Скијачката Колароска обезбеди норма за Олимпијада

Марија Колароска, нордиска скијачка.

Нордиската скијачка Марија Колароска е првата спортистка од Македонија, која обезбеди настап на ЗОИ, што наредната година во февруари ќе се одржат во рускиот град Сочи.
Нордиската скијачка Марија Колароска е првата спортистка од Македонија, која обезбеди настап на ЗОИ, што наредната година во февруари ќе се одржат во рускиот град Сочи.
Задоволна сум од исполнетата норма во Крушево и во другите држави. Многу бев возбудена после трката, сакав да постигнам резултат за да одам на Олимпијада. Со скандинавските тренинзи тоа го постигнавме, тренирав упорно, бев многу подготвена и планирам да бидам уште подобра, да направам уште подобри резултати во наредната година.
Марија Колароска, нордиска скијачка.

Овој подвиг, 15-годишната крушевчанка го постигна минатата недела, откако во својот роден град, на меѓународниот меморијал „Тоше Проески“, ја исполни Б олимписката норма, со освоеното шесто место на трката на 5 километри. Со тоа членката на „Олимпик ски“ клубот, на најдобар начин ја круниса напорната и успешна сезона, што покрај големото задоволство, ѝ донесе и дополнителен мотив за поголеми успеси во иднина.

„Задоволна сум од исполнетата норма во Крушево и во другите држави. Многу бев возбудена после трката, сакав да постигнам резултат за да одам на Олимпијада. Со скандинавските тренинзи тоа го постигнавме, тренирав упорно, бев многу подготвена и планирам да бидам уште подобра, да направам уште подобри резултати во наредната година“, рече втората нордијка од нашата земја со обезбедено учество на ОИ, по Росана Кироска на претходната Олимпијада во Ванкувер.
Сите тренираа и сакав да пробам како е. И ете ме привлече. Еднаш кога пробав и од тогаш ме тера тој спорт. И откога ја направив Б нормата за Сочи ме привлече уште подобро да тренирам и да освојам и други резултати.
Марија Колароска, нордиска скијачка.

До настапот во Сочи остануваат уште 11 месеци, но Марија уште од сега најавува атак на пласман многу подобар од актуелниот рејтинг. Средношколката од СОУ „Наум Наумовски Борче“ во Крушево е свесна дека тоа не може лесно да се оствари, но и е убедена дека со давање на максимумот и со упорност, ништо не е невозможно. Адут за таквите очекувања е и фактот што за визата за Сочи се избори по само 4-годишна нордиска кариера. Таа, пак, како што најчесто се случува, почна од љубопитност.

„Сите тренираа и сакав да пробам како е. И ете, ме привлече. Еднаш кога пробав и од тогаш ме тера тој спорт. И откога ја направив Б-нормата за Сочи ме привлече уште подобро да тренирам и да освојам и други резултати“, додаде најмладата македонска олимпијка, која не пропушта да ги истакне и најзаслужните за нејзиниот метеорски скок во нордиското скијање.

„Најмногу му благодарам на селекторот Ѓоко Динески. Цело лето, цела зима со него тренирам и тој најдобро ми помогна. И тренерот од Крушево, Димитар Пејчиноски доста и тој помогна. И можам да му се заблагодарам на мојот спонзор Горан Трпкоски, кој ме финансираше за сите тренинзи“, истакна Марија Колароска, која со успех тренира и биатлон.

Како што вели самата, тој и е поомилен од скијањето, но, бидејќи станува збор за нордиска дисциплина во која се користи оружје, право за официјален настап во неа ќе има откако ќе наполни 19 години (по 4 години).