Со пораките кои ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ деновиве си ги испратија преку медиумите, а кои се однесуваат на проблемот за името и членството на земјава во ЕУ и НАТО, коалициските партнери глумат со цел да профитираат кај своето членство, оценуваат експертите.
Со пораките кои ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ деновиве си ги испратија преку медиумите, а кои се однесуваат на проблемот со името и членството на земјава во ЕУ и НАТО, коалициските партнери глумат со цел да профитираат кај своето членство. Ова се оценките на дел од експертите по колумната на претседателот на ДУИ Али Ахмети каде што повика дека сега е дојден моментот да се реши проблемот со името за Македонија да стане членка на НАТО и реагирањето на ВМРО-ДПМНЕ со соопштение дека секогаш е време за НАТО, но идентитетот е поважен. Позициите на владините партнери се изнесуваат во јавноста пред и по пролетниот извештај на Европската комисија во кој останаа пререпораката, но остана притисокот за решавање на спорот со Грција.
Комуникологот Петар Арсовски, потсетува дека веќе видена слика во јавноста е ДУИ пред секој важен настан да инсистира да се реши ова прашање без да прецизира што ќе се случи доколку до тоа не дојде, а ВМРО-ДПМНЕ да изнесува свои гледишта.
„Прашањето зошто сега тоа ескалира на јавната сцена и зошто сега пораките се праќаат преку јавната сцена наместо да се прават во кабинет како што е ред меѓу коалициони партнери. Мислам дека ова е минорна ескалација во пресрет на извештајот кој што се случи. Притиснати од политичкиот дијалог којшто се случи за опозицијата да учествува на избори, па тој некој рок кој сите ние имагинарно го толкуваме дека е јуни, инаку не мислам дека е ништо спектакуларно од тоа може да се заклучи.“
Вчера во јавноста премиерот Никола Груевски беше воздржан дали во јуни очекува датум додавајќи дека тоа не зависи само од нас. ДУИ, пак, неколку пати јавно побара побрзо решавање на спорот за името и со тоа членство во НАТО.
Исто така може да се каже дека позициите на ДУИ како владин партнер беа изнесени во јавноста во очи на посетата на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон која го нагласи решавањето на спорот за името како нешто за што нема алтернатива. Претходно во Македонија беше еврокомесарот
за проширување Штефан Филе.
Некои експерти колумната на Ахмети ја толкуваа не како притисок туку како создавање амбиент и охрабрување за решавање на спорот со Грција, но политичкиот аналитичар Алајдин Демери вели дека истата има намена за домашна употреба исто како и соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во кое партија та нагласува дека важано е НАТО, но оти е поважен идентитетот.
„Колумната повеќе беше за албанскиот електорат, дека еве јас нешто правам. Одговорот на Груевски исто е театрален, дека тој не може да се откаже, што всушност укажува дека тие во суштина се разбрале, но сега треба да се задоволат вкусовите на електоратот.“
Инаку можноста земјава да добие датум за почеток на преговорите во јуни ќе се разгледува во понеделник на состаноците на Советот на министри за надворешни работи во Луксембург.
Прашањето зошто сега тоа ескалира на јавната сцена и зошто сега пораките се праќаат преку јавната сцена наместо да се прават во кабинет како што е ред меѓу коалициони партнери.Петар Арсовски, комуниколог.
Комуникологот Петар Арсовски, потсетува дека веќе видена слика во јавноста е ДУИ пред секој важен настан да инсистира да се реши ова прашање без да прецизира што ќе се случи доколку до тоа не дојде, а ВМРО-ДПМНЕ да изнесува свои гледишта.
„Прашањето зошто сега тоа ескалира на јавната сцена и зошто сега пораките се праќаат преку јавната сцена наместо да се прават во кабинет како што е ред меѓу коалициони партнери. Мислам дека ова е минорна ескалација во пресрет на извештајот кој што се случи. Притиснати од политичкиот дијалог којшто се случи за опозицијата да учествува на избори, па тој некој рок кој сите ние имагинарно го толкуваме дека е јуни, инаку не мислам дека е ништо спектакуларно од тоа може да се заклучи.“
Колумната повеќе беше за албанскиот електорат, дека еве јас нешто правам. Одговорот на Груевски исто е театрален, дека тој не може да се откаже, што всушност укажува дека тие во суштина се разбрале, но сега треба да се задоволат вкусовите на електоратот.Алајдин Демири, аналитичар.