Предизборната кампања за локалните избори што треба да се одржат на 24 март е главна тема во сите дневни весници.
За да биде и овој преглед во духот со општата политичка атмосфера во земјава, „Ни следат три недели кампања - почнува изборната треска за 24 март“ - информира Дневник, откривајќи ги клучните зборови во кампањата за локалните избори: „ВМРО-ДПМНЕ зборува за работни места и за градење, СДСМ за гасификација и за вработувања“. Вечер забележува дека нема креативност во изборните слогани: „Ретко духовито, повеќе силовито“- ќе наслови весникот, кој инаку забележува дека: „Професорки, актерки, докторки... сите кинисале за градоначалнички“.
Нова Македонија смета дека „Името штанца нови предавници и патриоти - Црвенковски вели дека одлучил да учествува на локалните зашто Груевски ветил дека ќе го реши името до јуни, а Груевски возвраќа дека не може да продаде нешто што опозицијата веќе го продала“. Вечер се приклучува кон ова, па насловува дека „Бранко 20 години живее од продажбата на името“.
Почетните партиски митинзи ги предизвикува весниците да прават анализа на желбите на двете најголеми партии: Утрински наведува дека „Охрид е тивок копнеж на ВМРО-ДПМНЕ“, а дека „Опозицијата не ја дава Струмица“. Утрински, исто така, забележува дека „Црвенковски е без партиска придружба на митинзите“, а од партијата добил објаснување дека станува збор за изборна стратегија со цел, двата каравана, вториот со другите партиски функционери, да опфатат што е можно повеќе градови и населени места.
Од економските теми: дневниот Фокус информира дека „Белград дозволи повисоки дози афлатоксин - српското млеко не ќе може да се увезува“. Утрински информира дека „Афлатоксинот ги поскапе млечните производи - зголемени се цените на сирењето и на кашкавалот, како и на преработките од месо“.
Дневник насловува: „Сточарите револтирани од уредбата на Агенцијата за храна - фармерите велат дека поради скапата добиточна храна и ниската откупна цена на млекото не им се исплати да се занимаваат со производство, а исполнувањето на стандардите за безбедност на храна до 2015 година е невозможно за наши услови“. Нова Македонија пишува: „Ќе останеме без земјоделци со ваков природен прираст - статистиката покажува дека во југозападниот регион на земјава речиси 50 отсто од општините имаат негативен природен прираст“.
Утрински забележува дека „Поплавите го уништија раноградинарскиот зеленчук - нема да има македонски домат, пиперки и краставици на нашите пазари оваа пролет“.
ВМРО-ДПМНЕ зборува за работни места и за градење, СДСМ за гасификација и за вработувања.Дневник.
Белград дозволи повисоки дози афлатоксин - српското млеко не ќе може да се увезува.Фокус.