Македонија има изгубено 29 проценти од високообразованите кадри, додека повеќе од три четвртини од академските кадри сакаат да ја напуштат земјава, покажува истражувањето во рамките на нацрт-националната стратегија, од која се очекува намалување на одливот на мозоци. Младинските организации велат дека не биле консултирани за изработката на нацрт-стратегијата, а социолозите сметаат дека само со документ ништо не може да се промени.
Марјан Забрчанец од Младинскиот образовен форум(МОФ) вели дека државата доцна се сетила да му обрне внимание на овој проблем кој не е од вчера.
„Конечно, овој фокус на државните институции кон проблемот само ја докажува улогата на невладините организации кои со своите истражувања го дефинираа проблемот кој го актуелизираат во јавноста повеќе години. Треба особено да се внимава при креирањето на вакви стратегии да се консултираат сите чинители, сите засегнати страни. Од она што можевме да го забележиме при презентацијата на нацрт-стратегијата се гледа дека младинските и истражувачките организации не се консултирани при изработка на овој драфт-документ.“
Треба да се внимава оваа стратегија да не ја снајде истата судбина како националната стратегија за млади, додава Забрчанец.
„Оваа стратегија да не остане фино парче хартија заклучено во фиока без акциони планови, без никаква имплементација. Од она што беше презентирано од страна на Министерството за образование и наука не се гледа фокус на два основни проблеми коишто ние веруваме дека ја предизвикуваат појавата на одлив на мозоци. Тоа се партиските вработувања во државна администрација и неквалитетното образование кое важи за нетранспарентно и не нуди практични вештини.“
Многу од кадрите кои се вратиле во земјава по доостручувањето во странство се жалат дека немаат можност да ги применат стекнатите знаења, додека од друга страна забележуваат дека надвор од Македонија се третирани како граѓани од втор ред. Дали младите се ставени во позиција да бираат второкласен третман или да не добијат можност да се докажат во сопствената татковина? Социологот Илија Ацески вели дека младите во Македонија живеат во непредвидливи услови.
„Младите носат едно чувство дека долго време ќе останат без работа, дека се маргинализирани, дека не може да остварат дел од својот живот итн., тоа се факти. Ова што го прави владата на ваков начин со ваква стратегија во време на избори, тука е нешто сомнително. Таа дава до знаење дека нешто треба да се направи.“
Бројките покажуваат дека 85 проценти од високообразованите кадри во земјава имаат желба да заминат во странство.
Од она што беше презентирано од страна на Министерството за образование и наука не се гледа фокус на два основни проблеми коишто ние веруваме дека ја предизвикуваат појавата на одлив на мозоци. Тоа се партиските вработувања во државна администрација и неквалитетното образование кое важи за нетранспарентно и не нуди практични вештини.Марјан Забрчанец, Младински образовен форум.
Марјан Забрчанец од Младинскиот образовен форум(МОФ) вели дека државата доцна се сетила да му обрне внимание на овој проблем кој не е од вчера.
„Конечно, овој фокус на државните институции кон проблемот само ја докажува улогата на невладините организации кои со своите истражувања го дефинираа проблемот кој го актуелизираат во јавноста повеќе години. Треба особено да се внимава при креирањето на вакви стратегии да се консултираат сите чинители, сите засегнати страни. Од она што можевме да го забележиме при презентацијата на нацрт-стратегијата се гледа дека младинските и истражувачките организации не се консултирани при изработка на овој драфт-документ.“
Треба да се внимава оваа стратегија да не ја снајде истата судбина како националната стратегија за млади, додава Забрчанец.
Младите носат едно чувство дека долго време ќе останат без работа, дека се маргинализирани, дека не може да остварат дел од својот живот итн., тоа се факти.Илија Ацески, универзитетски професор.