Малите хидроцентрали не носат поевтини сметки за струја

Илустрација.

Малите хидроцентрали нема ниту значајно да влијаат на македонската зависност од увоз на електрична енергија, велат познавачите.
Нема шанси малите хидроцентрали да донесат поевтини сметки за струја за граѓаните, посочуваат експертите, додавајќи дека можно е во овие објекти да се произведува поскапа електрична енергија. Министерството за економија, пак, неодамна најави тендер за осумдесет нови локации за градба.
Но тие значајно помагаат во намалување на увозната зависност, затоа што од државата секоја година се зголемуваат потребите за потрошувачка на електрична енергија, така да тие да ги задоволат и тие неколку проценти кои се зголемуваат е добра работа, барем не се зголемува зависноста, но кај нив уште еден елемент е многу чувствителен, а тоа се хидролошките услови.
Професор Константин Димитров, Македонски центар за енергетска ефикасност.

Професорот Константин Димитров од Македонскиот центар за енергетска ефикасност вели дека со малите хидроцентрали нема значително да се намали енергетската зависност бидејки нивниот капацитет е мал во однос на потребите во земјата.

„Но тие значајно помагаат во намалување на увозната зависност, затоа што од државата секоја година се зголемуваат потребите за потрошувачка на електрична енергија, така да тие да ги задоволат и тие неколку проценти кои се зголемуваат е добра работа, барем не се зголемува зависноста, но кај нив уште еден елемент е многу чувствителен, а тоа се хидролошките услови.“

Министерот за економија Ваљон Сарачини на седницата на Македонската енергетска асоцијација.


Дали би било погрешно да се очекува дека со изградбата на малите централи ќе се намалат трошоците за сметки за електрична енергија? Димитров одговара:
Практично се изградени некаде околу 16 мали хидроелектрани и тоа во период од една ипол година, при што се инвестирани некаде околу 20 милиони евра, додека до крајот на годината очекуваме да бидат изградени 14 мали хидроелектрани кои ќе имаат инвестициска вредност некаде до 20 милиони евра.
Ваљон Сарачини, министер за економија.

„Да, нема теорија, бидејќи е со тарифи со повластена цена, тие делумно ја зголемуваат цената која преку МЕПСО се предава на дистрибутерот ЕВН Македонија кон граѓаните, значи тие влегуваат со онаа цена која е дефинирана од државата, таа е прикажана во ценовникот, се знае преку Регулаторната комисија, може да видите која е цената на оваа тарифа со мали хидроцентрали и државата плаќа и таа е до некаде значајно поскапа од онаа што ја увезуваме.“

Покрај ризикот за повисоки сметки за струја, за министерот за економија Ваљон Сарачини изградбата на малите централи е сериозен проект.

„Практично се изградени некаде околу 16 мали хидроелектрани и тоа во период од една ипол година, при што се инвестирани некаде околу 20 милиони евра, додека до крајот на годината очекуваме да бидат изградени 14 мали хидроелектрани кои ќе имаат инвестициска вредност некаде до 20 милиони евра.“

Кој ќе има придобивки од ваквите инвестиции ако струјата која овие погони ја произведуваат не само што не е доволна туку може да биде и поскапа? Инвеститорите, вели професорот Атанаско Туневски, член на опозициската СДСМ.

„И е добро за тие што ги имаат тие хидроелектрани како сопственици, но нивното влијание на целиот енергетски систем е занемарливо мало. Премало е за да се направи било што. Премало е да ја намали цената на струјата или значајно да влијае на нашата зависност од увоз на електрична енергија.“

Инаку кон крајот на месецов се очекува распишување на тендер за 80 нови локации за мали хидроелектрични централи.