Граѓански иницијативи, протести, народот го крева својот глас против одредени одлуки и закони, но власта останува глува.
Од февруари 2011 до јуни 2012, струјата поскапе за 18,4 отсто, за во јуни 2013 да поевтини за 4,7 отсто. Сепак, и сегашната поевтинета цена е за 13 отсто повисока во споредба со таа од 2011 година. Во истиот период поскапеле и горивата. На пример, бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 од крајот на февруари 2011 до август годинава поскапел за 5 отсто, а дизелот во истиот период поскапел за 3 отсто.
Една година по почетокот на протестите поради високите цени на струјата, парното и горивата, Џељо Хоџиќ од граѓанската иницијатива АМАН резимира дека тоа беше една автентична и успешна иницијатива која на виделина покажа две работи.
„Тоа што АМАН го направи всушност покажа дека има свесни луѓе кај нас, но покажа и една друга црна слика дека гласот на народот во оваа држава воопшто не е важен. АМАН направи се за да може да успее таа иницијатива и всушност АМАН е успешна иницијатива, но властите покажаа дека доколку имате нормални и логични барања, тие знаат да бидат арогантни и едноставно да не ја почитуваат волјата на народот.“
Една година потоа работите не се променети. Граѓаните повторно плаќаат високи сметки кои не соодветствуваат на нивниот стандард, додава Хоџиќ.
„Значи луѓето кои кај нас се вработени веќе тешко ги плаќаат сметките за струја, а некои не се во можност да ја плаќаат, а каде се социјалните случаи или невработените луѓе, стечајците, сиромашните. Ова цена на струја едноставно е преголема, а и цените на бензинот и парното исто така. Ние со нашиот стандард плаќаме поскап бензин отколку Французите кои имаат минимална плата од 1200 евра.“
Пред два месеци се крена уште еден глас, овојпат за Законот за абортус. Иако многу невладини организации го креаа својот глас до пратениците да се повлече предлог законот за абортус од скратена постапка и да оди по редовна, законот беше експресно усвоен.
Пред десетина дена граѓаните се побунија и против сечењето на дрвја во центарот на Скопје, но дрвјата не ги спасија.
Професор Мирјана Најчевска вели на власта не и се потребни ниту демократските институции, ниту владеењето на правото за да истурка некоја политика и идеја без волјата на граѓаните.
„На граѓаните им се дава до знаење дека тие што се на власт имаат веќе таков опфат на сите институции што им овозможува да направат апсолутно сè, не само без волјата на граѓаните, туку и спротивно на волјата на граѓаните.“
АМАН направи се за да може да успее таа иницијатива и всушност АМАН е успешна иницијатива, но властите покажаа дека доколку имате нормални и логични барања, тие знаат да бидат арогантни и едноставно да не ја почитуваат волјата на народот.Џељо Хоџиќ, граѓанска иницијатива АМАН.
Една година по почетокот на протестите поради високите цени на струјата, парното и горивата, Џељо Хоџиќ од граѓанската иницијатива АМАН резимира дека тоа беше една автентична и успешна иницијатива која на виделина покажа две работи.
„Тоа што АМАН го направи всушност покажа дека има свесни луѓе кај нас, но покажа и една друга црна слика дека гласот на народот во оваа држава воопшто не е важен. АМАН направи се за да може да успее таа иницијатива и всушност АМАН е успешна иницијатива, но властите покажаа дека доколку имате нормални и логични барања, тие знаат да бидат арогантни и едноставно да не ја почитуваат волјата на народот.“
Една година потоа работите не се променети. Граѓаните повторно плаќаат високи сметки кои не соодветствуваат на нивниот стандард, додава Хоџиќ.
На граѓаните им се дава до знаење дека тие што се на власт имаат веќе таков опфат на сите институции што им овозможува да направат апсолутно сè, не само без волјата на граѓаните, туку и спротивно на волјата на граѓаните.Мирјана Најчевска, универзитетски професор.