Достапни линкови

Здруженија од Македонија и од Албанија заеднички по ИПА фондови


Дебар.
Дебар.

Здруженија на граѓани за лица со посебни потреби од Дебар и од Поградец заеднички по пари од ИПА фондови.

Невладиниот сектор од општина Дебар во последно време развива плодна меѓугранична соработка со здруженија од Албанија. Во таа насока во последните месеци видно е зголемена соработката и на здруженијата на лица со посебни потреби. Овие здруженија, соработката ја развиваат особено на полето на размената на искуствата, но и подготвувањето на проекти од страна на здруженијата од Македонија и Албанија од пограничните населени места за конкурирање за ИПА фондовите.
Соработката со здружението од Поградец е за размена на искуства со цел да има соодветна заштита на лицата со посебни потреби. Нашето и нивното здружение имаат речиси исти проблеми.
Беким Аме, претседател на дебарското здружение на родители на деца со посебни потреби „Порака“.

Беким Аме, претседател на дебарското здружение на родители на деца со посебни потреби „Порака“.
Беким Аме, претседател на дебарското здружение на родители на деца со посебни потреби „Порака“.
Досега граѓанските организации од Дебар со здруженија од Албанија се во тек на реализација на два проекта од ИПА фондовите на ЕУ. Но сега е прв пат да се подготвуваат проекти за лица со посебни потреби, за кои здруженијата од Дебар „Порака“ и од Поградец „Топла рака“ сметаат дека ќе имаат ефекти во однос на подобрувањето на положбата на оваа категорија лица и подобрување на нивната положба.

„Соработката со здружението од Поградец е за размена на искуства со цел да има соодветна заштита на лицата со посебни потреби. Нашето и нивното здружение имаат речиси исти проблеми“, подвлекува Беким Аме, претседател на дебарското здружение на родители на деца со посебни потреби „Порака“.
Ние се запознаваме со условите за работа и разговараме за начинот на организирање на активностите. Сега сметаме дека заедничкото учество во ИПА фондовите ќе даде ефекти со цел да се подобри положбата на овие лица.
Ерзен Ќаво, координатор на здружението на лица со посебни потреби „Топла рака“ од Поградец.

Според Аме, евентуалното добивање на проекти од ИПА фондовите ќе овозможи интегрирање на оваа категорија лица во општеството на двете страни од границата.

„Исто така наша цел е и да имаме заеднички проекти за добивање на ИПА фондови од Европската унија. Тие фондови даваат можност да ја подобриме состојбата на оваа категорија лица. Договоривме соработка со здружението од Поградец да имаме заеднички проекти, кои ќе дадат можност да се подобри положбата на двете здруженија, а со тоа и положбата на лицата со посебни потреби“, вели Аме.

Координаторот на здружението на лица со посебни потреби „Топла рака“ од албанскиот град Поградец, Ерзен Ќаво е убеден дека ефектите од заедничките проекти ќе дадат резултати.

„Ние сме горди што воспоставивме соработка и се збратимивме со здружението од Дебар „Порака“. Во основа разменуваме искуства од двете здруженија, потоа ги посетивме и седиштата на здруженијата во двете земји. Ние се запознаваме со условите за работа и разговараме за начинот на организирање на активностите. Сега сметаме дека заедничкото учество во ИПА фондовите ќе даде ефекти со цел да се подобри положбата на овие лица.“

Во подготвувањето на проектите на двете здруженија, поддршка има од локалните власти во Дебар и Поградец, наведуваат претставниците на здруженијата. Исто така, тие имаат добиено и поддршка од стручни кадри кои имаат искуство во подготвување на проекти и тоа како помош на двете здруженија за добивање на проекти од ИПА фондовите.

Лицата со посебни потреби се категорија која бара посебно внимание од страна на општеството, а тоа досега не е доволно ниту во Дебар, ниту пак во Поградец, наведуваат раководителите на здруженијата.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG