Студент- поим за личност која во својот профил има енергија, желба за успех, за придонес и градење на својот пат кон правење на своите соништа реалност. Како претставник на македонските студенти во Европската студентска унија, секојдневно сум во комуникација со студенти од цела Европа. Сите делиме исти соништа и проблеми. Нивните Унии секојдневно се борат за подобро и попристапно образование. Не изостанува ни борбата за повеќе финансиски средства од буџетот на своите каси. Заедно ги делиме желбата, страста и енергијата за промени во своите држави. Единственоста се гледа во подадената рака кога е потребна помош и размена на искуства. Европската студентска унија е нашето големо семејство.
Европската студентска унија е семејство од 47 студентски унии. Таа во своите рамки вклучува над 11 милиони студенти од цела Европа. Целта на нејзиното функционирање е промоција на образовни, социјални, економски и културни интереси на секој студент пред сите релевантни тела, посебно во оние на Европската унија. Разликите, демократијата како принцип на функционирање и отвореноста се карактеристиките на оваа организација. Без нив ЕСУ не е целосна. Македонските студенти се дел од оваа организација од 1994 година. И да, оние кои што не сакаат да ја видат силата, моќта и значењето да се биде дел од една ваква организација, ќе речат дека е бескорисна. Но, ЕСУ е нешто што ќе остане забележано во историјата на Европа.
Битките кои се водат се многубројни и макотрпни. Но, онаа заради која што многу ноќи, сите ние, членки на ЕСУ останавме будни е кратењето на буџетот на Европската унија за ЕРАЗМУС програмите. Програми кои доживуваат експанзија во последнава декада. А нивната популарност допрва ќе расте се повеќе и повеќе. Помеѓу студентите се докажа нивната важност и успешност. Размените кои што оваа програма ги нуди овозможуваат помош секој млад човек да се оформи во личност која ќе придонесе за позитивни, конструктивни промени во општеството. Тоа е животно искуство. Индикатор за успешна иднина, можност за учење на нови култури и јазици, луѓе од цела Европа, професори и студентски живот како што се гледаат само на филмовите.
Годишно над 230 илјади студенти се нивни корисници. И не само студенти, корисници на овие програми можат да бидат наставен кадар и административен персонал. Како и да е, мобилноста на студентите, професорите и истражувачите стана една од круцијалните фактори за иновација и промени во Европските универзитети. Она кон кое што ЕУ се стреми со реализирањето на овие програми е до 2020 е да 20% од сите студенти имаат реализирано некаква форма на интернационална размена во текот на нивното студирање.
Одговорни за оваа програма за македонските студенти е Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Студентскиот Парламент на Универзитетот Св. Кирил и Методиј - Скопје е во секојдневна комуникација со нив. Сето тоа со цел да им ја олесниме процедурата за аплицирање на студентите и што е можно повеќе да им ги доближиме бенефитите кои ги нудат програмите. Интересот е огромен. Прашањата уште побројни. За таа цел СПУКМ во соработка со Ректоратот на УКИМ во најскоро можно време ќе создаде Алумни група од студенти корисници на овие програми. Тие ќе бидат присутни на секој факултет посебно и заедно со продеканите за надворешна соработка ќе нудат помош при процесот за аплицирање. Како и да е, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност е мостот помеѓу посакуваниот универзитет и студентот. Судбоносното ДА го кажува посакуваниот универзитет. Токму затоа важно е наше целосно вклучување во битката за задржување на средствата за овие програми од страна на ЕУ.
Претседателката на ЕСУ, Карина Уферт посочи на тоа дека реализирањето на овие програми значи исполнување на обврската која ЕУ ја има кон своите граѓани. Сепак образованието е клучен фактор во секое општество. Оваа битка студентите мора да ја добијат. Чекорите се прецизирани. Ќе се лобира во сите релевантни институции за да јуни донесе позитивна одлука и за да Европската комисија каже ДА за студентите. Голем дел од Униите во земјите членки на ЕУ веќе лобираа и остварија средби со нивните пратеници во ЕУ и претставништвата на ЕУ во нивните земји. Битката ќе се води до крај.
И ние војуваме, ова е во интерес на македонските студенти. Сите промени кои што ќе следуваат во иднина од страна на Студентскиот Парламент на УКИМ ќе бидат од студентите за студентите, за остварување на нивните интереси и реализирање на нивните права. Се со цел студентите да бидат сила која поместува мостови, гради новини, вложува во себе. Во овие моменти се гледа важноста да се биде дел од Европската студентска унија. Работата и битката на секоја од униите е и наша битка. Од онаа на ерменските студенти заради кратење на нивните средства за ЕРАЗМУС програмите во 2012 година, па се до помошта на украинските студенти поради нивното исклучување од процесот на носење одлуки во институциите во полето на образованието. Македонските студенти се рамо до рамо со оние од Европа. Делат исти соништа, желби, проблеми и дилеми. Сите заедно можеме да дојдеме до големи, историски успеси. Тоа и ќе се случи. ЕРАЗМУС ќе опстои. Уште многу македонски студенти ќе успеат да бидат дел од своите посакувани универзитети.
Битките кои се водат се многубројни и макотрпни. Но, онаа заради која што многу ноќи, сите ние, членки на ЕСУ останавме будни е кратењето на буџетот на Европската унија за ЕРАЗМУС програмите. Програми кои доживуваат експанзија во последнава декада. А нивната популарност допрва ќе расте се повеќе и повеќе. Помеѓу студентите се докажа нивната важност и успешност.
Европската студентска унија е семејство од 47 студентски унии. Таа во своите рамки вклучува над 11 милиони студенти од цела Европа. Целта на нејзиното функционирање е промоција на образовни, социјални, економски и културни интереси на секој студент пред сите релевантни тела, посебно во оние на Европската унија. Разликите, демократијата како принцип на функционирање и отвореноста се карактеристиките на оваа организација. Без нив ЕСУ не е целосна. Македонските студенти се дел од оваа организација од 1994 година. И да, оние кои што не сакаат да ја видат силата, моќта и значењето да се биде дел од една ваква организација, ќе речат дека е бескорисна. Но, ЕСУ е нешто што ќе остане забележано во историјата на Европа.
Битките кои се водат се многубројни и макотрпни. Но, онаа заради која што многу ноќи, сите ние, членки на ЕСУ останавме будни е кратењето на буџетот на Европската унија за ЕРАЗМУС програмите. Програми кои доживуваат експанзија во последнава декада. А нивната популарност допрва ќе расте се повеќе и повеќе. Помеѓу студентите се докажа нивната важност и успешност. Размените кои што оваа програма ги нуди овозможуваат помош секој млад човек да се оформи во личност која ќе придонесе за позитивни, конструктивни промени во општеството. Тоа е животно искуство. Индикатор за успешна иднина, можност за учење на нови култури и јазици, луѓе од цела Европа, професори и студентски живот како што се гледаат само на филмовите.
Годишно над 230 илјади студенти се нивни корисници. И не само студенти, корисници на овие програми можат да бидат наставен кадар и административен персонал. Како и да е, мобилноста на студентите, професорите и истражувачите стана една од круцијалните фактори за иновација и промени во Европските универзитети. Она кон кое што ЕУ се стреми со реализирањето на овие програми е до 2020 е да 20% од сите студенти имаат реализирано некаква форма на интернационална размена во текот на нивното студирање.
И ние војуваме, ова е во интерес на македонските студенти. Сите промени кои што ќе следуваат во иднина од страна на Студентскиот Парламент на УКИМ ќе бидат од студентите за студентите, за остварување на нивните интереси и реализирање на нивните права. Се со цел студентите да бидат сила која поместува мостови, гради новини, вложува во себе. Во овие моменти се гледа важноста да се биде дел од Европската студентска унија. Работата и битката на секоја од униите е и наша битка.