Нашите позиции се истите постојано повторувани од страна на министерот за надворешни работи, велат во Министерството и ништо повеќе не може да се додаде.
Државните институции прилично воздржани и со непроменети пораки по средбата Аврамопулос-Бесими во Атина. Нашите позиции се истите постојано повторувани од страна на министерот за надворешни работи, велат во Министерството и ништо повеќе не може да се додаде.
Од другата страна на границата пораката останува: ќе прифатиме име со јасна географска одредница и ја пренесуваат речиси идентично сите грчки медиуми.
Македонската позиција своите пораки како и црвените линии ги зацртува на идентитетските прашања, и одамна ништо ново не е слушнато од страна на властите во Скопје. Проблемот се состои во недостигот на темелна анализа кои би биле последиците од дадените предлози, но и во преголемото препуштање на проблемот на дневната политика, посочува аналитичарот Алберт Муслиу.
„Кога некој вели дека се инсистира за промена на идентитетот не го дефинира тоа како, а и грчката страна која инсистира на име за севкупна употреба. Овде целта е подолгорочно да се врати целиот процес на преговори на тоа што ОН го бараа, преговори околу името, а не околу други прашања“, вели Муслиу.
Она што никаде не пишува, а ние сами го наметнавме е прашањето на идентитетот.
„Затоа што нас не фати стравот дека кое било име коешто ќе ни биде предложено, а е различно од Република Македонија, може да ни го загрози идентитетот, а никаде во Резолуцијата на ОН не стои дека ние имаме обврска да преговараме за други прашања освен за прашањето за името, нити култура, нити историја“, вели професор Ивица Јосифовиќ.
Она што според Јосифовиќ е суштински проблем на македонска страна не е самото име каде што тој гледа приближување и можност за приближување, туку грчкото инсистирање за употреба ерга омнес каде што настануваат сите проблеми. Тоа суштински ги менува работите и би значело промена на уставот, и обраќање на сите меѓународни субјекти кон нас што смета дека е пречката на која се сопнува македонската позиција. Затоа македонската позиција е зависна од целокупниот пакет за разрешување на спорот, а не само од самото име на државата, додава Јосифовиќ.
Како што посочуваат експертите, последната средба во Атина и не можела да понуди повеќе во таа насока, да се чуе јасна порака и од македонска страна бидејќи во моментов таа не може да излезе од форматот на јасна порака дека ни е потребно откочување на евроинтеграциите.
Кога некој вели дека се инсистира за промена на идентитетот не го дефинира тоа како, а и грчката страна која инсистира на име за севкупна употреба. Овде целта е подолгорочно да се врати целиот процес на преговори на тоа што ОН го бараа, преговори околу името, а не околу други прашања.Алберт Муслиу, аналитичар.
Од другата страна на границата пораката останува: ќе прифатиме име со јасна географска одредница и ја пренесуваат речиси идентично сите грчки медиуми.
Македонската позиција своите пораки како и црвените линии ги зацртува на идентитетските прашања, и одамна ништо ново не е слушнато од страна на властите во Скопје. Проблемот се состои во недостигот на темелна анализа кои би биле последиците од дадените предлози, но и во преголемото препуштање на проблемот на дневната политика, посочува аналитичарот Алберт Муслиу.
Нас не фати стравот дека кое било име коешто ќе ни биде предложено, а е различно од Република Македонија, може да ни го загрози идентитетот, а никаде во Резолуцијата на ОН не стои дека ние имаме обврска да преговараме за други прашања освен за прашањето за името, нити култура, нити историја.Ивица Јосифовиќ, универзитетски професор.