Речиси сите македонски неделници пишуваат за локалните избори и истекувањето на роковите за надминување на политичката криза. Глобус ја споредува ситуацијата со кубанската нуклеарна криза од 60-тите година, а Фокус смета дека власта ја постигнала целта да ја раскара опозицијата. Граѓански пишува дека Македонија влегува во период на „еднопартиска демократија“, а Република дека и меѓународната заедница му го завртела грбот на Црвенковски.
Глобус - Локалните избори како кубанската криза
И пак за локалните. Овој пат, Глобус ги споредува со кубанската криза во далечните 60-ти на минатиот век. Граѓаните, пишува неделникот, без сомнение очекуваа до последен миг, до минатата сабота на полноќ, дека нешто ќе се случи како вовед во разрешницата на големата политичка криза. Значи, владеачкиот тим да ја признае и корегира некако својата вина за влезот во кризата, а опозицијата да влезе во секојдневниот парламентарен ритам. Тоа не се случи, и од 15 февруари на полноќ земјата нема легитимна опозиција, а како власта ќе игра во вакви услови целосно е нејасно, смета Глобус. Знак дека некој тука е непопустлив „до даска“ даде еврокомесарот Филе, со фрлањето на марамчето во нашиот ринг – „ние сега сме предадени на лавовите на меѓународното игнорирање“ - заклучува неделникот.
Фокус - Груевски ја постигна целта - наместо против власта, опозицијата ќе се тепа и меѓу себе
Фокус, пак, смета дека „Груевски ја постигна целта - наместо против власта, опозицијата ќе се тепа и меѓу себе“. Имено, откако Јакимовски одбра нешто, Црвенковски не оди на сè или ништо, но остава простор за компромис со власта за излез од кризата. Бучковски повтори дека го чека мајскиот конгрес, додека Андов предлага итно бранково заминување од лидерската позиција во партијата. Во меѓувреме, потенцира Фокус, Груевски ладно го става Талат Џафери на чело на Одбраната. Колку да навести што сè може да прави доколку спроти себе има раскарана опозиција!
Граѓански - Изминаа роковите за решавање на кризата
„Изминаа роковите за решавање на кризата“ - констатира Граѓански, па во пошироката анализа на актуелната политичка состојба резигнирано констатира: „Којзнае по кој пат на крстопат“ - за да напише дека ако не се случи чудо во последен момент, а тоа не се случи, Македонија влегува во период на „еднопартиска демократија“ со висок степен на непредвидливост на настаните и на можното решение. Внатрепартискиот судир и интраетничките тензии допрва ќе кулминираат, смета неделникот, а политичката некултура на лидерите, во која не постојат термините дијалог и компромис, го направи невозможно доаѓањето до договор. Главното прашање е какви ефекти ќе предизвика спомнатата „еднопартиска демократија“ и дали и колку е одржлива.
Република - И странците го оставија сам
И Република се занимава со состојбата со бојкот на локалните преку призмата на „ликот и делото“ на Црвенковски, па во насловот пишува: „И странците го оставија сам“. Бојкотот на локалните избори - самоубиствена политика на СДСМ, која може да го забрза падот на Црвенковски, и бришење од политичката сцена на лидерите од помалите политички партии на „Сојузот на иднината“, наведува неделникот во анализата во која констатира и дека Јакимовски му забил нож в грб на Црвенковски.
Ние сега сме предадени на лавовите на меѓународното игнорирање.Глобус.
Внатрепартискиот судир и интраетничките тензии допрва ќе кулминираат, а политичката некултура на лидерите, во која не постојат термините дијалог и компромис, го направи невозможно доаѓањето до договор.Граѓански.