Последната анализа „Мојот пратеник“ евидентираше дури 73 пратеници кои воопшто не се јавиле за дискусија на пленарните седници во првата половина од годинава.
Работата на пратениците во изминатава половина од годината не ги прослави многу. Се изгубија во речиси сите потешки задачи и предизвици. Она во што се добри е бројката на закони кои се донесени. И натаму е голема бројката на измени и дополнувања на законите, но и на донесените закони кои завршуваат на преиспитување на уставноста од страна на судот. Ако работат вака, подобро е малку да одморат, коментираат граѓаните и експертите. Пратеничкиот одмор започна на 5 август и ќе трае до 20-ти а потоа ќе чекаме поусогласена атмосфера или старата песна?
Иако заминаа на формален одмор, најголем дел од пратениците одмораа и претходно. Во последниве години статистиката јасно го потврдува тоа и последната анализа „Мојот пратеник“ евидентираше дури 73 пратеници кои воопшто не се јавиле за дискусија на пленарните седници во првата половина од годинава. Триесет и девет од нив не учествувале на ниту една од седниците. За волја на вистината сето тоа е пресметано заедно со бојкотот на опозицијата. Сепак, за впечатокот народните избраници се борат подолг период наназад.
„Ефикасноста на овој состав во никој случај не може да се оцени како позитивна. Човечно е да има одмор и пратеникот и кој било носител на јавна функција, но ако тоа се условува со сработеното, мислам дека тешко може да добие некаква позитивна оценка или виза“, вели политичкиот аналитичар и поранешен пратеник, Насер Зибери.
Со сличен став и анкетираните граѓани.
„Некои пратеници уста не отворија, не само овие 5-6 месеци, туку и многу месеци претходно.“
„Од она што го гледам на телевизија, не би сакала ни да ги гледам, се дистанцирам зашто притисокот му се качува од нив.“
„Не се за гледање, само ѓурултии и расправии. Се носат закони, ама не баш како што треба, не се правилни, најмногу се по потреба на некои луѓе кои се на повисоки функции“, коментираат граѓаните.
Ако се земе бројката на донесени закони, 122 во истиот период, може да се изведе заклучок за висока продуктивност на законодавниот дом. Сепак, велат експертите, квантитетот не одговара и на квалитетот на сработеното.
„Нашите пратеници се хиперпродуктивни ако гледаме според ефектот од нивната работа, значи донесување на закони и измени, но бројот на сработени закони не соодветствува на квалитетот на сработените закони“, изјави политичкиот аналитичар Здравко Савески.
Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу вели:
„Квалитетот на еден парламент не се мери по бројот на донесени законски решенија, туку по квалитетот на тие закони, а сведоци сме дека законските решенија кои ни ги нудат неретко генерираат полемика, некои делови од нив често се враќаат и од Уставниот суд, баш поради недостигот на таа објективна и квалитетна парламентарна дебата во која примарниот интерес би бил квалитетот на законските решенија и интересот на граѓаните“, вели Муслиу.
Во изминативе шест месеци, Парламентот беше во сериозен застој. Кон тоа придонесоа настаните од 24 декември кога опозицијата беше исфрлена од Парламентот, а потоа и поради локалните избори. Неуспехот беше заокружен со неуспехот да профункционира Комисијата која требаше да ги испита настаните од 24 декември на што тие се обврзаа и пред европските функционери кои со потпишувањето на мартовскиот договор имаа намера да го одврзат политичкиот јазол и да го потпомогнат продолжувањето на евроинтегративните процеси.
„Тоа е нешто што нам ќе ни се рефлектира и во извештајот кој ќе го добиеме од Европската комисија наесен, а верувам и дека законските решенија од евроагендата не беа целна тема на нашиот парламентарен состав изминатата година“, посочува Муслиу.
Тој е со забелешка дека голем дел од законските решенија парламентарците ги промовираа како дел од евроинтегративниот пакет, но дека тие со ништо не оставиле впечаток дека законските решенија од областа на евроинтеграциите биле нивна главна тема во изминатиов период. Некои од усвоените закони, како што е Законот за абортус, предизвика жестоки реакции кај борците за човекови права, големи полемики во јавноста и длабока загриженост кај 20 пратеници од Советот на Европа кои потпишаа декларација упатена до јавноста и до македонските власти. Ако се земат предвид некои донесени закони како и постапката по која беа донесени, многу е подобро кога пратениците се на одмор, забележува професор Савески.
„Многу често се оди на скратена процедура. Тоа можеби во деведесеттите години беше оправдана процедура бидејќи мораше да се конституира земјата, но испадна и дваесет години после независноста, во Македонија вообичаениот собраниски механизам да е скратената процедура. Понатаму не се разгледуваат воопшто законските одредби што се предлагаат главно од владата“, вели тој.
Пратеничкиот интегритет одамна е паднат во сенка на партиските директиви, едногласни се аналитичарите, а ова е очигледно и за самите гласачи кои во нив одамна не гледаат свои застапници во институциите.
„Работат под директива најверојатно и едните и другите.“
„Едноставно се очекува и тоа е така, пратениците, особено оние од мнозинството си ја застапуваат линијата на партијата и на владата.“
„Паметен човек само по сопствено наоѓање би гласал, а оние што се полтрончиња не, мора некој да им каже, нашите се сите полтрончиња“, велат анкетираните граѓани.
Еден од најголемите проблеми за експертите е токму тој -аргументите не одлучуваат при гласањето, одлучуваат партиските лидери што директно влијае и врз квалитетот на законските решенија.
„Во теорија, Собранието е над Владата, во практиката пратениците без ни мала доза на критичност го прифаќаат партискиот став“, вели Савески.
„Ако се на власт, се знае дека ќе ќутат или ќе возвраќаат само на нападите на опозициските партии, тие се подготвени секогаш само да ги одбранат само да ги одбранат ставовите на владата“, изјави Зибери.
Сето тоа го става Собранието во подредена улога во однос на извршната власт, иако согласно Уставот Македонија е определена да гради парламентарна демократија. Тоа пак за директни последици ги има недонесувањето на клучни законски решенија и неотворањето дебата околу најбитните прашања, е на мислење Ивон Величковски од Либералната партија, кој во статистиките на проектот „Мојот пратеник“ е забележан како пратеник со најголем број реплики и контра реплики од собраниската говорница.
„Ако во основа не ги почитуваме правилата на промислено донесување на законските одредби во интерес на проектирање на нови состојби коишто ќе бидат попозитивни од тековните запаѓаме во ваквиот вртлог во којшто сме и сега“, вели Величковски.
Минатите парламентарни месеци не ги одбележа само непомирливиот јаз меѓу власта и опозицијата кој кулминираше со насилното исфрлање на опозицијата од парламентот и нејзиниот бојкот, туку и јазот меѓу припадниците на владините партии кој ги следеше односите во владината коалиција, од внимателни искри до сериозни разидувања кои го произведоа и помалку комичниот развој на расправата околу законот за бранителите. Пратениците од власта и опозицијата ќе мора да постигнат повисоко ниво на соработка, каква што засега сè уште нема, оценуваат експертите, а тоа ќе им биде неопходно за периодот којшто следува по завршувањето на одморите, двата закони за медиуми, како и најавениот предлог за уставни измени со кој треба да се спречат истополовите бракови ќе бидат првите важни задачи за пратениците. Периодот по одморите го прави сложен и очекувањето на есенскиот извештај на Европската комисија во кој секако ќе бидеме посветени на обврските.
Ефикасноста на овој состав во никој случај не може да се оцени како позитивна. Човечно е да има одмор и пратеникот и кој било носител на јавна функција, но ако тоа се условува со сработеното, мислам дека тешко може да добие некаква позитивна оценка или виза.Насер Зибери, политички аналитичар и поранешен пратеник.
Не се за гледање, само ѓурултии и расправии. Се носат закони, ама не баш како што треба, не се правилни, најмногу се по потреба на некои луѓе кои се на повисоки функции.Анкетиран граѓанин.
„Ефикасноста на овој состав во никој случај не може да се оцени како позитивна. Човечно е да има одмор и пратеникот и кој било носител на јавна функција, но ако тоа се условува со сработеното, мислам дека тешко може да добие некаква позитивна оценка или виза“, вели политичкиот аналитичар и поранешен пратеник, Насер Зибери.
Со сличен став и анкетираните граѓани.
„Некои пратеници уста не отворија, не само овие 5-6 месеци, туку и многу месеци претходно.“
„Од она што го гледам на телевизија, не би сакала ни да ги гледам, се дистанцирам зашто притисокот му се качува од нив.“
Нашите пратеници се хиперпродуктивни ако гледаме според ефектот од нивната работа, значи донесување на закони и измени, но бројот на сработени закони не соодветствува на квалитетот на сработените закони.Здравко Савески, политички аналитичар.
„Не се за гледање, само ѓурултии и расправии. Се носат закони, ама не баш како што треба, не се правилни, најмногу се по потреба на некои луѓе кои се на повисоки функции“, коментираат граѓаните.
Ако се земе бројката на донесени закони, 122 во истиот период, може да се изведе заклучок за висока продуктивност на законодавниот дом. Сепак, велат експертите, квантитетот не одговара и на квалитетот на сработеното.
„Нашите пратеници се хиперпродуктивни ако гледаме според ефектот од нивната работа, значи донесување на закони и измени, но бројот на сработени закони не соодветствува на квалитетот на сработените закони“, изјави политичкиот аналитичар Здравко Савески.
Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу вели:
Квалитетот на еден парламент не се мери по бројот на донесени законски решенија, туку по квалитетот на тие закони, а сведоци сме дека законските решенија кои ни ги нудат неретко генерираат полемика, некои делови од нив често се враќаат и од Уставниот суд, баш поради недостигот на таа објективна и квалитетна парламентарна дебата во која примарниот интерес би бил квалитетот на законските решенија и интересот на граѓаните.Алберт Муслиу, политички аналитичар.
„Квалитетот на еден парламент не се мери по бројот на донесени законски решенија, туку по квалитетот на тие закони, а сведоци сме дека законските решенија кои ни ги нудат неретко генерираат полемика, некои делови од нив често се враќаат и од Уставниот суд, баш поради недостигот на таа објективна и квалитетна парламентарна дебата во која примарниот интерес би бил квалитетот на законските решенија и интересот на граѓаните“, вели Муслиу.
„Тоа е нешто што нам ќе ни се рефлектира и во извештајот кој ќе го добиеме од Европската комисија наесен, а верувам и дека законските решенија од евроагендата не беа целна тема на нашиот парламентарен состав изминатата година“, посочува Муслиу.
Паметен човек само по сопствено наоѓање би гласал, а оние што се полтрончиња не, мора некој да им каже, нашите се сите полтрончиња.Анкетиран граѓанин.
Тој е со забелешка дека голем дел од законските решенија парламентарците ги промовираа како дел од евроинтегративниот пакет, но дека тие со ништо не оставиле впечаток дека законските решенија од областа на евроинтеграциите биле нивна главна тема во изминатиов период. Некои од усвоените закони, како што е Законот за абортус, предизвика жестоки реакции кај борците за човекови права, големи полемики во јавноста и длабока загриженост кај 20 пратеници од Советот на Европа кои потпишаа декларација упатена до јавноста и до македонските власти. Ако се земат предвид некои донесени закони како и постапката по која беа донесени, многу е подобро кога пратениците се на одмор, забележува професор Савески.
Ако во основа не ги почитуваме правилата на промислено донесување на законските одредби во интерес на проектирање на нови состојби коишто ќе бидат попозитивни од тековните запаѓаме во ваквиот вртлог во којшто сме и сега.Ивон Величковски, пратеник од Либералната партија.