Слика на Ататурк ги зовре страстите во училиште во Охрид

Основното училиште Братство и единство во Охрид.

Слика со ликот на поранешниот турски државник и основачот на модерна Турција Кемал Ататурк која неодамна беше поставена во една од просториите на Основното училиште Братство и единство во Охрид ги разгоре страстите помеѓу дел од вработените.
Професорка од турска националност во ова училиште во една од училниците ја ставила сликата од Ататурк на видно место. Но сликата предизвикала реакции кај нејзини колеги. Директорот на училиштето Муарем Доко вели дека не станува збор за никаков инцидент и дека некој од целиот настан сака политички да профитира, да собере некој политички поен на грбот на децата, професорите, но и добриот соживот во училиштето во кое учат ученици од сите националност, а кој бил граден со години.
Немало никаков инцидент, туку се користат приликите поради изборите, некој да добие поени во училиштето и надвор од него. Како наставничката ја поставила сликата на видно место јас не знам.
Муарем Доко, директор на училиштето Братство и единство.

„Немало никаков инцидент, туку се користат приликите поради изборите, некој да добие поени во училиштето и надвор од него. Како наставничката ја поставила сликата на видно место јас не знам. Јас и реков да ја постави во катчето по историја, а не на видно место. Таа мене ме праша дали да ја постави, јас и реков да, но онаму каде и местото во соодветно катче, а не каде што сака“, вели Доко.

Биљана Тодороска наставничка по македонки јазик призна дека откако влегла во училницата и ја видела сликата на Ататурк не и се допаднало и реагирала и затоа им рекла на децата да се свртат со столчињата. Тодороска вели дека не можела да држи час по македонски јазик со сликата на Ататурк над неа.

Муарем Доко, директор на основното училиште Братство и единство во Охрид.


Како ќе беше ја да држам настава на македонски јазик , а над мене да ја имам сликата на Кемал Ататурк?
Биљана Тодороска, наставничка по македонски јазик.
„Јас кога влегов на час веднаш забележав реакција од учениците. Тие ми посочија дека на таблата има слика. Јас држам час по македонски јазик. Овие деца кои се на 9 годишна возраст веднаш осетиле реакција. Како ќе беше ја да држам настава на македонски јазик , а над мене да ја имам сликата на Кемал Ататурк? Јас бев таа која им посочив на децата да ги сменат столчињата на другата страна и не бегам од тоа. Од мој морални причини јас тоа не можам да го дозволам“, рече Тодороска.

Смиле Наумоски библиотекар во училиштето вели дека некој сака од влакно да направи ортома.

„Проверете на фејсбук кога се допишуваат и поставуваат слики каде се сликани една Македонка и една Турчинка, или Албанка и Македонка и колку се сакаат меѓу себе. Не сакам да се дава значење од нешто што не е значајно и од влакно да не се прави ортома“, вели Смиле Наумоски-библиотекар во училиштето.

Сликата после настанот експресно е тргната од училницата и е поставена во холот на училиштето.