Достапни линкови

Долненци најавија бојкот на изборите


Стотина жители од долненските села најавија дека ќе ги бојкотираат изборите, револтирани од сите досегашни власти, кои иако ветувале не им го направиле патот.

Стотина жители од долненските села: Сенокос, Горно село, Бело Поле, Вранче, Средорек, Кутлешево, Десово, Мраморани, Забрчани, Дупјачани, Дреновци и Небрегово на протест најавија дека ќе ги бојкотираат изборите. Тие се крајно револтирани од односот на сите досегашни власти. Сите им ветувале велат, но патот никој не го направил.
После изборите сме биле само чукани по плеќи и ни велеле, добри сте вие за гласање. Јас кажувам дека повеќе коњи за јавање нема, нека не бара повеќе Општината. Или ќе го прават тоа за што се задолжени или нека не идат повеќе таму.
Аце Цветаноски од Бело Поле.

„После изборите сме биле само чукани по плеќи и ни велеле, добри сте вие за гласање. Јас кажувам дека повеќе коњи за јавање нема, нека не бара повеќе Општината. Или ќе го прават тоа за што се задолжени или нека не идат повеќе таму“, вели Аце Цветаноски од Бело Поле.

Проблемите со кои се соочуваат околу 4.000 жители на овој долненски крај, велат, не може да се опишат со зборовите. Покрај сиромаштијата, принудени се да купуваат поскапи производи, зашто добавувачите им ги зголемуваат цените на продуктите, наплаќајќи си ги при тоа трошоците за амортизација на возилата.
Имаше случка на луѓе болни, сега се преселени во Прилеп, оти ни брза помош ни такви ништо не сака да дојде во нашето село, а овие пак два дена патот е катастрофа направен.
Никола Илиоски, од Горно Село.

„Штетите се ако кола возена по добри патишта, амортизира 10 отсто, тогаш кај нас амортизацијата е 50 отсто за една година“, вели Тони Димоски.

Но, најголем проблем имаат кога ќе се разболат, кога е во прашање мало дете или возрасен човек којшто се бори за живот.

„Имаше случка на луѓе болни, сега се преселени во Прилеп, оти ни брза помош ни такви ништо не сака да дојде во нашето село, а овие пак два дена патот е катастрофа направен“, вели Никола Илиоски, од Горно Село, кој што останал дефект со возилото, па продолжил пеш за да стигне навреме на протестот во Дупјачани.

Долненци бараат локалните власти и надлежните од министерствата да ги посетат на терен, за да ја согледаат ситуацијата.

„Се додека не дојде некој претставник од власта, гаранција да ни даде писмена, на збор повеќе не веруваме“, вели Николче Илиески.

Градоначалникот на Општина Долнени, Абдула Бајрамоски вели дека локалната самоуправа во моментов нема пари за изградба на патот. Оваа собраќајница е во програмата, но кога ќе се обезбедат средства нема одговор. Вели се вложуваат напори да се најдат пари и од европските фондови. Тој истакнува дека Општина ги реализира навреме сите проекти за кои се обезбедуваат средства и тоа во сите населени места, без оглед на националната припадност. Општина Долнени е населена претежно со граѓани од албанска националност, а во овие села живеат најмногу Македонци.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG