Синтезис и Наум Петрески е работниот наслов на шестиот по ред албум на реномираниот македонски етно-состав и прочуениот пејач на народни песни чие обнародување е планирано да се случи до крајот на февруари оваа година. Се работи за објава на која што ќе се најдат 10 стари македонски народни песни и која следува по минатогодишната компилација со инструментални нумери со која беше одбележана 15-годишнината од делувањето на СИНТЕЗИС.
Радослав Шутевски истакнува дека тие во изминатиов период имале можност на неколкупати да снимаат и настапуваат со врвни пејачи како Тоше Проески и Борис Трајанов и дека по таквото искуство соработката со Наум Петрески се наметнала како реална потреба во натамошното делување.
„Барајќи, копајќи овие 16 години по фолклорот, се воспостави дека 80 посто од песните кои ги пееме во Македонија се машки песни, а ние сме лимитирани во тој поглед, нашите вокали се женски. Идејата е во тоа што сакавме навистина пејач, а се знае кој е Наум, како пее и кој пејач е во нашата музика и мислам дека направивме еден многу успешен проект.“
Заедно со промоцијата на носачите на звук ќе се случи и претставувањето на вино со името на составот, а веднаш потоа СИНТЕЗИС со Наум Петрески како гостин на концертните настапи ќе ги започнат промотивните активности за изданието. Наедно тие ќе музицираат и на филмските проекции на документарецот за Христијанството во Македонија од Апостол Павле до Мајка Тереза што лани го снимаше германската филмска продукција СИНЕ ПЛУС, а за кој групата ја потпиша музиката.
„Oвој филм кој всушност е инициран од членовите на паневропската унија коишто и денеска се можеби нашите најголеми лобисти за влез во ЕУ, со овој филм сакаат да дадат една јасна порака до сите каде ќе биде промовиран-дека Македонија е земјата којашто не само што не е изоставен дел од Европа, туку Европа треба да е среќна што не има нас Македонците и Македонија“, истакнува Марјан Јовановски.
Во март тој, Шутевски, Гоце Димовски, Ване Јовчев, Гоце Узунски, Анета Шуланковска, Билјана Ристовска и Мирјана Јошевска ќе треба да ја одработат и пожелуваната турнеја по Австралија.
„Сигурно таму март, април ќе одиме за Австралија, имаме еден концерт договорено во Берлин, така да ќе има активност, концертна, ќе има“, дополнува Шутевски.
Кон ова само уште и информацијата дека до крајот на 2012 година СИНТЕЗИС планираат уште една објава – албум чиј наслов ќе биде „Идентитет 2“.
Барајќи, копајќи овие 16 години по фолклорот, се воспостави дека 80 посто од песните кои ги пееме во Македонија се машки песни, а ние сме лимитирани во тој поглед, нашите вокали се женски. Идејата е во тоа што сакавме навистина пејач, а се знае кој е Наум, како пее и кој пејач е во нашата музика и мислам дека направивме еден многу успешен проект.Радослав Шутевски, Синтезис