Достапни линкови

„Студенчица“ ќе трае уште три децении


Јавно претпријатие за водоснабдување „Студенчица“ во Прилеп.
Јавно претпријатие за водоснабдување „Студенчица“ во Прилеп.

Со добро одржување и нови инвестиции регионалниот водовод „Студенчица“ ќе биде во функција уште 30 години, уверуваат надлежните.

Проектниот период од три децении за регионалниот водовод „Студенчица“ измина, но надлежните тврдат дека со добро одржување, катодна заштита и нови инвестиции ќе биде во функција уште следни 30 години. По кризниот период кој што го доведе во прашање водоснабдувањето на најголем дел од вкупно 190.000 корисници на вода, сега издашноста на изворот е речиси шест пати поголема и изнесува 1.900 литри вода во секунда.
Во јуни месец треба да се објави тендер за набавка на главните вентили и имаме издвоено средства, што прилично висока сума е, околу 500.000 евра за нивна замена и тие во оваа година би се набавиле, затоа што не се сериско производство, се со пречник од околу 1000мм и во наредната година се планира нивната замена, секако кога РЕК Осломеј ќе биде во редовен ремонт.
Гоце Наќески, директор на регионалниот водовод „Студенчица“.

Годинава не се очекува нова криза за вода, но од „Студенчица“ планираат бројни зафати кои ќе го подобрат водоснабдувањето. Наскоро ќе се распише тендер за замена на главните седум вентили за разделните градби во Другово и Дебреште од каде се снабдуваат со вода сите општини корисници, а ќе бидат инвестирани сопствени 500 илјади евра.
Јавно претпријатие за водоснабдување „Студенчица“ во Прилеп.
Јавно претпријатие за водоснабдување „Студенчица“ во Прилеп.

„Во јуни месец треба да се објави тендер за набавка на главните вентили и имаме издвоено средства, што прилично висока сума е, околу 500.000 евра за нивна замена и тие во оваа година би се набавиле, затоа што не се сериско производство, се со пречник од околу 1000мм и во наредната година се планира нивната замена, секако кога РЕК Осломеј ќе биде во редовен ремонт“, изјави Гоце Наќески, директор на регионалниот водовод „Студенчица“.
Загубите со вода кои се јавуваа кај руралните општини каде што имаше голема потрошувачка, ќе биде со замена на хидро-опремата во приклучните шахти. Таа ќе биде на електричен погон и преку скада систем ќе се контролира директно од Студенчица.
Гоце Наќески, директор на регионалниот водовод „Студенчица“.

За да се решат проблемите со водоснабдувањето во моментов се врши и ревизија на студијата за распределба на водата, која неодамна ја изготвија експерти на Градежниот факултет. Наскоро се очекува и нова водостопанска дозвола од Министерството за животна средина.

„Загубите со вода кои се јавуваа кај руралните општини каде што имаше голема потрошувачка, ќе биде со замена на хидро-опремата во приклучните шахти. Таа ќе биде на електричен погон и преку скада систем ќе се контролира директно од Студенчица“, додава директорот Наќески.

Прилеп до некаде го реши проблемот, но во градската мрежа во Кичево, каде што има 80 отсто загуби треба да се работи на замена на мрежата, како и на систем на наплата во руралните општини како што се Пласница, Вранештица и Осломеј. Таму во моментов, се наплаќа од средства од општините.

„Студенчица“ планира и изградба на две помали хидроцентрали, со цел да се искористи зголемата дарежливост на изворот. Па, од сегашните 1.900, половина количества се насочуваат во реката Студенчица. По нејзиното течение ќе се изгради до крајот на годинава една хидроцентрала кај Добреноец, а втората ќе биде кај комората Варош-Прилеп, пред езерото.

„Инвестицијата ќе чини некаде околу 60 милиони денари, тие се од сопствени извори на Студенчица и ќе се добијат финансиски средства со пуштањето во работа и нус производот, хидроелектрична енергија, за натамошно одржување на цевководот“, најави Наќески.

Во секој случај, „Студенчица“, презема системски мерки за да го подобри водоснабдувањето на сите општини корисници, но и целосна искористеност на дарежливоста на изворот, во години кога се добиваат оптимални количества од преку 2.000 литри вода во секунда.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG