е? Па, треба да си глуп, ако немаш страв - било кога и било каде. Малите количини на страв се добри и корисни и обично се симптом за постоење на мозок, наспроти шуплините во черепот на "бестрашните".
Студентот мирно и пасивно ги прифаќа сите одлуки ( а ќе се одразат на него вака или онака) и наместо да го демонтира лошо изградениот образовен систем, тој го помага. Студентите се витален дел на системот, најбитно ткиво и како такво, треба да се се многу поопасни од ова денес. Не мислам на злоупотреба, него зборам за иницијатор и катализатор на промените, во позитивна насока. Млади сме, треба да сме поенергични и поангажирани. Да земаме учество во процесите на носење одлуки. Прво, приоритет би биле студентските прашања, ама во никој случај не би требало да се занемарат и останатите одлуки кои посредно делуваат на студентите (граѓански активизам).
А како би се активирале? Со организирање на студентски средби и на нив би се дискутирале актуелни проблеми, би се формирало јадрото на делување и конкретна стратегија и концепт за решавање на проблемот. Со трибини на кои би се начнувале различни теми, модели на здраво размислување, продуктивност и сите оние табу-теми кои родителите се срамат да ги начнат дома. Едуцирањето е превентива, во најмала рака. На тој начин би се пополнале пропустите од домашното воспитување, лабилната состојба на младите (несигурноста), вететирачката состојба, скептицизмот и летаргичноста од аспект на делување, па така би се изградило поздраво општество. Паралелно би одела и пропаганда - памфлети, колумни итн. Организирање на протести, на различни нивоа, петиции и слично. Сам - ништо, заедно - скоро се. Така да, има начини, битно е да солидализираме едни со други и да се консолидираме. Студенту - ти имаш најголема моќ во општеството, а не си свесен за неа, ниту пак ја користиш. По мое, наша одговорност и обврска не е само студирањето - учењето. Во тој период најмногу се градиме како луѓе и клучен момент е во градбата на личноста и карактерот. Меѓу другото, наша одговорност и обврска е и земањето учество во многу од процесите во општеството. И не, не мислам дека само во текот на студирањето се важни овие работи. Имавме живот и пред студирањето, ќе имаме и после. Ама, во овај период сме најенергични и ја градиме зрелоста, личноста. На кратко, би ги посочил механизмите на блокирање на студентските движења:
1. Дел од студентите се сместени во студентски домови - преку нивната економска состојба и наведена зависност од студентскиот дом (ко луксуз да е во студентски дом да живејш) се манипулира со студентите. Тие се под притисок и закани/уцени. И не ги окривувам, ги разбирам. Ама, ако се обединат - ќе има резултати, сигурно. Имате заеднички проблем? Решавајте го заедно. Поединечните жалби најверојатно ќе бидат игнорирани и без ефект. А групните жалби паралелно со добар концепт и истрајност - можат да бидат ефективни.
2. Партиски активизам - студенти полтрони (не сите, има и исклучоци) кои немаат нивен личен/индивидуален став, туку наметнат партиски и во тој стил делуваат. И овде иди до дополнителна и најмоќна поделба на и онака поделените студенти. Според мене, ова е најголемиот проблем.Тогаш, размисли дека мандатот на твојата матична партија не е неограничен, напротив. Меѓу другото, алудира и на неспособност, која треба да биди заменета со "стимулаторот" од притисоци на твојата партија. Погубно е младоста да е толку зависна. Партијата го пасивизира студентот - го учи да делува шаблонски и селективно временски - кога и да има потреба матичната партија од публицитет и политички поени или симпатии од студентите (а "влогот" би бил минимален - чисто да ги неутрализира покрупните апетити и амбиција на студентите), а доколку нема конкретна корист ќе ти налага воздражаност или уште полошо бојкот со контра-реакција.
3. Квантитетот на студенти по факултетите - колку појќе запишани студенти, толку поголема нивна злоупотреба и манипулирање со нив. Прво, наметнат е тренд дека треба секој да студира, а свесни сме дека не е секој способен за студирање - факт. Можна е продуктивност и на други полиња. Значи, не треба да се злоупотребва нивната бројност, па да се занемарат обврските во однос на студентите и квалитетот на образование. И овде негде измеѓу, дополнително се јавува и ограничената информација која го тангира само твојот факултет - твојата струка.
На крај, ако сакаме резултати - мора да ги надминиме разликите меѓу нас и да се концентрираме на конкретните проблематики кои не засегаат, а ги има премногу. Зошто да не создаваме нови вредности, поздраво и перспективно општество со услови за секој од нас или барем за повеќето и поквалитетно образование - со кое после дипломирање не би излегвале како уплашени и делумно образовани, туку би имале многу поздрава основа и поголема сигурност. Студенту, од тебе зависи денес - од тебе зависи и утре.
Студент - намерно закржлавен мозок за сите прашања потенцијални да му ја нарушат летаргичната состојба или да внесат ризик во неговиот мирен конформистички студентски живот. Чекај малце, како беше она.. а да. На младите светот останува. Епа, со таков став и не е баш така.
Да ја разграничиме непослушноста. Од една страна, би стоела инфантилната - детска непослушност, кога некој идиот чисто од ќеф е непослушен, сака да се расправа со или без причина.
Од другата страна е сомнежот - во секоја работа, како многу продуктивен, паралелно со одбивноста да бидиме тивки пред глупите и неиздржани одлуки, кои се рефлектираат на нас.
Епа, таквото диктирање на послушност како правилна, е ефективен метод кој успева да ги пасивизира луѓето, да се чувствуваат виновно и мизерно секогаш кога ќе помислат на непослушност. И зошто?
Дека поголемиот дел од луѓето се плашат од такви судири на мислења и мислат дека останатите треба да го практикуваат истото. Тоа е одбранбен механизам. Општествениот притисок е моќен и предизвикува таков ефект, да се чувствуваш чудно кога и да мислиш различно од колективот, па се плашиш да ги вклештиш аргументите и да испадни полемизирање во однос на некое прашање.
Ваквата состојба е коктел од два клучни сегменти, кои водат до третиот елемент - продуктот. Првиот сегмент е наметнатата послушност, вториот е скептицизмот, а заедно ги носат стравот и пасивизирањето. Како се раѓа скептицизмот?
Преку претходни дејства посредни или непосредни чиј резултат бил лош/слаб и не се реализирале.
На пример, група млади ентузијасти преземаат иницијатива за некоја активност и резултатот од таквото дејство е лош и на крајот, поголемиот дел од нив завршува стишен и пасивизиран, полн скептицизам. Епа, чекај малку. Прво, за слаб резултат постојат причини: недоволна посветеност и труд, погрешен момент - прерано/прекасно, слаб и лош концепт, лоша распределба на одговорности (за колективни процеси), неодговорност и така натака. Зошто, речиси се си има свое затоа. Така да, не можеш да бидиш разочаран, ако не си се ангажирал доволно и правилно. Потрошено време не е исто со реализирано време. Ти џабе се трудиш, ако трудот ти е погрешно насочен = изгубено време. И да, свесен сум за светот денес и за условите и состојбите овде и во околината. Да, поголемиот дел од луѓето се полни предрасуди, прости и конзервативни. Таков е менталитетот. Е сега, контрадикторно е да го презираш менталитетот, кога и ти си дел од него, а паралелно ништо да не превземаш да го промениш. Самиот нема да се смени, си одговара ваков, кога и да се погледни во огледало. Преку него лесно се воспоставува контрола, добар механизам на владеење.
Студентите се витален дел на системот, најбитно ткиво и како такво, треба да се се многу поопасни од ова денес. Не мислам на злоупотреба, него зборам за иницијатор и катализатор на промените, во позитивна насока. Млади сме, треба да сме поенергични и поангажирани. Да земаме учество во процесите на носење одлуки.
Го знаеш она, сега знам колку не знам? Информацијата е корисна, ама истовремено е и болна, знам. Може да си осамен, да се затвораш самиот во себе, да ги покриваш чувствата - ја запознаваш околината во право светло, се запознаваш и самиот. Тие работи болат, ама неопходни се. Вистината боли, реалноста боли. Ама, таквата болка е корисна. Поштеди се од безвезната болка, другата е добра, ако се искористи правилно. На крајот на краиштата, крв и месо сме. И такви и треба да сме - со мозок, чувства, да имаме моменти на слабост, среќа, тага.. Се и сешто. Луѓе сме. Сакаaш да бидиш неинформиран. Таков си безопасен, несвесен. Ниското ниво на свест е добродојдено за партиските структури - полесно е за контрола и манипулирање. Овде нема колективна свест? Епа ајде да ја изградиме, заедно, полека-полека. И не, нема да се случи преку ноќ, туку ќе оди побавно, многу побавно. Насоката е побитна од брзината, најчесто.
Погоре, ја наведов состојбата на умот на поголемиот дел од студентите и воопшто луѓето и одбранбените механизми кои се користат, а се деструктивни. Пасивноста и молкот - не се решение, туку проблем. Премлади сме, за да бидиме такви. Лично, нејќам да се чувствувам како предвреме остарен и цело време да бидам уплашен. Студент - намерно закржлавен мозок за сите прашања потенцијални да му ја нарушат летаргичната состојба или да внесат ризик во неговиот мирен конформистички студентски живот. Чекај малце, како беше она.. а да. На младите светот останува. Е па, со таков став и не е баш така. Страв ти е? Па, треба да си глуп, ако немаш страв - било кога и било каде. Малите количини на страв се добри и корисни и обично се симптом за постоење на мозок, наспроти шуплините во черепот на "бестрашните".
Студентот мирно и пасивно ги прифаќа сите одлуки ( а ќе се одразат на него вака или онака) и наместо да го демонтира лошо изградениот образовен систем, тој го помага. Студентите се витален дел на системот, најбитно ткиво и како такво, треба да се се многу поопасни од ова денес. Не мислам на злоупотреба, него зборам за иницијатор и катализатор на промените, во позитивна насока. Млади сме, треба да сме поенергични и поангажирани. Да земаме учество во процесите на носење одлуки. Прво, приоритет би биле студентските прашања, ама во никој случај не би требало да се занемарат и останатите одлуки кои посредно делуваат на студентите (граѓански активизам).
Студенту - ти имаш најголема моќ во општеството, а не си свесен за неа, ниту пак ја користиш. По мое, наша одговорност и обврска не е само студирањето - учењето. Во тој период најмногу се градиме како луѓе и клучен момент е во градбата на личноста и карактерот. Меѓу другото, наша одговорност и обврска е и земањето учество во многу од процесите во општеството.