Неизвесен е почетокот на новата учебна година во дел од училиштата во Струга и струшко. Во едно од најголемите основни училишта во градот, Јосип Броз Тито, поради неплатени сметки нема струја, а без струја е и Основното училиште Асим Агуши во селото Радолишта. Во двете заедно настава следат повеќе од 1.000 ученици. До неодамна без електрична енергија беше и еден од објектите на училиштето Браќа Миладиновци, но договорено е сметките да бидат исплатени на рати, изјави Џеми Хајредини раководител на секторот за образование во општина Струга.
Според него, причина за ваквата ситуација биле намалените блок дотации од страна на Министерството за образование.
„Блок дотациите од година во година се намалуваат. Не стасува за струја, а не пак за превоз и за греење. За последните три години имаме долг од 280 милиони денари. Ние немаме друг фонд од каде да најдеме средства и сега влегуваме во долгови. Министерството имаше погрешни проекти како што е компјутер за секое дете или секој наставник, кога немаме клупа или санитарните чворови немаат врати, а ние одиме на нешто луксузно“, вели Хајредини.
„Не можам да кажам колку е точната сума, бидејќи со ЕВН имаме потпишано договор на рати да го исплаќаме долгот. Настојуваме и со доверителите со нафта и за превоз да ги решаваме договорно обврските, иако обврската со блок дотациите е на државата. Намалени се блок дотациите и немаме доволно средства колку што ни се потребни“, вели Наумовски.
Долгот на училиштата не е мал, но истиот моментално се подмирува со средства од општината, за да не се случи училиштата да бидат блокирани во извршувањето на редовната настава, вели Наумовски.
Блок дотациите од година во година се намалуваат. Не стасува за струја, а не пак за превоз и за греење. За последните три години имаме долг од 280 милиони денари. Ние немаме друг фонд од каде да најдеме средства и сега влегуваме во долгови. Министерството имаше погрешни проекти како што е компјутер за секое дете или секој наставник, кога немаме клупа или санитарните чворови немаат врати, а ние одиме на нешто луксузно.Џеми Хајредини, Сектор за образование во општина Струга.
„Блок дотациите од година во година се намалуваат. Не стасува за струја, а не пак за превоз и за греење. За последните три години имаме долг од 280 милиони денари. Ние немаме друг фонд од каде да најдеме средства и сега влегуваме во долгови. Министерството имаше погрешни проекти како што е компјутер за секое дете или секој наставник, кога немаме клупа или санитарните чворови немаат врати, а ние одиме на нешто луксузно“, вели Хајредини.
Некои од училиштата во Струга немаат пари за варосување на училниците, а дел од директорите се и на суд за неподмирени сметки кон одредени фирми. Во соседен Охрид засега не доаѓа под знак прашалник почетокот на учебната година. Во сите училишта има струја, нема блокирани жиро сметки, но проблемот со долговите за неисплатени сметки за нафта, превоз и струја е присутен и овде, вели Серафим Наумовски раководител на секторот за образование во општина Охрид.
Долгот на училиштата не е мал, но истиот моментално се подмирува со средства од општината, за да не се случи училиштата да бидат блокирани во извршувањето на редовната настава, вели Наумовски.