Кога решив да станам дел од легитимно студентско движење во Македонија, многумина од моите тогашни соработници негодуваа. За нив легитимноста на ова тело беше под знак прашалник. На истиот став се и до ден денес. Но јас од оваа гледна точка, од оваа перспектива можам да ги анализирам работите темелно, суштински и конструктивно. А најважна е безрезервната помош која што можам да ја понудам на секој мој колега, на секој оној кој ќе има потреба од нејзе.
Таа помош може да се рефлектира на неколку начини, од аплицирање за студентска размена и целата процедура поврзана за размената, Еразмус програмите за кои во Европската студентска унија и сите унии во Европа, вклучувајќи ја и нашата се води борба. Тука е и процесот за аплицирање во студентски дом. Да, јас ја избрав конструктивност и работата на терен. Избрав да се соочувам со проблемите кои можеби не сум ги гледала како обичен студент. А денес ги отворам четири очи се со цел истите да не се повторат. Но сепак честа да се биде дел од СПУКМ значи истите да се лоцираат, анализираат и да се наоѓа вистинското соодветното решение.
Европската студентска унија излезе со детален извештај за својата работа. Ги изнесе сите борби, сите состаноци со релевантни тела во Европската унија и сета помош која ја дава на своите членки, а со тоа и на сите студенти. Им се восхитувам на 12-мината кои својот живот го посветуваат на студентите. Но исто така објективно можам да посочам дека ние, СПУКМ сме рамо до рамо со нив. Тоа ме прави горда. Во септември и СПУКМ ќе го презентира својот извештај. Направивме многу, правиме уште повеќе, а ќе правиме во наредната година активности со коишто СПУКМ ќе испише поинаква историја на полето на студентскиот живот. Еве само дел од работите.
Во тек е конкурсот за електронско аплицирање за студентските домови. Истиот ќе трае до 10 -ти август. Секоја година различни приказни се поврзани со овој процес. Оваа година СПУКМ даде се од себе да ги отстрани и најмалите ризични фактори кои можат да допринесат за развивање на негативни приказни на оваа тема. Секојдневно во просториите на СПУКМ доаѓаат студенти на кои им е потребна помош при аплицирањето. До сега после 10-тина дена можеме да кажеме дека помогнавме на значителен број на студенти. Покрај тоа што им помогнавме ги запознавме и со нашата работата. Со тоа целиме и да ги промениме работите околу студентската апатичност. Овој процес ќе трае уште најмалку месец дена, а ние како легитимен претставник на студентите максимално ќе бидеме вклучени и ќе помогнеме да сето ова биде транспарентно и согласно Законот за студентски стандард и правилниците.
Во полето на корупцијата, заедно со студентскиот правобранител обиколуваме многу факултети и направивме трибини на кои со студентите отворено дискутиравме за сите проблеми кои постојат. Имаше отворени разговори со многумина студенти, дознавме проблеми кои ги решававме веднаш по завршетокот на трибината. Беше дискутирано отворено со деканите и беше побарано од нивна страна да се вклучат максимално во реализацијата на студентските права. Сепак професорите и целиот кадар на факултетите треба да бидат тука за студентите.
Клучна работа ја посочувам и борбата за јавниот превоз. На почетокот на летниот период ЈСП излезе со соопштение дека, како и претходните години така и оваа, месечните карти во летниот период за студентите ќе бидат намален. Бевме погрешно толкувани. СПУКМ ја поздрави иницијативата на ЈСП. Сето тоа со надеж дека оваа ситуација ни дава основа дека целата иницијатива околу поголемата достапност на јавниот превоз за студентите ќе најде на поддршка од страна на надлежните. Иницијативата која трае подолг временски период беше започната со делење на анкетни прашалници по сите факултети и сите студентски домови. Анкетните прашалници содржеа неколку понудени опции кои можеше секој студент да ги одбере. Понатаму продолжуваме со лобирање до сите институции кои може да помогнат на оваа тема.
Септември ќе биде многу значаен за нас. Првенствено следува активирањето на платформата на студентски унии од државните и приватните универзитети од државата. За функционирањето на истата ќе се потпише Декларација во која ќе бидат опфатени сите работи кои се значајни за студентите и за студентскиот живот во Македонија. Истата ќе биде составена од страна на Правната комисија на СПУКМ, во координација со претставници на ЕСУ (Европска студентска унија), се со цел како би се помогнало и би се активирале поголем број на студенти. Студентите по новинарство и сите коишто се заинтересирани во ова поле и те како ќе имаат предизвик да бидат вклучени во новините кои ќе следуваат.
Нови проекти допрва следуваат, се поголем број на луѓе се вклучени во реализирањето на истите. Ќе реализираме новини, ќе решаваме проблеми ќе бидеме тука за секој студент. Ќе го враќаме авангардното студентското движење и ќе контактираме со сите студентски организации, со секој што во својата програма има внесено заштита на интересите на студентите. Пополека изминува една година откако почнавме да ги реализираме нашите идеи, а наредната година ја насочуваме на полето на мобилноста на студентите и студентската размена.
Избрав да се соочувам со проблемите кои можеби не сум ги гледала како обичен студент. А денес ги отворам четири очи се со цел истите да не се повторат. Но сепак честа да се биде дел од СПУКМ значи истите да се лоцираат, анализираат и да се наоѓа вистинското соодветното решение.
Таа помош може да се рефлектира на неколку начини, од аплицирање за студентска размена и целата процедура поврзана за размената, Еразмус програмите за кои во Европската студентска унија и сите унии во Европа, вклучувајќи ја и нашата се води борба. Тука е и процесот за аплицирање во студентски дом. Да, јас ја избрав конструктивност и работата на терен. Избрав да се соочувам со проблемите кои можеби не сум ги гледала како обичен студент. А денес ги отворам четири очи се со цел истите да не се повторат. Но сепак честа да се биде дел од СПУКМ значи истите да се лоцираат, анализираат и да се наоѓа вистинското соодветното решение.
Европската студентска унија излезе со детален извештај за својата работа. Ги изнесе сите борби, сите состаноци со релевантни тела во Европската унија и сета помош која ја дава на своите членки, а со тоа и на сите студенти. Им се восхитувам на 12-мината кои својот живот го посветуваат на студентите. Но исто така објективно можам да посочам дека ние, СПУКМ сме рамо до рамо со нив. Тоа ме прави горда. Во септември и СПУКМ ќе го презентира својот извештај. Направивме многу, правиме уште повеќе, а ќе правиме во наредната година активности со коишто СПУКМ ќе испише поинаква историја на полето на студентскиот живот. Еве само дел од работите.
Во тек е конкурсот за електронско аплицирање за студентските домови. Истиот ќе трае до 10 -ти август. Секоја година различни приказни се поврзани со овој процес. Оваа година СПУКМ даде се од себе да ги отстрани и најмалите ризични фактори кои можат да допринесат за развивање на негативни приказни на оваа тема. Секојдневно во просториите на СПУКМ доаѓаат студенти на кои им е потребна помош при аплицирањето. До сега после 10-тина дена можеме да кажеме дека помогнавме на значителен број на студенти. Покрај тоа што им помогнавме ги запознавме и со нашата работата. Со тоа целиме и да ги промениме работите околу студентската апатичност. Овој процес ќе трае уште најмалку месец дена, а ние како легитимен претставник на студентите максимално ќе бидеме вклучени и ќе помогнеме да сето ова биде транспарентно и согласно Законот за студентски стандард и правилниците.
Во полето на корупцијата, заедно со студентскиот правобранител обиколуваме многу факултети и направивме трибини на кои со студентите отворено дискутиравме за сите проблеми кои постојат. Имаше отворени разговори со многумина студенти, дознавме проблеми кои ги решававме веднаш по завршетокот на трибината.