Лошата инфраструктура штетна за бизнисот

Лоши патишта, железница која е пред колапс, лоша авионска поврзаност на земјата со останатите. Патната инфраструктура е сериозен кочничар на бизнисот, се согласуваат и стопанствениците и економските аналитичари.
Лоши патишта, железница која е пред колапс, лоша авионска поврзаност на земјата со останатите, по се изгледа дека прозорецот кон светот ни е затворен, а и другите тешко доаѓаат кај нас. Патната инфраструктура е сериозен кочничар на бизнисот, се согласуваат и стопанствениците и економските аналитичари.
Аеродромската поврзаност на Република Македонија не е идеална кон светот, затоа што големината на Македонија како пазар и по број на жители е мала, мал е бројот на директни летови до одредени земји и тоа оди обично преку други аеродороми Виена, Истанбул, долги се чекањата, се губи плус време. Тоа исто е проблем и на наши можни купувачи кои кога сакаат да дојдат да ги видат нашите производи или да дојдат на договарање во Македонија, губат по два-три дена, а тоа во некои европски земји можат да го направат во еден ден.
Јован Дабевски, бизнисмен.

Јован Дабевски, бизнисмен од млечната индустрија вели дека најголем дел од производите пласираат во земјата. За дел од делниците во Македонија, тој вели дека немаат проблеми, но имаат со патот Струмица- Радовиш каде им се поголемите погони и заради тоа имаат проблеми и со брзината на транспортот и со квалитетот. Што се однесува до извозот во регионот, тој вели дека немаат сериозни проблеми. Но што се однесува до одењето на семинари, договарања на нови пазари и кога некој потенцијален партнер треба да им дојде во посета, е тука има проблеми со комерцијалните летови.

„Аеродромската поврзаност на Република Македонија не е идеална кон светот, затоа што големината на Македонија како пазар и по број на жители е мала, мал е бројот на директни летови до одредени земји и тоа оди обично преку други аеродороми Виена, Истанбул, долги се чекањата, се губи плус време. Тоа исто е проблем и на наши можни купувачи кои кога сакаат да дојдат да ги видат нашите производи или да дојдат на договарање во Македонија, губат по два-три дена, а тоа во некои европски земји можат да го направат во еден ден.“
Да се преговара со пристаништата во Драч, со пристаништата во Бургас, а не сега сме усмерени кон Солун, а проблемите таму се такви какви што се. Чести прекини, штрајкови и би можело кога ќе собереш се тоа заедно со празници, со викенди испаѓа дека ние три месеци не можеме да испорачаме производ или да примиме ресурс кој ни е потребен за производство.
Александар Панов, Макстил.

Александар Панов од Макстил вели дека лошата состојба на железницата, преку која во најголем дел се остварува транспортот на нивните производи, многу влијае на нивната соработка со партнерите. Тој објаснува дека заради неисправни вагони, лоши пруги и лошата поврзаност на земјата, стоката што ја испорачуваат доцни и по неколку денови, а сето тоа се одразува на нивниот бизнис. Панов се надева дека ќе се реализираат најавите за инвестиции во патната и железничката инфраструктура за да не зависат само од пругата север-југ .

„Да се преговара со пристаништата во Драч, со пристаништата во Бургас, а не сега сме усмерени кон Солун, а проблемите таму се такви какви што се. Чести прекини, штрајкови и би можело кога ќе собереш се тоа заедно со празници, со викенди испаѓа дека ние три месеци не можеме да испорачаме производ или да примиме ресурс кој ни е потребен за производство.“

Во земјава со години ниту многу е зголемена автопатската мрежа, ниту железничката инфраструктура е подобрена. Пред две години Скопје доби нов аеродром, но се уште земјава не е добро поврзана со европските метрополи.

Професор Зоран Ивановски вели дека вложувањето во инфраструктурата има ефекти врз економијата и затоа треба многу да се инвестира во тоа, затоа што се намалуваат транспортните трошоци и има побрз проток на стоки и луѓе.

„Ако анализираме за поставеноста и инфраструктурата на голем број на европски земји, пример Холандија, ќе видите дека дури 30 проценти од БДП се создава токму преку од транспортот и сообраќајот. Ова е уште еден аргумент повеќе владата да размислува во тој правец и да ја подобрува перманентно состојбата со патната и железничката инфраструктура и секако авионскиот транспорт.“

Деновиве во интервју за порталот Фактор, управителот на производствениот погон на Џонсон Контролс во Скопје, Макрем Гриби, рече дека даночниот пакет што го нуди владата е поволен, но дека пречка е јавната патна инфраструктура. Тој препорача подобрување на патната инфраструктура и поголема меѓународна поврзаност со летови на Македонија со Европа.