Промена на тонот на ЕУ кон Македонија, тоа што Кежаровски останува во притвор, интензивното задолжување на владата, блокираната Комисија за 24 декeмври, но никому ништо, високите температури како да ја замајуваат јавноста - ништо не може да ја оттргне од зачмаеноста што ја има зафатено.
Високите температури како да ја замајуваат јавноста - ништо не може да ја оттргне од зачмаеноста што ја има зафатено, или, пак, овде, во Македонија, ништо веќе не може никого да изненади. Сė си поминува онака, редовно, нормално, без бранувања.
„Кежаровски останува во притвор поради опасност од бегство“, објави Утрински, сопругата му плаче по телевизиите, оние кои можат да го објават тоа, новинарскиот синдикат реагира со изјави, но - никому ништо. А, „Законите за медиуми се добри, но треба да се доработат за да се избегне можноста за ограничување на слободата на изразување“, ја објавија Дневник и Утрински изјавата на Дуња Мијатовиќ, претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите, дадена за МТВ.
Утрински забележува промена на тонот на ЕУ кон Македонија, па наведува дека „Литванскиот амбасадор на излагањето во Скопје беше груб, недипломатски, но со инструкции за тоа“. Ама затоа: „Македонија и Русија го потпишаа договорот за Јужен тек“, информативно насловува Дневник, а Утрински со коментар во насловот:
„Конечно договор! Гасификацијата може да почне!“ Нова Македонија во наслов пишува: „Со рускиот гас Македонија си обезбеди економска иднина“. Вечер веќе ја приклучи земјава кон Европа: „Решена стабилноста и енергетската независност за најмалку 50 години - Македонија се приклучи кон Европа“.
„Во екот на годишните одмори Владата продолжува интензивно да ја задолжува земјава“, ја пренесува Утрински реакцијата на СДСМ, во која се додава дека само внатрешниот долг на крајот на јуни изнесува речиси 940 милиони евра!“ „И Брисел загрижен за нашиот буџетски дефицит - По ММФ и ЕУ бара консолидирање на јавните финансии и внимателно следење на дефицитот и на долгот“, информира исто така Утрински.
Инаку, „Иванов ја потврди оставката на Давитковски“ оди со наслов Дневник, кој во неколку броеви се занимава со причините за оставката на претседателот на Комисијата за настаните на 24 декември и со состојбите во СДСМ. Нова Македонија забележува дека: „Партиите среќни само со извештај дека ништо не се случило“, „Блокирана Комисија - лоша порака за Брисел“, констатира во наслов Утрински. Дневник, еднаш насловува: „Лош старт на новото раководство - Се тресат стаклените нозе на СДСМ“, а друг пат го цитира Груевски кој вели дека од тројното раководење на СДСМ проблеми ќе има и државата. Утрински пак ја објавува и реакцијата на Заев дека: „Изјавите на Груевски се недолични“.
Кежаровски останува во притвор поради опасност од бегство. Сопругата му плаче по телевизиите, оние кои можат да го објават тоа, новинарскиот синдикат реагира со изјави, но - никому ништо.Утрински весник.
„Кежаровски останува во притвор поради опасност од бегство“, објави Утрински, сопругата му плаче по телевизиите, оние кои можат да го објават тоа, новинарскиот синдикат реагира со изјави, но - никому ништо. А, „Законите за медиуми се добри, но треба да се доработат за да се избегне можноста за ограничување на слободата на изразување“, ја објавија Дневник и Утрински изјавата на Дуња Мијатовиќ, претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите, дадена за МТВ.
Утрински забележува промена на тонот на ЕУ кон Македонија, па наведува дека „Литванскиот амбасадор на излагањето во Скопје беше груб, недипломатски, но со инструкции за тоа“. Ама затоа: „Македонија и Русија го потпишаа договорот за Јужен тек“, информативно насловува Дневник, а Утрински со коментар во насловот:
Решена стабилноста и енергетската независност за најмалку 50 години - Македонија се приклучи кон Европа.Вечер.