Достапни линкови

Комисијата за 24 декември во ќорсокак


Собрание на Македонија, 24 декември.
Собрание на Македонија, 24 декември.

Партиите не коментираат за Комисијата која треба да ги утврди фактите за настаните од 24 декември во Собранието. Експертите, пак, велат дека членовите на Комисијата треба да бидат непартиски личности.

Од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ засега не сакаат да го коментираат составот на Комисијата што треба да ги утврди фактите за настаните од 24 декември, а уште помалку да излегуваат со проценки околу работата на ова тело. Досега имаше две консултации и се соопштени само предлозите на членови на комисијата. Објавувањето на партиски кандидати за членови на комисијата предзивика најмногу реакции, особено предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи се одлучија за претеници кои беа дел од инцидентот.
Мене ако ме прашате, многу е добро да се ставаат луѓе кон не учествувале во настанот. Двајца членови се парламентарци, двајцата членови на некој начин се од oпозицијата и прашањето на објективна независност и непристрасност, по мене, веќе е доведена во прашање.
Маргарита Цаца Николовска, судијка.

Коментирајќи го изборот, судијката Маргарита Цаца Николовска, изјави дека дека членовите на Комисијата треба да бидат експерти од областа на правото и дека од ова тело треба да се тргне настрана политичката димензија иако истата го направи она што се случи во Собранието.
Собрание на Македонија, 24 декември.
Собрание на Македонија, 24 декември.

„Мене ако ме прашате, многу е добро да се ставаат луѓе кон не учествувале во настанот. Двајца членови се парламентарци, двајцата членови на некој начин се од oпозицијата и прашањето на објективна независност и непристрасност, по мене, веќе е доведена во прашање.“

Пратениците Благородна Дулиќ и Илија Димовски се предлог на ВМРО-ДПМНЕ, а на СДСМ професорите од првниот факултет Рената Треневска Десковска и Љубомир Фрчковски.

Деновиве продолжуваат консулатциите на кои треба да се предложат по двајца екперти од двете партии за претседател на ова тело. Новиот претседател кој би бил прифатлив за двете партии треба да биде избран со консензус од листата со пет имиња, со оглед дека еден експерт треба да предложи и претседателот на државата. Во ова тело треба да учествуваат и двајца експерти странци, но без право на глас.

Мерсал Биљали очекува странците да бидат контролори на целиот процес. Вниманието првенствено треба да биде насочено кон тоа да се води сметка претседателот да биде непартиска личност, вели Биљали.

„Многу е тешко со оглед на тоа дека членовите на Комисијата се делигираат директно од политичките партии, да се изнајде објективно и рационално решение, но многу ќе зависи од тој што ќе се бави со Комисијата, особено ако е надворешен член.“

Маргарита Цаца Николовска коментира дека во однос на изборот на претседател на Комисијата нема посебна процедура, но нагласи дека тоа треба да биде личност што ќе има кредибилитет пред јавноста и меѓу членовите на Комисијата.

Засега нема рок кога може да се очекува конституирањето на Комисијата. Опозицијата во последно време критикуваше поради одолговлекувањето на формирањето на Комисијата.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG