Само реклами не носат туристи

Архивска фотографија: Една од контроверзните владини кампањи за туризам.

Власта најави дека преку рекламна кампања вредна 270.000 евра ќе привлекува туристи. Во јануари годинава се намалил бројот на туристи за речиси 6 проценти во споредба со истиот период лани.
Рекламата сама по себе нема да привлече туристи кога потенцијалните посетители ќе ги споредат трошоците за посета на Македонија со друга земја во регионов, велат упатените. Власта најави дека преку рекламна кампања вредна 270.000 евра ќе привлекува туристи. Најавата следи по обелоденувањето на информациите од државниот Завод за статистика дека во јануари годинава се намалил бројот на туристи за речиси 6 проценти во споредба со истиот период лани.
Јас зимава бев во Бугарија, на Боровец. На граница цариникот ми рече - Ангел што направивте цела Македонија се пресели во Бугарија. Да, се пресели, затоа што цените се неверојатно конкурентни, ниски, а згора на тоа хотелите се многу квалитетни, услугата исто така и конечно во Македонија никако да проработи тој така наречен „all inclusive“, кој таму е веќе секојдневие, небаре е ноќевање со појадок.
Ангел Иванов, претседател на Туристичкиот сојуз на град Скопје.

Претседателот на Туристичкиот сојуз на град Скопје Ангел Иванов вели дека намалувањето на бројот на посетители зависи од многу фактори, како на пример силната зима во Европа.

„За жал сè уште не сме влезени во кругот на тие земји кои имаат и евтини летови и евтин престој. Мислам дека престојот во нашите хотели, особено во Скопје и во зимските центри, воопшто не е конкурентен во однос на околните земји.“

Преспанско Езеро.


Колку ќе ги чини потенцијалните туристи да стигнат до Македонија?

Ако патувањето се планира денеска, од Централна Европа до Скопје, на пример од Прага, а летот се закажува десет дена однапред, картата ќе чини од 400 до 850 евра и тоа во најниската класа(нема откажувања, нема надомест за пропуштен лет, а некогаш се поаѓа во 3 часот наутро). За истиот лет до Белград или до Софија најниската цена е помала за 100 евра. Со разликата може да се плати најмалку еден ден престој во хотел со 4 звезди или да се лета во повисока класа. Ниско-буџетните компании немаат директен лет до Прага. Пресметката е направена со споредба на цени од 5 авиокомпании.

Цената на ски–карта во туристичките центри во земјава достигнуваше 17 евра, а дел од посетителите велат дека плаќале и по 20 евра дневно. На Копаоник во Србија ски-картата се продаваше за 2,6 евра.

Што прават туристите? Иванов наведува пример:

„Јас зимава бев во Бугарија, на Боровец. На граница цариникот ми рече - Ангел што направивте цела Македонија се пресели во Бугарија. Да, се пресели, затоа што цените се неверојатно конкурентни, ниски, а згора на тоа хотелите се многу квалитетни, услугата исто така и конечно во Македонија никако да проработи тој така наречен „all inclusive“, кој таму е веќе секојдневие, небаре е ноќевање со појадок.“

Освен на рекламите, туристите ги земаат предвид и трошоците, вели комуникологот Климе Бабунски.

„Сè е фрлено во вода, ако кога ќе се види ценовникот на трошоците, работата излегува – да, тоа место е убаво, но не е за мене. Има и други место што се поевтини дотолку што вистинско прашање е кој сè, ако може така да се каже, конкретизациите на гуглањето при Македонија како туристичка цел.“

Иницијативата за рекламирање преку „Гугл“ ќе биде последна од серија туристички реклами кои се плаќаат со народни пари.