Без излез од политичката криза

Опозицијата се врати во Собранието на 2 март 2013 година.

СДСМ смета дека Деловникот, што владејачкото мнозинство во отсуство на опозицијата го донесе експресно, според договорот треба да биде изменет и усвоен со консензус, во ВМРО-ДПМНЕ неофицијално велат дека такво нешто не е предвидено во договорот.
Изминатиот период пред локалните избори имаше серија случувања кои создадоа тензичен амбиент во Собранието, а некои од нив и на меѓуетнички план. Владините партнери речиси го блокираа Собранието, а епилогот беше неможност да се договорат за законот за бранители. Тоа им беше само маркетинг, вели политичкиот аналитичар Исмет Рамадани.
На почетокот се доби впечаток дека е еден сериозен одговор од ВМРО-ДПМНЕ за партнерот ДУИ на она што се случуваше во Слупчане, но како што поминуваше време се попроѕирна беше таа игра, се виде дека перфектно тоа го направија за да добијат во кампањата.
Исмет Рамадани, политички аналитичар.

„На почетокот се доби впечаток дека е еден сериозен одговор од ВМРО-ДПМНЕ за партнерот ДУИ на она што се случуваше во Слупчане, но како што поминуваше време се попроѕирна беше таа игра, се виде дека перфектно тоа го направија за да добијат во кампањата.“

Талат Џафери од ДУИ на седница на Собраниската комисија за труд и социјална политика на која се расправа за законот за бранители. 2012.


Имаше и други тензични ситуации меѓу пратениците во Собранието пред локалните избори и тоа заврши со потпишување договор за нормализација на односите, но експертите имаат различни гледишта дали сега опозицијата ќе излезе со нови барања, овојпат посветени на имплементација на догововорот.

Мислам дека сето ова ќе значи само продолжување на политичката криза, бидејќи настаните на локалните избори покажуваат дека нема волја за разбирање од страна на власта, туку има волја за инсистирање на сопствените ставови, така што веројатно опозицијата во многу краток временски период ќе проба да ги врати овие важни прашања на дневен ред во Собранието.
Здравко Савески, универзитетски професор.
Погрешен е впечатокот дека обвинувањата меѓу власта и опозицијата за измените во Деловникот и настаните од 24 декември стивнаа, изјави професор Здравко Савески. Тој објаснува дека во опозицијата се свесни дека примената на договорот ќе биде многу комплицирано прашање, но како што вели тоа е поради немањето волја кај владеачките партии.

„Мислам дека сето ова ќе значи само продолжување на политичката криза, бидејќи настаните на локалните избори покажуваат дека нема волја за разбирање од страна на власта, туку има волја за инсистирање на сопствените ставови, така што веројатно опозицијата во многу краток временски период ќе проба да ги врати овие важни прашања на дневен ред во Собранието.“

Политичкиот аналитичар Исмет Рамадани, пак, индиректно ја критикуваше опозцијата дека не успеала во периодот пред локалните да ја убеди Меѓународната заедница дека тие случувања ја загрозуваат демократијата.

„Сега имаме една нова ситуација после тоа, кога констатацијата дека има слаба опозиција, се добива впечаток дека сето тоа не беше искористено до крај од опозицијата, за да може од тоа да направи ситуација која ќе можеше да промени нешто во Македонија.“

Одлуката на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да ги изменат собраниските правила по брза постапка, наидоа на остри критики од мисијата на ЕУ во Македонија. СДСМ смета дека Деловникот, што владејачкото мнозинство во отсуство на опозицијата го донесе експресно, според договорот треба да биде изменет и усвоен со консензус, во ВМРО-ДПМНЕ неофицијално велат дека такво нешто не е предвидено во договорот. Прашање за кои власта и опозицијата подолго време не може да се договорат е изборот на преседател на Комисијата за 24 декември.