Синдикатот на прес-конференција, левичарските организации на првомајски протести. Додека претседателот на ССМ Живко Митревски се пофали со успесите на синдикатот на полето на работничките права, околу 200 луѓе, на повик на Левичарското движење Солидарност и на Движењето за социјална правда Ленка, излегоа на протест во центарот на Скопје. Побараа социјална правда, работнички права и го обвинија ССМ дека е неактивен.
Работниците што му се придружија на протестот велат дека е неопходно да се излезе на улиците на Први мај, како секаде во светот, но оти не им е јасно зошто тоа не се случува.
„Осумстотини луѓе, 20 плати немаме земено во ОХИС, а само четворица сме овде. Трагедија за народот, не знам што друго да кажам, еве никој не излегува.“
РСЕ: Зошто?
„Е, па тоа и јас се прашувам. Затоа велам, дали се задоени со биберон, изгледа мајчино млеко не пиеле. Овој народ не е народ.“
„Изгледа ја сакаат повеќе скарата.“
„Излегуваме сè младите, ги нема тие што се да речеме побогатите деца, и тие треба да излезат, не само работничката класа“, велат присутните на протестот.
На прес-конференцијата на претседателот на ССМ Живко Митревски упаднаа и двајца демонстранти кои извадија транспаренти на кои пишуваше „Жолти синдикати“ и „Ги продадовте работниците“.
„Ако сметате дека со паролите што ги внесувате сега од ваши причини од некои ваши куќи, дека ќе ја нарушите атмосферата којашто владее во ССМ, исто така дебело се лажете“, реагира претседателот на ССМ Живко Митревски.
На нашето прашање, како ги коментира измените во законите со кои се намалуваат правата на работниците, Митревски одговори дека забораваме да спомнеме за оние промени кои ги унапредиле правата.
„Го изменивме правилникот за работни места за бенифициран стаж каде што утврдивме 20 нови работни места кои обезбедуваат бенифициран работен стаж. И измените кои исто така не сакате да ги спомнете во делот на пензискиот стаж кој децениски не беше решен за рударите во подземен коп, кој исто така го решивме, или да продолжам и понатаму, во делот на пензиската граница, кој исто така се заборава да се спомене, за професионалните војници каде што ја подигнавме од 38 на 45 години“, рече Митревски.
Ленка и ССНМ пред Уставен суд оспоруваат член од Законот за работни односи
Движењето за социјална правда Ленка и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници соопштија дека покренуваат Иницијатива пред Уставниот суд за поведување постапка за оценување на уставноста и укинување на дел од одредбите за утврдување репрезентативност на синдикатите во Законот за работни односи според кои работодавачот не само што има увид, туку дури и ќе го верификува т.е. издава и заверува „списокот на членови на синдикатот“.
„Во ситуација во која расте бројот на тајни, скриени членови на синдикатот, во ситуација во која законот не ги признава како членови на синдикатите невработените, слободните новинари и сите кои имаат несигурен вид на вработување – ние мораме да реагираме“, вели претседателката на синдикатот на новинарите Тамара Чаусидис.
Димитар Апасиев од Движењето за социјална правда Ленка вели дека оспорениот член од законот е спротивен на две меѓународни конвенции кои се ратификувани уште во времето на СФРЈ.
„Ние, согласно Уставниот закон од 1991 година, ги презедовме овие прописи како републички. Од тука законодавецот со национален закон не може да ги менува. Тие стриктно забрануваат секаков вид на контрола од страна на работодавецот врз членството на Синдикатот. По тие основи ние го спориме и веруваме дека ќе го собориме овој противуставен член“, вели Апасиев.
И додека демонстрантите протестираа пред Собранието, градежните работници и на Меѓународниот ден на трудот беа на работа и извршуваа градежни работи на зградата на Парламентот.
Осумстотини луѓе, 20 плати немаме земено во ОХИС, а само четворица сме овде. Трагедија за народот, не знам што друго да кажам, еве никој не излегува.Учесник на протестот.
Работниците што му се придружија на протестот велат дека е неопходно да се излезе на улиците на Први мај, како секаде во светот, но оти не им е јасно зошто тоа не се случува.
„Осумстотини луѓе, 20 плати немаме земено во ОХИС, а само четворица сме овде. Трагедија за народот, не знам што друго да кажам, еве никој не излегува.“
РСЕ: Зошто?
„Е, па тоа и јас се прашувам. Затоа велам, дали се задоени со биберон, изгледа мајчино млеко не пиеле. Овој народ не е народ.“
„Изгледа ја сакаат повеќе скарата.“
„Излегуваме сè младите, ги нема тие што се да речеме побогатите деца, и тие треба да излезат, не само работничката класа“, велат присутните на протестот.
На прес-конференцијата на претседателот на ССМ Живко Митревски упаднаа и двајца демонстранти кои извадија транспаренти на кои пишуваше „Жолти синдикати“ и „Ги продадовте работниците“.
Го изменивме правилникот за работни места за бенифициран стаж каде што утврдивме 20 нови работни места кои обезбедуваат бенифициран работен стаж. И измените кои исто така не сакате да ги спомнете во делот на пензискиот стаж кој децениски не беше решен за рударите во подземен коп, кој исто така го решивме, или да продолжам и понатаму, во делот на пензиската граница, кој исто така се заборава да се спомене, за професионалните војници каде што ја подигнавме од 38 на 45 години.Живко Митревски, претседател на ССМ.
„Ако сметате дека со паролите што ги внесувате сега од ваши причини од некои ваши куќи, дека ќе ја нарушите атмосферата којашто владее во ССМ, исто така дебело се лажете“, реагира претседателот на ССМ Живко Митревски.
На нашето прашање, како ги коментира измените во законите со кои се намалуваат правата на работниците, Митревски одговори дека забораваме да спомнеме за оние промени кои ги унапредиле правата.
„Го изменивме правилникот за работни места за бенифициран стаж каде што утврдивме 20 нови работни места кои обезбедуваат бенифициран работен стаж. И измените кои исто така не сакате да ги спомнете во делот на пензискиот стаж кој децениски не беше решен за рударите во подземен коп, кој исто така го решивме, или да продолжам и понатаму, во делот на пензиската граница, кој исто така се заборава да се спомене, за професионалните војници каде што ја подигнавме од 38 на 45 години“, рече Митревски.
Во ситуација во која расте бројот на тајни, скриени членови на синдикатот, во ситуација во која законот не ги признава како членови на синдикатите невработените, слободните новинари и сите кои имаат несигурен вид на вработување – ние мораме да реагираме.Тамара Чаусидис, претседателката на ССНМ.