Новиот предлог-закон за забрана за пушење, кој беше одбиен на првото читање во Парламентот, некои од граѓаните го поддржуваат, а други велат дека е подобро што не се пуши во кафеаните и кафулињата.
Новиот предлог-закон за забрана за пушење, кој беше одбиен на првото читање во Парламентот, некои од граѓаните го поддржуваат, а други, пак, велат дека подобро е што повеќе не се пуши во кафеаните и кафулињата низ земјата. Угостителите велат дека ја поддржуваат либерализацијата на законот за пушење, бидејќи и со поскапувањето на алкохолните пијалаци очекуваат бизнисот да оди сè потешко.
Граѓаните кои ги анкетиравме за рубриката Хајд Парк со поделени мислења. Дел од непушачите велат дека е потребно да има посебни простории или, пак, и натаму да се почитува забраната.
„Треба да има посебни простории за пушење. Еве јас сум непушач и навистина ми смета кога некој пуши, ама јас нe можам да им забранам на другите да пушат.“
„Мислам дека не треба да се пуши, јас не пушам.“
„Не ми пречи на мене, надвор нека прави што сака, но во затворена просторија да не пушат“, велат дел од граѓаните.
Со нив не се сложуваат пушачите.
„Законот треба да се либерализира, јас сум страстен пушач. Мене ми одговара секаде каде што имам потреба да пушам.“
„Би сакаа да се либерализира, оти одиме на свадба, а мора да излегуваме надвор да пушиме“, велат други.
Дали треба да се дозволи во затворениот дел на угостителските објкети да има дел и за пушачи? Погледнете ја анкетата и коментирајте овде.
Угостителите велат дека повеќе посетители во нивните објекти има во лето, отколку во зима поради забраната за пушење во затворени простории.
„Во зима луѓето се малтретираат малку, излегуваат надвор за да пушат, но тие што одат во кафеани си одат, законот не смени многу, иако посетеноста е намалена“, објаснува еден угостител.
Според нив, покачувањето на цените на алкохолните пијалаци ќе резултира со намалување на прометот.
„Ако не ги покачиме цените, прометот нема да ни се намали, но ние ќе бидеме принудени да ги зголемиме и сигурно на посетителите ќе им биде малку поскапо и наместо 4 пива ќе пијат по 2 пива“, вели угостителот.
Предлог-законот на Либералната партија предвидува, ако угостителскиот објект е помал од 50 метри квадратни, сопственикот да одлучи дали ќе се пуши или не, а доколку објектот е поголем да има посебна просторија за пушачите.
Треба да има посебни простории за пушење. Еве јас сум непушач и навистина ми смета кога некој пуши, ама јас нe можам да им забранам на другите да пушат.Анкетиран граѓанин.
Граѓаните кои ги анкетиравме за рубриката Хајд Парк со поделени мислења. Дел од непушачите велат дека е потребно да има посебни простории или, пак, и натаму да се почитува забраната.
„Треба да има посебни простории за пушење. Еве јас сум непушач и навистина ми смета кога некој пуши, ама јас нe можам да им забранам на другите да пушат.“
„Мислам дека не треба да се пуши, јас не пушам.“
„Не ми пречи на мене, надвор нека прави што сака, но во затворена просторија да не пушат“, велат дел од граѓаните.
Со нив не се сложуваат пушачите.
„Законот треба да се либерализира, јас сум страстен пушач. Мене ми одговара секаде каде што имам потреба да пушам.“
„Би сакаа да се либерализира, оти одиме на свадба, а мора да излегуваме надвор да пушиме“, велат други.
Дали треба да се дозволи во затворениот дел на угостителските објкети да има дел и за пушачи? Погледнете ја анкетата и коментирајте овде.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5