Шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон зададе неверојатен дипломатски удар, убедувајќи ги премиерите на Србија и на Косово да прифатат договор кој е пресвртница во 13 годишниот ќорсокак во Западен Балкан, пишува Фајненшал Тајмс, додавајќи дека сега ЕУ ќе го зголеми притисокот врз Македонија и Босна.
Малкумина веруваа дека баронесата Кетрин Ештон ќе биде способна да постигне договор меѓу Белград и Приштина. На косовската загатака се гледаше како на најнерешливата од неколкуте сериозни проблеми со кои се соочуваат земјите кои сакаат да и се приклучат на Европската унија.
Затоа повеќето шефови на дипломатии беа среќни овој проблем да и го препуштат на Ештон со претпоставка дека таа нема никакви шанси да го реши, пишува Фајненшал тајмс.
Сепак, постигнат е договор со кој од Србија не се бара да ја признае независноста на Косово, а косовските Срби добиваат широка автономија. Косово пак добива ефективна контрола врз територијата позната како северна Митровица.
Постојат дупки на патот до функционален договор и секако ќе има предизвици во неговата имплементација. Но, и Белград и Приштина индицираа дека тие ја сакаат помошта на Ештон во надгледувањето на тој процес.
Една од причините поради која таа беше способна да ги убеди е тоа што ниту една страна не сакаше улога во преговорите.
Ова докажува дека кога Европската унија зборува на еден глас може да ги употреби нејзините средства и да го надмине тврдењето дека е економски џин, ама политичко џуџе.
Ештон дејствуваше без мешање од министри и премиери на членките на Унијата. Балгодарение на нејзините блиски врски со поранешниот американски државен секретар Хилари Клинтон таа исто така успеа да ги убеди американците да стојат настрана.
Американската дипломатска заштита на косовските интереси им го отежнуваа животот на европејците кои се обидуваа да најдат решенија за проблемите во нивниот двор.
Тачи и Дачиќ покажаа дека имаат храброст да постигнат договор и покрај противењето на националистичките групи.
Но, клучно беше тоа што Ештон успеа на маса да го донесе Александар Вучиќ, претседател на Српската народна партија, најголем партнер во српската влада.
Се до 2008 година тој беше водечка личност на Српската радикална партија, раководена од Воислав Шешељ кому сега му се суди во Хашкиот трибунал. Без согласноста на Вучиќ, преговорите ќе пропаднеа.
Со поставувањето за решавање најпрвин на најтешкиот проблем, Европската унија го зголемува притисокот и врз другите земји во регионот, пред се Босна и Херцеговина и Македонија.
Доколку нивните локални политичари продолжат да го одложуваат решавањето на проблемите, тие ќе слизнат од процесот за приклучување кон Европската унија, прашање за кое најверорајтно нивните електорати се најмногу заинтересирани.
Догодина е 100 годишнинатата од атентатот врз престолонаследникот на Австроунгарија Франц Фердинанд во Сараево, настан што беше повод за Првата светска војна и што ја утврди Балканската репутација на буре барут во Европа.
Регионот останува нестабилен, но ќе биде добар почеток ако на годишнината Европа успее да покаже дека нејзината мека моќ е доволно силна за да го смири бурето барут, се заклучува во анализата објавена во Фајненшал тајмс.
Затоа повеќето шефови на дипломатии беа среќни овој проблем да и го препуштат на Ештон со претпоставка дека таа нема никакви шанси да го реши, пишува Фајненшал тајмс.
Сепак, постигнат е договор со кој од Србија не се бара да ја признае независноста на Косово, а косовските Срби добиваат широка автономија. Косово пак добива ефективна контрола врз територијата позната како северна Митровица.
Со поставувањето за решавање најпрвин на најтешкиот проблем, Европската унија го зголемува притисокот и врз другите земји во регионот, пред се Босна и Херцеговина и Македонија. Доколку нивните политичари продолжат да го одложуваат решавањето на проблемите, тие ќе слизнат од процесот за приклучување кон Европската унија.