„Порака-Наша“ чека на пари од општината

Дневниот центар „Порака-Наша“ во Куманово.

Од „Порака-Наша“ се надеваат дека наскоро ќе ја добијат ветената помош од општината во износ од еден милион и 110 илјади денари за оваа година за да може Центарот да функционира.
Дневниот центар „Порака-Наша“ во Куманово, во кој пет денови од седмица се згрижуваат корисници со интелектуална попреченост над 18 годишна возраст годинава ја започна со финансиски проблеми. Вработените и родителите на овие лица се надеваат дека во блиска иднина ќе биде реализирана одлуката донесена пред крајот на минатата година од претходниот општински Совет и од старо-новиот градоначалник и дека еден милион и 110 илјади денари за оваа година ќе бидат на сметката на Центарот, заради неговото нормално функционирање.
Иако минатата година имавме можност за проширување и речиси добиен инфраструктурен проект од ИПА програмата, поради недобиено одобрение за градба ни падна проектот. Во проектот партнер ни беше Струмјани од Бугарија, тие добија 170 илјади евра, а ние изгубивме 270 илјади евра.
Татјана Арсовска, родител на корисник на Дневниот центар.

Благица Димитровска претседателка на ова Здружение вели:

„Програмата и активностите се реализираат секојдневно со мали финансиски средства добиени од Министерството за труд и социјални работи за пет месеци,околу 110 илјади денари.“

Во меѓувреме Центарот има долгови, неплатени сметки, а треба да се обезбеди и плата на тројцата вработени.

„Со средствата кои ќе ги добиеме од Општината ќе ги вратиме долговите.“

Во Центарот треба да има петмина вработени стручни лица, а меѓу неколкуте волонтери со корисниците работи и една волонтерка од Американскиот мировен корпус. Димитровска вели дека сегашната волонтерка кон крајот на годинава ќе замине, меѓутоа додава дека поради
Има напредок иако улогата на центрите е згрижувачка, имаме напредок на секое поле. Социјализацијата е вториот степен, бидејќи од овие деца треба да направиме активни граѓани на општеството. Ни останува завршниот чекор, процесот на вработување, имаме потешкотии, но се надеваме дека ќе биде во најдобар ред.
Фросина Симоновска, логопед.
потреба ќе аплицираат за нов волонтер.

„Бидејќи во овој Дневен центар треба да има најмалку пет вработени, за да можат да се справат со 21 корисник и да биде сето тоа наменето кон поддршката на корисниците за самостојно живеење.“

Во Центарот има корисници од сите етнички заедници,но просторот е ограничен,
а на листа на чекање се уште околу 40-ина лица.

„Имаме уште невратени деца од Демир Капија, иако знаеме дека е ратификувана Конвенцијата, а најповеќе се деца од Кумановскиот регион. Иако минатата година имавме можност за проширување и речиси добиен инфраструктурен проект од ИПА програмата, поради недобиено одобрение за градба ни падна проектот. Во проектот партнер ни беше Струмјани од Бугарија, тие добија 170 илјади евра, а ние изгубивме 270 илјади евра. Замислата ни беше за проширување на центарот и четири станбени единици за самостојно живеење со поддршка.“

РСЕ: Кој требаше да го одбри?

„Секако, локалната смаоуправа и градоначалникот“, вели Татјана Арсовска родител на корисник на Дневниот центар.

Центарот функционира благодарение на дополнителна финансиска поддршка од бизнис секторот не само од Куманово туку и од целата држава.И тоа со постојани донации од нивните прозиводи, а една фирма донира по 200 евра месечно.

Логопедот Фросина Симоновска четири години е во Центарот и вели:

„Има напредок иако улогата на центрите е згрижувачка, имаме напредок на секое поле. Социјализацијата е вториот степен, бидејќи од овие деца треба да направиме активни граѓани на општеството. Ни останува завршниот чекор, процесот на вработување, имаме потешкотии, но се надеваме дека ќе биде во најдобар ред.“

Дејан Стојановски педагог вели дека се радуваат и на минимален напредок по било кој основ.

„Имам елан за работа и би сакал тоа да го пренесам на некој кој би дошол по мене. За оваа работа се потребни емоции, да го сакаш тоа.“

Во Куманово функционира уште еден дневен центар за лица со попреченост до 18 годишна возраст кој целосно е финансиран од државниот буџет.