Само околу 3,2 проценти од вработените добиваат плата повисока од 30 илјади денари. Ако ја имаме предвид висината на потрошувачката кошничка од 32.571 денари, тогаш е очигледно дека недостасуваат сериозен дел на средства за задоволување на потребите на едно четиричлено семејство, вели претседателот на ССМ Живко Митревски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Господине Митревски, како ја оценувате состојбата со работничките права во Македонија, и тоа да не одиме предалеку, туку во споредба со земјите од регионот?
Факт е дека Република Македонија, слично како и останатите држави, живее во услови на сериозна светска економска, финансиска и должничка криза и тоа беше еден предизвик и на социјалните партнери, навистина да седнат, да поразговараат сериозно во делот на стратегиите што ќе се градат, пред сè околу обезбедување на стандардот на работниците, околу обезбедување на работната и материјалната сигурност на работниците и она што значи една перспектива или иднина во делот на егзистирањето, во делот на одржувањето на пензиските системи. Во оваа смисла, начелно постигнавме договор дека во вакви услови не смееме да дозволиме помасовно отпуштање на работници, не смееме да дозволиме намалување на плати во Република Македонија и исто така стратешка определба беше да ја задржиме висината на пензиската граница и тоа беа во основа трите столба на кои почиваше и се реализираше целокупната стратегија. Значи, ако направите една посериозна анализа во однос на тоа што се случува околу Република Македонија, па и малку пошироко, ќе видите дека насекаде сигурноста на работните места е сериозно доведена во прашање, дека во далеку поголем број на држави таа пензиска граница е зголемена, а исто така има драстично намалување до 30 отсто и на платите, што значи дека за разлика од овие други држави, обезбедивме каква-таква материјална и социјална сигурност за работниците и обезбедивме ефектите од оваа исклучителна криза да не бидат на тој начин рефлектирани во нашата држава. Тоа не значи дека во државата немаме проблеми, платите во Република Македонија се ниски, имаме зголемување на цени и навистина сериозен предизвик е на ова поле, како и на кој начин социјалните партнери во иднина ќе го менаџираат и овој дел.
Неодамна излезе информација дека речиси година и половина ниеден работодавач не е казнет за неисплаќање минимална плата. Навистина ли толку се почитува законот за минимална плата?
Значи, не случајно долго време дебатиравме, разговаравме, ја направивме таа историска придобивка која досега не беше направена во Република Македонија, донесен е законот за минимална плата и она што долго време го разговаравме беше висината на таа минимална плата, дали таа висина ќе им одговара и на работодавачите, кои се или не се спремни да исплаќаат таква висина на плата. Времето што помина покажа дека сме биле во право кога сме утврдиле еден ваков принцип, значи да не врзуваме со определен износ, туку да ја врземе на 39,6 отсто од просечната плата. Најновите статистички податоци го демантираа и оној дел кој често пати се критикуваше, дека во одредени сегменти, или посебно кај текстилот, кај кожата и кај обувките, дека нема да биде достигната таа висина, дека тој грејс период тече и нели висината е далеку помала во однос на она што беше, или 6.859 виз-а-ви 8.050 денари, меѓутоа најновите податоци точно покажаа дека просечната нето исплатена плата и во текстилот е 10.804 денари, во делот на производство на облека е 10.490 и делот на исплата на просечна плата во кожарската индустрија е околу 10.049 денари. Тоа значи дека во овие услови дури имаме еден исчекор повеќе во делот на минималната плата, бидејќи нели се знае дека моментално е 8.050 денари, што значи дека овие анализи ја потврдија нашата позиција дека и во овие гранки каде што се сметаше дека ќе биде најпроблематично, имаме исчекор напред, а да не зборувам во делот на тоа што со утврдувањето на оваа висина на минималната плата, која знаете дека пред донесувањето на законот беше 4.500 до 5.300 денари, обезбедивме зголемување на платите од 30 отсто во делот на другите гранки каде што со колективните договори автоматски дојде до зголемување на висината на коефициентот, што значи дека обезбедивме во поголем дел на гранки зголемување на плати. Значи, навистина би било скандалозно доколку и оваа плата од 8.050 денари не би можела да се исплаќа во Република Македонија. Оценката беше дека оваа плата се исплаќа и дека може да се исплаќа. Утврдени се одредени аномалии каде што одреден број на работодавачи имаа намера можеби да ескивираат или да играат одредена игра со тие 2.000 денари што им ги исплаќаа на работниците, па потоа имаа обврска да ги враќаат назад или, пак, 2.000 денари даваа во одреден вид на бонови па истите беа вулгарно приморани тие бонови да ги реализираат во рамките на одреден тип на продавници, но мислам дека со реакцијата што ја имавме и со кампањата што ја имавме по донесувањето на законот за минимална плата, бидејќи имаме структура на ниво на целата територија на земјата, и врз основа на заедничкиот ангажман со инспекцијата за труд, доживеавме сепак овој закон за минимална плата да се реализира и да немаме драстично нарушување на спроведување на законот за минимална плата.
Доволна ли е таа минимална плата од 8.050 денари? Дополнително на тоа, според податоците на Државниот завод за статистика, речиси половина од оние кои примаат плата добиваат под 12 илјади денари. Има ли простор и потреба за зголемување на платите во Македонија?
Апсолутно има потреба да се зголемуваат платите во Република Македонија, ако се имаат предвид и предвидувањата за зголемување на цените на производите, за зголемување на цените на храната. Радува можеби еден податок што Република Македонија не падна драстично во делот на обезбедување на висината на производството, напротив, бележи раст од 2,9 отсто во тој дел или во носечкиот дел кај градежништвото каде што имаме драстично зголемување на продуктивноста и на производството, но од друга страна, пак, податоците што ги добивме исто така покажуваат дека 80 илјади работници примаат плата некаде во висина на минималната плата. Радува податокот дека најновите податоци што ги добивме зборуваат дека и во овие три гранки што ги споменав претходно платата доаѓа веќе над 10 илјади денари и некаде околу 400 илјади работници примаат плата од 12 до 20 илјади денари, додека само околу 3,2 проценти од вработените добиваат плата повисока од 30 илјади денари. Ако ја имаме предвид и висината на потрошувачката кошничка од 32.571 денари, тогаш е очигледно дека сепак недостасуваат сериозен дел на средства кои треба да одат во смисла на задоволување на потребите на едно четиричлено семејство и тоа е оној податок за којшто зборуваме и за којшто преговараме дека во секој случај треба да го отпочнеме и процесот на преговори за зголемување на висините на платите во Република Македонија. Таму каде што имаме потпишано колективни договори и каде што имаме здраво синдикално организирање, тој процес го започнавме. Значи, имаме некаде околу 12 грански колективни договори, каде што по донесувањето на законот за минимална плати ги зголемивме платите, но останува да разговараме дополнително по завршување на кризата, која сметам дека од идната година можеби ќе има едно поинакво видување во делот на ваквата криза и менаџирањето со кризата и дека ќе се обезбеди простор да позборуваме и за зголемување на платите кај тие најниски категории, односно кај таа категорија од 80 илјади работници.
Ја споменавте потрошувачката кошничка, зошто не сте погласни во нејзиното објавување?
Прв пат после 20-тина години, ССМ излезе со објавување на овие податоци, Податоците не се случајни, податоците беа ставени во функција на донесување на повеќе закони, и тие беа основата за да побараме донесување на повеќе закони, како што е законот за минимална плата, понатаму тоа ни беше основа за започнување на преговорите и разговорите во врска со потпишување на колективните договори и со склучувањето на колективните договори. Така што, оваа висина на потрошувачка кошничка сме единствени што ја објавуваме, за жал. Ние ја манифестираме, ја промовираме и на нашите веб страни, ја промовираме и во економски списанија, ја промовираме по консалтинг претпријатија и нема прес-конференција каде што не ја промовираме, но останува дека многу малку, пак, се споменува од другите субјекти и претставува репер за некаков вид на градење стратегии за справување со одредена економска состојба.
Господине Митревски, ве обвинуваат дека сте „жолт синдикат“, односно дека сте премногу близок до власта. Како одговарате на тие обвинувања? Може ли, според вас, синдикатот да биде успешен без блискост со власта?
Самиот факт што се донесени неколку историски закони што порано ги немало, доволно зборува дека, ако сме биле „жолт синдикат“, немало да преземеме ништо. Значи, ние сме успеале да не дозволиме масовно отпуштање на работниците, ние сме успеале да нема намалување на платите, ние сме успеале да нема зголемување на пензиската граница, ние сме успеале да го донесеме законот за минимална плата, законот за европски работнички совети, еден од суштинските кој овозможува враќање на работничката партиципација во државата, сме го донеле законот за мобинг, сме отвориле постапки за институционализирање на позицијата на синдикатите и на локално ниво со потпишување на спогодби за формирање низа локални економско-социјални совети. Тоа се конкретни резултати кои никој не може да ги скрие и никој не може да ги демантира. Ние издадовме една брошура во која зборуваме какви сè придобивки има во Законот за работни односи од 2010 година наваму. Ние го спречивме процесот на руинирање на работничките права во Република Македонија, обезбедивме имплементација на 19 европски директиви, обезбедивме заштита на неколку целни групи, на жените, на бремените жени, обезбедивме нешто што предизвика дури и вчудоневидување насекаде во делот на имплементирање на директивата за информирање и консултирање каде што во најновите измени во Законот за работни односи дури ги натеравме работодавачите да ја објавуваат и платата во самите огласи, за прв пат во Република Македонија обезбедивме доколку биде утврдено дека има повеќе од двајца работници кои не се пријавени, да може и да се затвори тоа претпријатие, а работниците да добиваат плата во висина од 70 отсто што ќе ја исплаќа тој работодавач. Ова се конкретни активности кои критичарите треба малку посериозно да ги анализираат и да ги земат предвид. Значи, резултатите се тие кои зборуваат каков е ССМ и не случајно е тоа што во овој период го добивме и придружното членство во Европската конфедерација на синдикати, го добивме придружното членство во Светската конфедерација на синдикати и сите тие епитети што ги добиваме за начинот и активностите. Значи, има простор, во услови на криза, секаде каде што имаме свесни и одговорни социјални партнери, доколку седнат на маса, доколку разговараат за проблемите, доколку одберат стратегија што ќе биде во интерес на работниците, на граѓаните и на државата, навистина да може да се договорат, а не да спроведуваат едните или другите само чиста демагошка политика од типот на синдикатите, дека нешто ќе правиме, па ќе се собираме и ќе протестираме, а зад себе нема да имаме никакви резултати. Значи, таа стратегија е нешто поинаква и еве ја, истата во рок од овие три години дава драстични резултати кои ви ги кажав, а за кои тие критичари малку сериозно треба да се позанимаваат и да ги анализираат.
Но од друга страна имаше и намалување на работничките права. Имаше намалување на времето во кое има се дава надоместок на работниците што се прогласени за технолошки вишок, проблеми со породилното боледување за жените со патолошка бременост... Кога сè ќе ставите на вага, задоволни ли сте од вашите досегашни резултати?
Да се работи во синдикат, никогаш нема задоволство. Самата работа што е поврзана со проблеми, со решавање на тие проблеми, не може да предизвикува задоволство, ако живеете во услови на криза, ако имате ваква стапка на невработеност, ако имате проблеми кои постојано се наметнуваат од разна природа. Задоволството е во делот на она што претходно го споменав, донесовме историски закони, донесовме историски прописи, донесовме и обезбедивме заштита на огромна категорија на работници виз-а-ви што од прилика изгубивме одредени права кај една помала категорија на работници, но ако се стави сè на вага и ако се види кои се тие резултати што се постигнати, оние три столба за коишто зборував на почеток, навистина можам да кажам дека во голема мера, програмите и целите на ССМ и на синдикатите и на ова раководство навистина, дури можам да кажам дека, со оглед на квалификациите што ги добиваме во последно време, претставуваат и соодветен пример и за другите синдикати. Ќе повторам, во услови на криза да немате масовни отпуштања, да немате намалување на плати, да немате зголемување на границата за пензионирање, да немате вулгарно протежирање на флексибилноста на работната рака и да ја обезбедите сигурноста на работните места, да имате потпишан колективен договор за приватен сектор во кој не е намалено ниту едно работничко право, а во тек сме со преговори да утврдиме уште едно занемарено работничко право, навистина сметам дека одат во насока на обезбедување на нашите програми и цели.