Најстарото Основно училиште во Охрид Братство и Единство, и оваа учебна година продолжува со негување на традицијата на соживот меѓу сите заедници кои живеат во градот. Без проблем и без какви и да било инциденти досега наставата во ова училиште се изведува паралелно на три наставни јазици македонски, албански и турски. Настава овде следат и деца од ромска и египќанска националност.
На свеченоста по повод новата учебна година, ученици облечени во македонска, турска и албанска носија изведоа неколку ора и песни од сите националности. Директорот Муарем Доко вели дека од вкупно 431 училиште во Македонија, Братство и Единство е прогласено за четврто во проектот Меѓуетничка интеграција во образованието
„Тоа докажува дека ние со соработката со родителите и наставниците и децата, во една хармонична фамилија живееме и досега не сме имале меѓунационален проблем. Тоа продолжува и денес. Ние и понатаму ќе делуваме како мултиконфесинално и мултинационално и ќе бидеме пример за сите други училишта“, рече Доко.
Тој вели дека настојуваат смените повторно да бидат мешани, онака како што било порано. Но имаат безброј проекти во кои се вклучени ученици од сите националности.
„Се трудиме сите активности, како што се приредбите, смените, ескурзиите да ги правиме мултинационално. Најконкретен пример е патронатот кој што е мултинационален. Ескурзиите во Кипар, Бурса, Јалова беа со мешан состав. Инциденти до сега не сме имале“, рече Доко.
Чести се примери кога родителите од другите националности, особено од турска националност своите деца ги запишуваат на настава на македонски јазик, што доволно зборува за соживотот помеѓу сите заедници во Охрид. Инаку во Охрид учебната година започна без проблем. Градоначалникот Александар Петрески вели дека и покрај долговите со кои се соочуваат училиштата, успеале да инвестираат во дел од објектите.
„Во една градинка направивме нови простории со големина од 500 м2, во постапка е решението со таваните во училиштето во селото Елшани. За разлика од други општини ние навреме ги средивме работите“, рече Петрески.
Во Струга проблемите со струјата во дел од училиштата се надминати. Со ЕВН било договорено сметките да бидат платени на рати, информираат од општина Струга.
Ние со соработката со родителите и наставниците и децата, во една хармонична фамилија живееме и досега не сме имале меѓунационален проблем. Тоа продолжува и денес. Ние и понатаму ќе делуваме како мултиконфесинално и мултинационално и ќе бидеме пример за сите други училишта.Муарем Доко, директор на ОУ Братство и единство од Охрид.
На свеченоста по повод новата учебна година, ученици облечени во македонска, турска и албанска носија изведоа неколку ора и песни од сите националности. Директорот Муарем Доко вели дека од вкупно 431 училиште во Македонија, Братство и Единство е прогласено за четврто во проектот Меѓуетничка интеграција во образованието
„Тоа докажува дека ние со соработката со родителите и наставниците и децата, во една хармонична фамилија живееме и досега не сме имале меѓунационален проблем. Тоа продолжува и денес. Ние и понатаму ќе делуваме како мултиконфесинално и мултинационално и ќе бидеме пример за сите други училишта“, рече Доко.
За разлика од други општини ние навреме ги средивме работите.Александар Петрески, градоначалник на Охрид.