Битолскиот градоначалник ги повика иселениците да се вратат и својот живот да го планираат во Македонија, но засега се уште е мал бројот на иселениците кои се враќаат во родното место.
Локалната власт од Битола ги повика иселениците да се вратат назад и да помогнат во подобрување на демографската слика. Од овој крај низ годините, посебно во 60- тите години од минатиот век, иселени биле најмногу Македонци во земјава.
Статистичките податоци денес за наталитетот во градот се загрижувачки. Во Битолско се раѓаат само 4 проценти од новороденчињата во земјава. Битола на годишно ниво добива околу 800 бебиња, што е приближно колку прирастот на една скопска населба, на пример Аеродром. Загрижувачки е и морталитотот зашто Битола од градовите во внатрешноста беше водечка општина минатата година по број на умрени, дури 1.262 лица.
„Битолскиот регион е најпечебарскиот крај во Македонија. Почитувани иселеници ве повикувам да размислите да си дојдете дома зашто сега кога имаме своја држава, демографската структура е поразителна. Оние генерации кои го планирате својот живот, планирајте го во Македонија“, изјави битолскиот градоначалник Владимир Талески.
Засега се уште е мал бројот на иселениците кои се враќаат во родното место. Претежно тоа се постари лица кои доаѓаат на крајот на животниот век.
„Јас имам желба да се вратам и моето тело да почива во мојата татковина каде јас сум се родил. Се вратив и почнав да ја обновувам мојата куќа во село Ѓавато. Нема никаде поубаво од местото каде си се родил, каде што се зборува македонски јазик“, изјавија Драган Размовски, иселеник од село Ѓавато во Австралија.
„Тука јас имам се. Мислам да се вратам, но кога ќе дојде времето кога ќе бидам помоќен да преземам таква одлука. Македонија ја носам во срцето и одлично го зборувам нејзиниот јазик, не сум го заборавил од дете. Се иселив како млад и од тогаш ги следам нејзините успеси“, вели Борис Илиевски од Дихово, денес жител на Рочестер, САД.
Досегашните искуства во Битола покажуваат дека помладите потомци на иселениците градот го посетуваат претежно преку лето како да се на одмор, а потоа се враќаат во државите каде се родени.
Почитувани иселеници ве повикувам да размислите да си дојдете дома зашто сега кога имаме своја држава, демографската структура е поразителна.Владимир Талески, градоначалник на Битола.
Статистичките податоци денес за наталитетот во градот се загрижувачки. Во Битолско се раѓаат само 4 проценти од новороденчињата во земјава. Битола на годишно ниво добива околу 800 бебиња, што е приближно колку прирастот на една скопска населба, на пример Аеродром. Загрижувачки е и морталитотот зашто Битола од градовите во внатрешноста беше водечка општина минатата година по број на умрени, дури 1.262 лица.
„Битолскиот регион е најпечебарскиот крај во Македонија. Почитувани иселеници ве повикувам да размислите да си дојдете дома зашто сега кога имаме своја држава, демографската структура е поразителна. Оние генерации кои го планирате својот живот, планирајте го во Македонија“, изјави битолскиот градоначалник Владимир Талески.
Јас имам желба да се вратам и моето тело да почива во мојата татковина каде јас сум се родил. Се вратив и почнав да ја обновувам мојата куќа во село Ѓавато.Драган Размовски, иселеник од село Ѓавато во Австралија.