Најголем број од конфекциите кои работат за извоз, еден период во годината се без работа. Излезот треба да се бара во создавање на сопствен бренд, но за тоа е потребна помош и поддршка од државата.
Најголемите потреси на светската економска криза изминаа, но прилепските конфекции сега се соочуваат со нови финансиски турбуленции. Поголем дел од 15-те конфекции ги трпат последиците на недостиг од работа, меѓу сезоните, затоа што работат лон производство за странски партнери.
„Нарушен е оној континуитет на работа преку цела година што беше пред кризата 2008 и 2009 година, од причини што и кај странските партнери е намалена побарувачката и кај нас се намалени нарачките. Можеме само да ја претпоставуваме кои се причините, економската криза, но и големото влијание, големиот прилив на текстилна стока од Кина“, вели Благоја Конески, претседател на прилепската секција на текстилци при Регионалната стопанска комора.
Така најголем број од конфекциите кои работат за извоз, еден период во годината се без работа, трпат штети и загуби, бидејќи капацитетите се празни, а течат обврските кон вработените. Затоа текстилците бараат излез. Идината според нив е во создавање сопствен бренд. Но, велат за тоа е потребна помош и поддршка од државата.
„Една предлог мерка за воведување на помош односно субвенции кај текстилното производство за сопствен бренд, во вид на една стимулација на работодавците, да се преориентираат на сопствено производство“, додава Конески.
И според економските стручњаци, стопанството може да се развие само доколку се стимулира домашните, а не странски инвестиции.
„Странските инвестиции имаат и добра и лоша страна. Добра е што дел од невработените ќе најдат свое прибежиште и егзистенција за себе, но на крај странецот ќе го изнесува. Сопствените инвестиции би биле секако најдобри, но за тоа се потребни и инвеститори, таа првобитна акумулација на капитал, ние ја немавме, потребно е окрупнување на капиталот за да се направат големи инвестиции, решенија затоа се бараат во мали и средни бизниси“, вели професор Ѓорѓи Манчески, декан на Економскиот факултет во Прилеп.
Но, за да се создаде одржлив домашен бренд, според конфекционерите, државата мора со своите механизми и инструменти да ја стопира и легалната и нелегална нелојална конкуренција. Тоа значи да прекине увозот на конфекциски парчиња од соседните земји, зашто факт е дека и натаму функционира мрежата на див узвоз на текстил од Грција, Бугарија и други држави. А, од друга страна изразен е проблемот со масовен увоз на неквалитетна кинеска стока по дампинг цени. Паралелно треба да се работи на снабдување на домашниот пазар и со квалитетни репроматеријали,кои во моментов ги нема.
Во Прилеп, се ангажирани околу 1.500 работници во оваа гранка, кои имаат просечна плата од околу 9.000 денари. Кога конфекциите би имале сопствено производство, во тој случај има можности и за зголемување на бројот на вработените, сметаат добро упатените.
Нарушен е оној континуитет на работа преку цела година што беше пред кризата 2008 и 2009 година, од причини што и кај странските партнери е намалена побарувачката и кај нас се намалени нарачките.Благоја Конески, Регионална стопанска комора.
„Нарушен е оној континуитет на работа преку цела година што беше пред кризата 2008 и 2009 година, од причини што и кај странските партнери е намалена побарувачката и кај нас се намалени нарачките. Можеме само да ја претпоставуваме кои се причините, економската криза, но и големото влијание, големиот прилив на текстилна стока од Кина“, вели Благоја Конески, претседател на прилепската секција на текстилци при Регионалната стопанска комора.
Така најголем број од конфекциите кои работат за извоз, еден период во годината се без работа, трпат штети и загуби, бидејќи капацитетите се празни, а течат обврските кон вработените. Затоа текстилците бараат излез. Идината според нив е во создавање сопствен бренд. Но, велат за тоа е потребна помош и поддршка од државата.
Странските инвестиции имаат и добра и лоша страна. Добра е што дел од невработените ќе најдат свое прибежиште и егзистенција за себе, но на крај странецот ќе го изнесува. Сопствените инвестиции би биле секако најдобри, но за тоа се потребни и инвеститори, таа првобитна акумулација на капитал, ние ја немавме, потребно е окрупнување на капиталот за да се направат големи инвестиции, решенија затоа се бараат во мали и средни бизниси.Ѓорѓи Манчески, декан на Економскиот факултет во Прилеп.