81-годишниот кореограф од Битола, Ристо Трајковски, го помина најголемиот дел од животот во битка да се зачува македонскиот мелос, ора и песни во странство. Цели 48 години вложи во формирање на македонски културно уметнички друштва во Австралија, Америка и Германија, преку кои децата на македонските иселеници го изучуваат македонскииот фолклор и традиција.
Кариерата ја започнал како прв кореограф во друштвата „Танец“ и „Илинден“, а потоа го обиколил светот и направил многу кореографии за македонски народни песни.
„Работев во Америка, Австралија, Канада. Кореограф им сум на македонските уметнички друштва. Одам во Детроит, Перт. Родителите се заинтересирани многу да играат нивните деца зашто дојде многу лошо време, па се плашат да не пијат, пушат, има дроги. Во Торонто имаме оркестар со Македонци, битолчани. Во Детроит прв направив да има македонски фолклор. Кога им се родија дечињата и пораснаа по 16 години почнавме да работиме“, вели Трајковски.
Досега добивал многу признанија за својата работа во странство. Но, разочаран е од третманот што го има од помладите кореографи во Македонија. Вели дека на дел од домашните кореографи им недостасува креативност и дека често се повторуваат истите игри.
„Јас сум шетал на сите фестивали во Америка, Австралија и Канада. Јас сум награден од г. г. Стефан. Во странство направив Илинденско оро, а во Њујорк направив кореографија за „Бркање на чумата“ во која фолклор изведуваа девојки со свеќи. Јас сум платен од Државниот фолклорен институт од Келн. Не сум задоволен, ме навредуваат младите кореографии овде. На фестивалите ги играат истите игри. Шест друштва прикажуваат по четири исти игри, а јас сум богат по тоа што можам да им средам игри, да им додадам друго“, додава Трајковски.
Тој во моментот престојува во Битола, каде низ Широк Сокак може да се види со рустикална капа на главата изработена пред 65 години кога почнал да твори во културно уметничките друштва.
Работев во Америка, Австралија, Канада. Кореограф им сум на македонските уметнички друштва. Одам во Детроит, Перт. Родителите се заинтересирани многу да играат нивните деца зашто дојде многу лошо време, па се плашат да не пијат, пушат, има дроги.Ристо Трајковски, кореограф.
Кариерата ја започнал како прв кореограф во друштвата „Танец“ и „Илинден“, а потоа го обиколил светот и направил многу кореографии за македонски народни песни.
„Работев во Америка, Австралија, Канада. Кореограф им сум на македонските уметнички друштва. Одам во Детроит, Перт. Родителите се заинтересирани многу да играат нивните деца зашто дојде многу лошо време, па се плашат да не пијат, пушат, има дроги. Во Торонто имаме оркестар со Македонци, битолчани. Во Детроит прв направив да има македонски фолклор. Кога им се родија дечињата и пораснаа по 16 години почнавме да работиме“, вели Трајковски.
Досега добивал многу признанија за својата работа во странство. Но, разочаран е од третманот што го има од помладите кореографи во Македонија. Вели дека на дел од домашните кореографи им недостасува креативност и дека често се повторуваат истите игри.
Не сум задоволен, ме навредуваат младите кореографии овде. На фестивалите ги играат истите игри.Ристо Трајковски, кореограф.