Пропадна и последниот тендер за пронаоѓање на инвеститор за изградба на хидроелектричните централи Чебрен и Галиште, шпекулираат дел од македонските медиуми. Повикувајки се на владини извори, дел од телевизиите соопштуваат дека ќе се распише нов тендер, најверојатно седми по ред. Од тука и прашањето зошто неколку пати до сега, покрај странски консултанти и информации за заинтересирани инвеститори, пропаѓаат тендерите? Експертите забележуваат дека методот на продажба треба да се ревидира. Неуредната техничка документација е само една од причините зошто овие објекти не почнаа со изградба, вели професорот Атанаско Туневски.
,,Причините се бројни, а најважна причина е што се работи за неквалитетна, недобро сработена тендерска документација во која Чебрен и Галиште се прескапи објекти. Браната на Чебрене е 192 метра, а треба да биде многу пониска затоа што таму нема доволно вода за да се наполни така голем објект. Значи треба да се преработи техничката документација врз база на реални подлоги и да се направи економски издржана документација"
Туневски додава дека при понудата не треба да се фаворизираат инвеститори:
,,Значи велам дека треба да се преработи целата техничка документација, треба да се има транспарентни, искрени и чесни намери и воопшто да не се фаворизира никој со цел да се добие реален странски или домашен инвеститор."
Професорот Константин Димитров, од друга страна, смета дека преговорите во четири очи се посигурен метод за обезбедување науспешен тендер:
,,Со некои од овие кои што веќе покажаа интерес да се седне, технички, економски да се расчисти кои се нивните очекувања или под кои услови би влегле за да ја преземат таа инвестиција."
Со непосредни преговори би се заштедиле и пари и време, смета Димитров:
,,Знаеме дека барем некој би ги зел, нема да пропадне тендерот и да го распишуваме по два пати па да губиме време, бидејќи времето е многу битен фактор во сето ова, а и парите кои што се плаќаат за објавување, подготовка, советници можеби таа разлика ќе се појави на еден ваков начин."
Инаку, од Меѓународната финансиска организација, која според неофицијални информации ќе учествува и во новиот тендер, пред недела дена не понудија подетални информации за текот на тендерската постапка поради тоа што преговорите биле влезени во критична фаза.
Причините се бројни, а најважна причина е што се работи за неквалитетна, недобро сработена тендерска документација во која Чебрен и Галиште се прескапи објекти
,,Причините се бројни, а најважна причина е што се работи за неквалитетна, недобро сработена тендерска документација во која Чебрен и Галиште се прескапи објекти. Браната на Чебрене е 192 метра, а треба да биде многу пониска затоа што таму нема доволно вода за да се наполни така голем објект. Значи треба да се преработи техничката документација врз база на реални подлоги и да се направи економски издржана документација"
Туневски додава дека при понудата не треба да се фаворизираат инвеститори:
,,Значи велам дека треба да се преработи целата техничка документација, треба да се има транспарентни, искрени и чесни намери и воопшто да не се фаворизира никој со цел да се добие реален странски или домашен инвеститор."
Професорот Константин Димитров, од друга страна, смета дека преговорите во четири очи се посигурен метод за обезбедување на
Со некои од овие кои што веќе покажаа интерес да се седне, технички, економски да се расчисти кои се нивните очекувања или под кои услови би влегле за да ја преземат таа инвестиција
,,Со некои од овие кои што веќе покажаа интерес да се седне, технички, економски да се расчисти кои се нивните очекувања или под кои услови би влегле за да ја преземат таа инвестиција."
Со непосредни преговори би се заштедиле и пари и време, смета Димитров:
,,Знаеме дека барем некој би ги зел, нема да пропадне тендерот и да го распишуваме по два пати па да губиме време, бидејќи времето е многу битен фактор во сето ова, а и парите кои што се плаќаат за објавување, подготовка, советници можеби таа разлика ќе се појави на еден ваков начин."
Инаку, од Меѓународната финансиска организација, која според неофицијални информации ќе учествува и во новиот тендер, пред недела дена не понудија подетални информации за текот на тендерската постапка поради тоа што преговорите биле влезени во критична фаза.
„Статус – кво“ е и изградбата на најавените мали хидроцентрали. За сега нема официјални информации за нови зафати во овој проект, откако кон почетокот на годинава се објави дека министерот за економија потпишал за 28 мали хидроцентрали. Според неофицијални проценки, со ваков проект власта може да заштеди 100 милиони евра за струја.
Дел од македонските медиуми забележуваат дека на терен речиси и да нема некоја друга посериозна инвестиција во енергетиката.