Најголемите туристички центри во Македонија, со децении чекаат на модерна патна инфраструктура и автопатско поврзување со Скопје и соседните држави.
Додека Охрид и Струга како најголеми туристички центри во Македонија, со децении чекаат на модерна патна инфраструктура и автопатско поврзување со Скопје и соседните држави, а дупките на патиштата се секојдневна реалност по кои мора да се поминува, соседна Албанија интензивно гради современи патишта.
Албанскиот премиер Сали Бериша го пушти новиот автопат од Елбасан до Тирана во должина од 27 километри, пропратен со тунели исти онакви какви што ги има во најразвиените европски држави. За Албанците од Струга ова значи побрза комуникација со Тирана, но и побрз пристап до албанското приморје каде последните години се поголем е и бројот на македонски граѓани кои одат на летување таму. Го прашавме новинарот од Струга Мехмет Љатифи од какво значење е овој автопат за стружани.
„Развојот на една држава зависи од инфраструктурата. За разлика од Македонија каде не е изграден ниту еден километар пат во Албанија се изградени над десеттина километри патишта со современи и модерни инфраструктурни тунели. Кога се работи за Струга, Охрид и цела Македонија поврзаноста со Тирана
е намалена за 27 километри. Тоа значи многу за зближување на Струга и Охрид со Тирана и со албанското приморје и со албанските граѓани“, рече Љатифи.
И Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, вели дека приоритет на државата мора да биде соодветно инфраструктурно поврзување на Охрид.
„Охрид во наредните десет години мора да добие автопат и брза железница ако сакаме наредните генерации да останат и да живеат во Охрид, ако не тие ќе се иселат бидејќи стапката на иселеност во Охрид и сега е висока и е алармантна за сите нас“, рече Азески.
Во Охрид неодамна беше формиран локален економски совет, односно совет на градски татковци составен од локални бизнисмени, општествени и јавни личности и луѓе со потекло од Охрид. Никола Бакрачески градоначалник на Охрид вели дека идејата им е економски да го заживеат Охрид.
„Целта на ова тело ќе биде низ една широка координација и комуникација навремено да се детектираат проблемите кои ја засегаат економијата и да се креираат најдобрите можни решенија за поддршка на малите и средни претпријатија како и за привлекување на домашни и странски инвестиции“, рече Бакрачески.
Владата пред изборите најави дека со кредитна линија од кинеска банка планира изградба на патните правци Миладиновци – Штип, Штип – Кочани, Кичево – Охрид и Охрид – Св. Наум. Во моментот патната инфраструктура до Охрид е во очајна состојба, од Скопје до Охрид се стигнува за 4 часа, а во катастрофална состојба е и патот од Охрид до туристичкиот комплекс Свети Наум и границата со Албанија.
Охрид во наредните десет години мора да добие автопат и брза железница ако сакаме наредните генерации да останат и да живеат во Охрид, ако не тие ќе се иселат бидејќи стапката на иселеност во Охрид и сега е висока и е алармантна за сите нас.Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија.
Албанскиот премиер Сали Бериша го пушти новиот автопат од Елбасан до Тирана во должина од 27 километри, пропратен со тунели исти онакви какви што ги има во најразвиените европски држави. За Албанците од Струга ова значи побрза комуникација со Тирана, но и побрз пристап до албанското приморје каде последните години се поголем е и бројот на македонски граѓани кои одат на летување таму. Го прашавме новинарот од Струга Мехмет Љатифи од какво значење е овој автопат за стружани.
„Развојот на една држава зависи од инфраструктурата. За разлика од Македонија каде не е изграден ниту еден километар пат во Албанија се изградени над десеттина километри патишта со современи и модерни инфраструктурни тунели. Кога се работи за Струга, Охрид и цела Македонија поврзаноста со Тирана
Целта на ова тело ќе биде низ една широка координација и комуникација навремено да се детектираат проблемите кои ја засегаат економијата и да се креираат најдобрите можни решенија за поддршка на малите и средни претпријатија како и за привлекување на домашни и странски инвестиции.Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид..