Премиерот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ ја води земјата од една функција или од друга уште од 1989 година. Тоа можеби го прави најуспешен државник во Европа, а има само 51 година, се наведува во написот на весникот Економист, во кој се додава дека сепак во Црна Гора во последно време неговата моќ слабее.
Во 2006 година Мило Ѓукановиќ ја доведе земјата до независност од унијата со Србија.
Откако Хрватска и се приклучи на Европската унија во јули годинава, Црна Гора, која ги почна пристапните преговори лани, е на подобра стартна позиција од Србија и од преостанатите четири балкански земји кои аспирираат кон Унијата, се наведува во коментарот на Економист во кој се посочува дека и покрај тоа Ѓукановиќ се соочува со проблеми дома.
Неговите помлади партнери, социјалдемократите, дејствуваат како опозиција, парламентот почна да покажува поголема моќ, а Брисел бара порешителна акција против криминалот и корупцијата.
„Тоа на Ѓукановиќ му го стеснува маневарскиот простор што го прави се понервозен“, вели активистот за граѓански права Далиборка Уљаревиќ.
Но, тоа исто така значи дека се менува и политичкиот пејсаж, иако многу бавно.
Ниту една влада во Црна Гора никогаш не била сменета на избори, што веќе не мора да биде незамисливо. Во април Миодраг Лекиќ, поранешен дипломат дојде многу блиску до победа на изборите на кои претседател стана Филип Вујановиќ кој ја има поддршката на Ѓукановиќ и кој на таа функција е веќе трет мандат.
„Тоа е нелегитимно“, инсистира лидерот на социјалдемократите Ранко Кривокапиќ.
Претходно, се појави аудио снимка на која Ѓукановиќ и лидерите на неговата партија разговараат како да ги наместат изборните резултати со злоупотреба на државни пари, давајќи им на луѓето работа во замена на гласови.
Ваквата активност е карактеристична за сите партии, но прв пат се отвори и веќе не може да се игнорира. Европската унија побара тоа да се испита, но парламентарната комисија покажа неубедливост, а јавниот обвинител се уште нема донесено одлука.
Следниот удар за Ѓукановиќ дојде овој месец кога социјалдемократите отфрлија да го поддржат неговиот предлог за ребаланс на буџетот. Станува збор за отплата на долгови што државата ги има кон големиот алуминиумски комбинат.
Во 2005 година со многу фанфари тој ја надгледуваше продажбата на фабриката на рускиот тајкун Олег Дерипаска. Во минатото на оваа фабрика отпаѓаше над 40 насто од црногорскиот извоз.
Но, сега алуминиумската зделка се покажа за катастрофално погрешна. Во минатиот месец фабриката објави банкрот. Таа искористи толку многу струја што направи долг од над 80 милиони долари спрема електрокомпанијата чиј дел поседува една италијанска фирма и која сега си ги бара парите.
Уште полошо, Дерипаска најави тужба против црногорската влада за отштета од милијарда долари што е скоро една третина од бруто домашниот производ на земјата.
Ѓукановиќ бесно вели дека земјата станала затвореник на парламентарна диктатура и на диктатура на некомпетентност. Тоа нема да води и до скорашно паѓање на неговата влада, но е сигнал дека ерата во која Ѓукановиќ беше неоспорен господар завршува, се наведува во коментарот на Економист.
Откако Хрватска и се приклучи на Европската унија во јули годинава, Црна Гора, која ги почна пристапните преговори лани, е на подобра стартна позиција од Србија и од преостанатите четири балкански земји кои аспирираат кон Унијата, се наведува во коментарот на Економист во кој се посочува дека и покрај тоа Ѓукановиќ се соочува со проблеми дома.
Неговите помлади партнери, социјалдемократите, дејствуваат како опозиција, парламентот почна да покажува поголема моќ, а Брисел бара порешителна акција против криминалот и корупцијата.
Ѓукановиќ бесно вели дека земјата станала затвореник на парламентарна диктатура и на диктатура на некомпетентност. Тоа нема да води и до скорашно паѓање на неговата влада, но е сигнал дека ерата во која Ѓукановиќ беше неоспорен господар завршува.