Достапни линкови

Културна револуција


Радмила Ванковска, aктивист во студентското движење „Слободен Индекс“.
Радмила Ванковска, aктивист во студентското движење „Слободен Индекс“.

Овој свет не е во ред! Овој свет плаче за промени. Како ќе се изразиш ако не научиш да ја материјализираш мислата? Слободен студентски простор е потребен за да го распалиме жарот во нас, пишува за РСЕ Радмила Ванковска, aктивист во студентското движење „Слободен Индекс“.

Додека светот го движат младите со сиот свој борбен и креативен капацитет (тука нема да зборуваме за протести и блокади, или какви било политички делувања, ами чисто за уметноста), Македонија, земја без студентски културен центар, ги чува младите во кафулиња, оттргнувајќи ги од самите себе, оттргнувајќи ги и од неа.
Животот на Универзитетот, особено откако на сцена се појави ЕКТ системот, се сведе на механичко учење лекции и очајна борба за положени испити. Што е со оние чија креативност е посилна од ваквиот систем?.
Животот на Универзитетот, особено откако на сцена се појави ЕКТ системот, се сведе на механичко учење лекции и очајна борба за положени испити. Што е со оние чија креативност е посилна од ваквиот систем?

Оние кои создаваат и надвор од редовната програма на факултетите често се во неможност да ги покажат пред светот своите дела. Масовната приватизацијата на разни институции наменети за изложби, настапи и презентации, доведе до наплаќање доколку младите креативци се решат да ги реализираат своите настани. Самиот Универзитет како да ги маргинализира овие млади луѓе со тоа што не отстапува простор за културата и уметноста – независен, а во рамки на Универзитетот.

Да, факултетите се сведени на учење на потребниот матерјал за полагање испити. Да, Универзитетот ја изгуби својата вистинска суштина, својот дух.
А, пред се’, како се решаваме на кој факултет да се запишеме? Секако, најчесто според сопствените способности и желби. И наместо да ја развиваме сопствената креативност, неуморно да се пронаоѓаме во светот, да создаваме, да се здобиваме со знаења за всушност се’ подобро да научиме да се изразиме, нашето време и можности се заклучени во учебници и скрипри склопени за да не вметнат во системот. Професорите (со чест на исклучоците) ги раскажуваат лекциите и очекуваат да ги прераскажеме на истиот начин. Секој најмал интелектуален бунт е задушен со уште една лекција: време е да пораснеме и да се покориме на системот онаков каков што е. Се‘ е веќе измислено, ние само треба да го научиме. На тоа се сведоа нашите факултети.

Но човекот не е машина која треба да се програмира за да функционира. Водени сме од желби, инстинкти, идеи. Имаме свои таленти, вистинско богатство од способности, а за да ги изразиме, потребна ни е поддршка, разменување знаења, конструктивни критики и несебични мотивации за да продолжиме.

Плаќаме по 750 денари годишно за информатички, културни и спортски активности. На годишно ниво, тоа се над 40.000 евра од студентските џебови.
Универзитетот не вложува во никакви културни случувања.
И зошто се’ уште немаме студентски културен центар и зошто е тешко да се добие дури и стуентски културен простор?
Одговорот е многу краток и едноставен: културната револуција е дел од сите општествени движења. Сетете се колку книги и уметнички дела зборуваат за времето во кое биле создадени. Замислете ја таа енергија која ќе се создава и расте од умовите и рацете на една млада, но силна и критична студентска маса.

Плаќаме по 750 денари годишно за информатички, културни и спортски активности. На годишно ниво, тоа се над 40.000 евра од студентските џебови.
Универзитетот не вложува во никакви културни случувања.
Потребата од слободен студентски простор е повеќе од неизбежна. Место за сите студенти архитекти, информатичари, сликари, писатели, фотографи, правници, економисти, лингвисти, филозофи, социолози, психолози, педагози, драматурзи, актери, режисери, графичари, вајари, музичари (и многу други) – е повеќе од потребно. Надвор од притисокот на факултетот и професорите, студентите ќе ја зацврстуваат љубовта кон својот повик. Можеби и ќе се пронајдат во нешто ново.

Наученото во предавалната критички ќе се обмислува. Ќе се дискутира за најинтересното, ќе се работи на сфаќање на она што делува потешко. Алтернативни предавања, трибини, изложби, поетски читања, филмови и претстави, промоции на албуми и книги, концерти, промоции на разни истражувања од сите сфери.
Место каде што ќе се развива слободната критичка мисла, матрица на слободно, независно студентското движење кое е повеќе од потребно во едно здраво општество.

Човечката раса е преполна со страст. А страста кон животот - секој ден, се’ повеќе е газена од бедните игри на медиумите кои не затрупуваат со беспотребни и најчесто лажни информации и реклами. Затрупувана е од отровната партизација на сечиј дом. Од финансиските проблеми, од егзистенцијалните кризи. Овој свет не е во ред! Овој свет плаче за промени. Секој во себе носи нешто, еден ситен дел од сложувалката на новото утре. Само ако научиме гордо да го носиме, а гордо ќе го носиме ако веруваме во него, а ќе веруваме во него ако сме сигурни во него и сигурни ќе сме ако и само ако умееме да го покажеме на најдобар начин, ќе успееме да изградиме подобар свет за нас и оние после нас.

Наводно, бараат од нас да се изразиме. Како ќе се изразиш ако не научиш да ја материјализираш мислата? Слободен студентски простор е потребен за да го распалиме жарот во нас. Тоа ни следува само по себе само поради тоа што ние сме тие припадници – не на белата, црната или жолтата, туку на човечката раса.
XS
SM
MD
LG