Обновливите извори на енергија не се замена за фосилните горива од кои зависи производството на електрична енергија во земјава, се согласуваат експертите, кои забележуваат дека увозната зависност може да се намали со зголемено производство на струја на домашниот пазар.
Мали хидроцентрали, геотермална енергија, сончеви колектори, хидроцентрали и ветерници. Овие извори на енергија се користат во случаи кога има економска оправданост, вели професорот Константин Димитров од Центарот за енергетска ефикасност на Македонија (МАЦЕФ).
„Треба сите тие што не се во таа струка да разберат дека обновливите извори можат само да го надополнат електро-енергетскиот систем со енергија, а не можат да ги заменат оние постројќи кои можат континуирано да произведуваат, тие што можат континуирано да произведуваат се оние кои не зависат од временските прилики.“
Во последно време, се` поактуелни се проектите за изградба на мали хидроцентрали. Димитров забележува дека и тие извори на енергија се под влијание на временските услови.
„Тоа, пак, зависи - сушна или влажна година и ќе произведеш повеќе или помалку. Принудени сме да се врземе или со фосилните горива ама да направиме диверзификација или да размислуваме точно со алтернативите. Во светот сериозно користат се уште нуклеарната енергија за задоволување на големите потреби. “
Слично мислење има и професор Атанаско Туневски
„Сами гледаме, ако е сушна годината, тогаш хидропотенцијалот не е таков константно да може дневните потреби да ги задоволува, значи треба сериозен термо-енергетски објект, на кој ќе се надополни или ќе се надоврзат обновливите извори, Значи се работи за сосема мал дел на потребите кој тие обновливи извори на енергија може да го обноват. Сите зборуваат за Чебрен и Галиште, а Чебрен и Галиште ако помножите и поделите ќе излезе дека во нормала варијанта ќе дава околу три проценти од енергијата што ни треба.“
Пред неколку години во јавноста се прошири информацијата дека резервите на јаглен се намалуваат и би траеле уште две-три децении, што може да ја зголеми потребата за скапа увозна струја. Професорот Атанаско Туневски вели дека обновливите извори на енергија не можат значајно да придонесат за намален увоз на струја.
„Едноставно, и се да изградиме на тема обновливи извори нема да биде доволно да ги задоволни нашите потреби од увоз, односно потребите од увоз да ги сведе на нула. Ни треба сериозна електрана, сериозен енергетски објект, така наречен базен објект.“
Инаку, кон почетокот на годинава, Министерството за економија објави оглас за 44 мали хидроцентрали.
Обновливите извори можат само да го надополнат електро-енергетскиот систем со енергија, а не можат да ги заменат оние постројќи кои можат континуирано да произведуваат.Константин Димитров, Центар за енергетска ефикасност на Македонија (МАЦЕФ).
Мали хидроцентрали, геотермална енергија, сончеви колектори, хидроцентрали и ветерници. Овие извори на енергија се користат во случаи кога има економска оправданост, вели професорот Константин Димитров од Центарот за енергетска ефикасност на Македонија (МАЦЕФ).
„Треба сите тие што не се во таа струка да разберат дека обновливите извори можат само да го надополнат електро-енергетскиот систем со енергија, а не можат да ги заменат оние постројќи кои можат континуирано да произведуваат, тие што можат континуирано да произведуваат се оние кои не зависат од временските прилики.“
Во последно време, се` поактуелни се проектите за изградба на мали хидроцентрали. Димитров забележува дека и тие извори на енергија се под влијание на временските услови.
Сите зборуваат за Чебрен и Галиште, а Чебрен и Галиште ако помножите и поделите ќе излезе дека во нормална варијанта ќе дава околу три проценти од енергијата што ни треба.Атанаско Туневски, професор.