Рорабахер - Косово не доби ништо од договорот со Србија

Конгресменот Дaна Рорабахер.

Конгресменот Дана Рорабахер со критика за бриселскиот договор меѓу Белград и Приштина, бидејќи тој не создал предуслови за долгорочен мир и стабилност на Балканот.
Косово не доби суверенитет во северниот дел и косовските Срби нема да прифатат да живеат во земјата, поради тоа е пропуштена шансата за трајно решавање на проблемот меѓу косовските Срби и Албанци. Ова во интервју за Радио Слободна Европа го тврди конгресменот Дана Рорабахер, републиканец од Калифорнија, кој е член на Комитетот за надворешни работи и е еден од најголемите поддржувачи на независноста на Косово. Рорабахер упатува критика за бриселскиот договор меѓу Белград и Приштина, бидејќи тој не создал предуслови за долгорочен мир и стабилност на Балканот.
Мораме да признаеме дека Косово не доби ништо за возврат во однос на она од што се одрече, а тоа е правото да управува со северниот дел од земјата, односно со заедниците кои живеат таму.
Дана Рорабахер, американски републикански конгресмен од Калифорнија, член на Комитетот за надворешни работи.

„Мораме да признаеме дека Косово не доби ништо за возврат во однос на она од што се одрече, а тоа е правото да управува со северниот дел од земјата, односно со заедниците кои живеат таму.“

Според него, договорот го поткопува правото на Косово на суверенитет. Доколу, како што вели тој, постигнете договор кој на хартија ви дава суверенитет, но не ви овозможува да го практикувате во пракса, тогаш тој суверенитет не постои.
И сега што ќе се случува натаму? Србите од северот и натаму нема да прифатат да бидат дел од Косово и ќе настојуваат да се одвојат, бидејќи сакаат да бидат граѓани на Србија. Се разбира има политички групации во Србија кои ќе се обидат да го искористат тоа.

„Значи Косово во суштина го предаде северниот дел. Меѓутоа јас не велам дека тоа не требало да го направи. Сметам дека поголемиот дел од српската заедница на северот треба да има право на самоопределување и преку гласање да се изјасни за тоа.

Според него, можело да се направи компромис со размена на територии и со корекција на границите. Тој смета дека сега Косово не може да испрати своја полиција или безбедносни сили во северниот дел. Нема да може да има ни судии, кои ќе бидат поставувани од Србите од северно Косово.

„И сега што ќе се случува натаму? Србите од северот и натаму нема да прифатат да бидат дел од Косово и ќе настојуваат да се одвојат, бидејќи сакаат да бидат граѓани на Србија. Се разбира има политички групации во Србија кои ќе се обидат да го искористат тоа.“

Рорабахер вели дека смешни се тврдењата дека територијалната размена би ја отворила пандорината кутија на Балканот и дека тоа би имало негативно влијание врз Македонија, БиХ и Србија.

„Сакам да кажам дека кога е во прашање Косово и Србија тоа претставува единствен проблем. Но и покрај тоа Европа и САД секогаш ќе најдат причина да не дозволат нешто се додека некој не се спротивстави. Во овој случај тоа се Србите од северно Косово“.

Рорабахер порачува дека еден ден нивната неурамнотеженост ќе стане нерешлив проблем, па може да се случи Европа и САД да кажат дека проблемот со Косово не може да се реши и дека подобро е Србите да си одат.