Втора шанса за градски татковци

Се очекува тесна битка да се води во оние општини каде што разликата од првиот круг не надмина 5 проценти односно во Ѓорче Петров, Куманово, Центар, Велес Гостивар и Берово.
Втор изборен круг ќе се оддржи во 29 општини и градот Скопје, додека првиот ќе се повтори во три избирачки места во Струмица и едно во Доленени. Меѓу поголемите локални самоуправи во кои ниту еден од кандидатите не освои глас повеќе од 50 проценти од излезените од првиот круг се Битола, Куманово, Тетово, Струга, Велес, Гостивар и скопските општини Центар, Ѓорче Петров, Бутел, Карпош и Чаир.
Кога режимска власт организира и спроведува избори, тие не можат да бидат ниту слободни, ниту фер, а најмалку демократски. Најпроблематични општини во вториот круг ќе бидат оние општини каде што народот јасно покажа дека не дава поддршка на режимска власт, а тоа се Струмица, Центар, Битола.
Весна Бендеска, СДСМ.
​Се очекува тесна битка да се води во оние општини каде што разликата од првиот круг не надмина 5 проценти односно во Ѓорче Петров, Куманово, Центар, Велес Гостивар и Берово.

Жестоката кампања во вториот изборен круг во Центар и Ѓорче Петров каде што Андреј Жерновски му бега на Владимир Тодоровиќ за околу 1400 гласа, а Сокол Митревски води во однос на Александар Наумовски со 600 гласа, укажува на тежок политички натпревар. Слична кампања со негативни елементи се водеше и во Битола.

Андреј Жерновски, кандидат за градоначалник на Општина Центар во Скопје.


Весна Бендеска од опозициската СДСМ вели дека очекува тешка битка во вториот круг затоа што владејачката ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја задоволи, како што вели таа, суетата на Груевски и да ги контролираат сите општини.
Ставот на нашата партија е дека во одредени општини, таму каде што општинскиот огранок на партијата ќе процени дека еден о кандидатите најдобро ќе ја презентира и програмата на ДУИ во конкретната општина кадешто ние не сме влезени во вториот круг.
Бујар Османи, портпаролот на ДИУ.

„Кога режимска власт организира и спроведува избори, тие не можат да бидат ниту слободни, ниту фер, а најмалку демократски. Најпроблематични општини во вториот круг ќе бидат оние општини каде што народот јасно покажа дека не дава поддршка на режимска власт, а тоа се Струмица, Центар, Битола.“

Можна е и неизвесна битката во Тетово, затоа што се уште ниту една од големите македонски политички партии јавно не соопштија на чие конто ќе легнат нивните гласови, на ДУИ или на ДПА. Од друга страна, пак, според партиски извори се наговестува дека владините коалиционери ќе си дадат меѓусебна поддршка во оние општини каде што немаат свој кандидат за градоначалник.

Зиадин Села, кандидат за градоначалник на Струга од ДПА.


Портпаролот на ДУИ Бујар Османи вели дека не може да каде во која општина ќе има најжестока битка затоа што секоја од деветте општини каде влегуваат во вториот круг е од големо значење за нив, така што не би одвоил некоја од нив. ДУИ до сега не соопшти јавно на која партија ќе ја даде својата поддршка, освен во Струга.
Очекувам победа на мнозинството, бидејќи во принцип демократијата е волја на мнозинството. Во Струга сега за жал во вториот круг гласачите се поделени на две, се гласа по етнички линија, но мнозинството во Струга е албанско и нема како да биде друго.
Зиадин Села, ДПА.

„Ставот на нашата партија е дека во одредени општини, таму каде што општинскиот огранок на партијата ќе процени дека еден о кандидатите најдобро ќе ја презентира и програмата на ДУИ во конкретната општина кадешто ние не сме влезени во вториот круг“, вели портпаролот на ДИУ Бујар Османи.

Во Струга се очекува етничко гласање со оглед на тоа што кандидатот на ДПА Зиадин Села ја доби поддршка од ДУИ во вториот изборен круг.

„Очекувам победа на мнозинството, бидејќи во принцип демократијата е волја на мнозинството. Во Струга сега за жал во вториот круг гласачите се поделени на две, се гласа по етнички линија, но мнозинството во Струга е албанско и нема како да биде друго.“

Села доби поддршка и од НДП, но во Гостивар Руфи Османи се уште јавно никој не му изрази поддршка, па можно е да остане сам во битката со ДУИ кој очекува помош од својот коалиционер.

Инаку 49 општини ги добија своите градоначалници во првиот круг.