Прилепски Водовод најави дека наскоро ќе почне со изработка на подземен катастар. Водоводната и канализациона мрежа се преклопуваат со
други мрежи, кои исто така ќе бидат внесени во документот.
Дигитална мапа која ги содржи информациите за целата подземна инфраструктура во Прилеп, или популарно кажано подземен катастар ќе се прави наскоро. Така сите претпријатија при реализација на градежни зафати, нови проекти, но и граѓаните кои имаат намера да градат нови или реконструираат стари куќи, да ја менуваат инсталацијата ќе може навреме да добијат соодветни информации, да заштедат време и пари, од непотребни трошоци. Овој проект ќе го реализира јавното претпријатие „Водовод и канализација“ во соработка со Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови.
„Од први февруари веќе започнавме, наша обврска е да ги снабдуваме ЈП за просторно и урбанистичко планирање со информации, односно со сè она што го имаме ние како база на податоци во дигитална и во хартиена форма, тие го нанесуваат на подлога и понатаму можеме да го користиме секој којшто има потреба, секоја институција, и граѓани кои имаат потреба може да го користат“, истакнува Сашо Николоски, директор на ЈП Водовод и канализција.
Географскиот информативен или ГИС систем е сублимат, помеѓу графичките и статистички податоци. Дигитализацијата на инфраструктурната мрежа е линија која е поврзана со податоци за нивото на кое е поставена, на минус 80 санитиметри, квалитетот на инфраструктурната постојка, колку жители се снабдуваат и кои катастарски парцели. Како што истакнуваат стручњаците, ова е една информатичка технологија која ги обединува просторните услови на кои е наместен еден вод и статистичките квалитети на тој вод. Така во секое време „Водовод“ ќе има информација, кои зафати се извршени, на кое растојание е најблискиот шибер, за да може целосно да се интервенира во отстранување на дефектите, во модернизирање и воведување на нови инфраструктурни системи.
Водоводната и канализациона инфраструктурна мрежа се преклопува со други мрежи, кои исто така ќе бидат нанесени, бидејќи јавното претпријатие како учесник во изработката на генералниот урбанистички план, ќе има сопствена база на податоци, за другите инфраструктурни водови, кабелските телевизии, ЕВН, има случаи каде што има и подземна инфраструктура од хидромелиоративниот систем, со кој стопанисува „Прилепско поле“. Оваа сложена материја постојано се ажурира со нови податоци, кои се добиваат од активностите на јавните претпријатија.
„Сложена технологија која обединува повеќе параметри, значи графички прилози, детални урбанистички планови и статистички податоци за сите квалитативни содржини кои ги има тој инфраструктурен систем. Кога ќе речам, квалитативен, тоа значи материјалот од кој е изработен, структурниот систем, местоположбата кај што се наоѓа, длабочината на која се наоѓа“, вели архитектот Бранко Нешкоски, раководител на Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови.
ГИС системот е законска обврска на секое претпријатие, односно локална самоуправа. Преку јавна набавка со обезбедени лиценци и софтвери кои се потребни за реализација на проектот. Со реализација на овој проект „подземен катастар“ преку објавување на интернет ќе може да го користат сите институции кои имаат градежни зафати, при што ќе може да се најде секое место, каде минуваат подземните мрежи односно целокупната подземна структура.
„Ова е прво јавно претпријатие во градот и воопшто во Македонија, кое ќе изработи целокупна дигитална мапа на целиот систем, што во многу, можеби над 50 отсто ќе го подобри квалитетот во работењето. Ние ќе настојуваме ваква мапа да изработиме и за целокупната подземна и надземна инфраструктура, што ќе значи подобрување на квалитетот на услугите во градот и подобрување на квалитетот на живеење во градот Прилеп“, велат во општина Прилеп.
За првата година, буџетот за реализација на овој проект изнесува околу милион денари, односно 15.000 евра. Но, ова е процес што треба да трае подолго, односно системот е замислен да биде перманентно надоградуван.
За почеток се располага со информација за местата каде е реконструирана мрежата, на површина од околу 60 до 70 отсто од градот, што претставува добра основа за реализација на проектот. За останатиот процент ќе се прават дополнителни мерења. Со натамошна реконструкција на мрежата во градот, наредните 4-5 години, според најавите, ќе има информации за целата водоводна и канализациона мрежа.
Од први февруари веќе започнавме, наша обврска е да ги снабдуваме ЈП за просторно и урбанистичко планирање со информации, односно со сè она што го имаме ние како база на податоци во дигитална и во хартиена форма, тие го нанесуваат на подлога и понатаму можеме да го користиме секој којшто има потреба, секоја институција, и граѓани кои имаат потреба може да го користат.Сашо Николоски, директор на ЈП Водовод и канализција Прилеп.
„Од први февруари веќе започнавме, наша обврска е да ги снабдуваме ЈП за просторно и урбанистичко планирање со информации, односно со сè она што го имаме ние како база на податоци во дигитална и во хартиена форма, тие го нанесуваат на подлога и понатаму можеме да го користиме секој којшто има потреба, секоја институција, и граѓани кои имаат потреба може да го користат“, истакнува Сашо Николоски, директор на ЈП Водовод и канализција.
Сложена технологија која обединува повеќе параметри, значи графички прилози, детални урбанистички планови и статистички податоци за сите квалитативни содржини кои ги има тој инфраструктурен систем. Кога ќе речам, квалитативен, тоа значи материјалот од кој е изработен, структурниот систем, местоположбата кај што се наоѓа, длабочината на која се наоѓа.Бранко Нешкоски, архитект, раководител на Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови.