Главната тема во разговорите со шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле, според најавите, ќе биде европската интеграција на Македонија и политичката ситуација. Експерите очекуваат тој да ги повтори ставовите на меѓународната заедница.
Министерот за надворешни работи на Германија Гидо Вестервеле при денешната посета на земјава најверојатно ќе ја повтори пораката од меѓународната заедница дека политичката криза треба да ја решат лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Бранко Црвенковски, се очекувањата на експерите.
Главната тема, според најавите, ќе биде европската интеграција на Македонија и политичката ситуација. Предвидени се разговори со претседателот Ѓорѓе Иванов, министерот за надворешни работи Никола Попоски, вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, како и со лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски. Но, на неговата агенда нема
средба со премиерот Никола Груевски.
Поранешниот министер за надворешни работи Денко Малески вели дека посетата на Вестервеле нема да излезе од веќе поставената рамка дека овој проблем мора да го разрешат македонските политичари.
„Веројатно пораката ќе биде иста, се разбира тоа може да се доживее во форма на притисок, но не треба да се лажеме дека некој ќе земе да го решава овој наш проблем.“
Малески додава дека примерите од соседството ни покажуваат дека со години може да се провлекува некоја конфликтна ситуација меѓу власта и опозицијата.
„Ова е време на учење, според нашите идни западни сојузници, каде што Македонците мора да покажат дека се на ниво на задачата да водат една држава и не верувам дека гостинот доаѓа со некакви готови решенија, кои всушност и никој ги нема.“
Професор Мерсел Биљали вели дека земјата била пред тест дали после толку години независност имаме капацитет да ги решаваме внатрешните проблеми со еден нормален и цивилизиран дијалог.
„Но за жал ние покажаме дека не можеме, така што сепак странската директна интервенција и посредување покажува дека кај нас недостасува капацитет за решавање на основните проблеми. Јас мислам дека проблемот конечно ќе се реши, но не поради нашиот капацитет и политичка волја, туку поради странскиот притисок.“
Еврокомесарот Штефан Филе уште еднаш порача дека решението за кризата треба да го најдат Груевски и Црвенковски, а и американскиот амбасадор во земјава Пол Волерс ги повика власта и опозицијата да седнат на маса и да ги решат сите недоразбирања.
Веројатно пораката ќе биде иста, се разбира тоа може да се доживее во форма на притисок, но не треба да се лажеме дека некој ќе земе да го решава овој наш проблем.Денко Малески, универзитетски професор.
Главната тема, според најавите, ќе биде европската интеграција на Македонија и политичката ситуација. Предвидени се разговори со претседателот Ѓорѓе Иванов, министерот за надворешни работи Никола Попоски, вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, како и со лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски. Но, на неговата агенда нема
Поранешниот министер за надворешни работи Денко Малески вели дека посетата на Вестервеле нема да излезе од веќе поставената рамка дека овој проблем мора да го разрешат македонските политичари.
Но за жал ние покажаме дека не можеме, така што сепак странската директна интервенција и посредување покажува дека кај нас недостасува капацитет за решавање на основните проблеми. Јас мислам дека проблемот конечно ќе се реши, но не поради нашиот капацитет и политичка волја, туку поради странскиот притисок.Мерсел Биљали, универзитетски професор.