Ако на пазарот најбарани се компјутерџиите и стручните работници тогаш каква придобивка може да очекуваат останатите млади кадри од обуките за унапредување на квалитетот на работната сила која ги најави власта? Покрај тврдењата од подмладокот на владејачката партија дека во земјава има ниска невработеност и просперитет, меѓународните организации проценуваат дека Македонија е лидер по невработеност меѓу младите.
Сандра Анастасовска од Младинскиот образовен форум вели дека организацијата не била консултирана во врска со новиот потег под закрила на Министерството за економија. Таа додава дека проблемот е суштински и поврзан како со образовниот систем, така и со пазарот на трудот.
„Секое несуштинско организирање на обуки може само да го зголеми квантитетот на обучени млади, без притоа да одговори на потребите на пазарот на трудот и повторно младите иако поминале низ обуки, сепак да немаат конкретни знаења и вистинско вработување.“
Најавените обуки ќе се остручуваат лица од 18 до 28 години.
Неда Коруновска од невладината организација Реактор вели дека младите треба да се стекнуваат со дополнителни вештини кои би им помогнале при вработувањето.
„Сепак сметам дека тоа не е нешто што треба да се реши со проектна активност, туку таквите способности младите треба да ги стекнуваат во рамки на образовниот систем.“
Согласно истражувањето на „Реактор“, 58 проценти од невработените млади во Македонија активно бараат работа. Тоа се многу луѓе, вели Анастасовска од Младинскиот образовен форум.
„Во Македонија конкретно имаме многу образовани кадри, нема да навлегувам во квалитетот на образование, но повеќе во квантитетот и тоа е изразено во последно време, имаме многу млади со завршено високо образование, кои се магистри, но сепак не можат да најдат работа, односно потребата на пазарот на трудот не одговара со квалитетот, односно со самото образование кое го имаат младите.“
Граѓанскиот сектор со години организира обуки за барање работа и вработување. Дали сега откако власта се вклучи со проект за тренинг ситуацијата ќе се промени? Анастасовска појаснува:
„Ни треба многу поголемо системско решавање на овие проблеми, поради тоа што можеме да кажеме дека конкретно младите го имаат своето образование за да најдат работа, но потребата за тие кадри да се вработат е на многу ниско ниво.“
Се проценува дека од 30 отсто невработени во земјава, повеќе од половина се млади.
Секое несуштинско организирање на обуки може само да го зголеми квантитетот на обучени млади, без притоа да одговори на потребите на пазарот на трудот и повторно младите иако поминале низ обуки, сепак да немаат конкретни знаења и вистинско вработување.
Сандра Анастасовска, Младински образовен форум.
Сандра Анастасовска од Младинскиот образовен форум вели дека организацијата не била консултирана во врска со новиот потег под закрила на Министерството за економија. Таа додава дека проблемот е суштински и поврзан како со образовниот систем, така и со пазарот на трудот.
„Секое несуштинско организирање на обуки може само да го зголеми квантитетот на обучени млади, без притоа да одговори на потребите на пазарот на трудот и повторно младите иако поминале низ обуки, сепак да немаат конкретни знаења и вистинско вработување.“
Најавените обуки ќе се остручуваат лица од 18 до 28 години.
Сметам дека тоа не е нешто што треба да се реши со проектна активност, туку таквите способности младите треба да ги стекнуваат во рамки на образовниот систем.Неда Коруновска, невладина организација Реактор.