Се фаќаме за сламка или го заменуваме сечењето ленти со друг облик на предизборна кампања? Патувањето на претседателот Ѓорге Иванов во Катар и посетата на индискиот милијардер Субрата Рој може да се гледа и од двете страни, коментираат експертите, не може единствено да се согледа ефектот од ваквите обиди.
Професор Ванчо Узунов, кој е претседател на Економско-социјалниот совет на СДСМ, на сето тоа гледа само како на предизборна кампања.
„Нема никаква конзистентност, нема никаква целина таа политика, не е поврзана со ништо, туку едноставно тоа се „балончиња“ кои се случуваат пред избори, со цел да се прикаже дека еве ние работиме, еве ние мислиме на иднината на Македонија и еве ги убедивме милијардерите во светот да дојдат и да ги оставаат парите.“
Ако сите најави се разгледуваат во реален контекст анализата не нуди логика, додава Узунов, зашто за реализација на толку голем проект каков што најави Субрата Рој, потребни се голем број предуслови кои Македонија ги нема.
„Македонија нема механизација да го изгради тоа што јас го видов на телевизија како проект, тоа значи дека пак ќе го градат странци, како ќе доаѓаат тие тука, тој ќе го гради и аеродромот? За да функционира таа инвестиција треба дневно да слетуваат и да полетуват по 20-30 авиони во Охрид. Имаме ние инфраструктура за тоа? Треба и автопат од Скопје до Охрид, кој ќе го гради тоа?“, прашува Узунов.
Постои голема дискрепанца меѓу напорите што ги прави владата за привлекување странски инвеститори нудејќи им разни погодности и она со што нив ги чека во реалноста и натаму останува голема, дополнува аналитичарот Суад Мисини, а тие се однесуваат на владеење на правото, законите, безбедноста на инвестициите. Па сепак самата посета на Катар тој ја гледа и од еден сосема друг аспект. Станува збор за паника по најавите од Катар за некои поголеми инвестиции во регионот.
„Паниката е очигледа и таа оди дури и надвор од рамките на она што можеме да го опсервираме како прекршување на изборниот законик, за да не се случи инвеститорите да внесат пари во регионот, а Македонија да биде заобиколена.“
Претседателот Иванов престојува во дводневна посета на Катар на покана од шеикот Хамад бин Калифа ал Тани. Најавено е дека целта на посетата е продлабочување на билатералнитре односи меѓу двете земји, но пред се соработка во сферата на економијата и потпишување на меморандум за разбирање во областа на туризмот и меѓу стопанските комори.
Македонија нема механизација да го изгради тоа што јас го видов на телевизија како проект, тоа значи дека пак ќе го градат странци, како ќе доаѓаат тие тука, тој ќе го гради и аеродромот? За да функционира таа инвестиција треба дневно да слетуваат и да полетуват по 20-30 авиони во Охрид. Имаме ние инфраструктура за тоа?Ванчо Узунов, универзитетски професор.
Професор Ванчо Узунов, кој е претседател на Економско-социјалниот совет на СДСМ, на сето тоа гледа само како на предизборна кампања.
„Нема никаква конзистентност, нема никаква целина таа политика, не е поврзана со ништо, туку едноставно тоа се „балончиња“ кои се случуваат пред избори, со цел да се прикаже дека еве ние работиме, еве ние мислиме на иднината на Македонија и еве ги убедивме милијардерите во светот да дојдат и да ги оставаат парите.“
Ако сите најави се разгледуваат во реален контекст анализата не нуди логика, додава Узунов, зашто за реализација на толку голем проект каков што најави Субрата Рој, потребни се голем број предуслови кои Македонија ги нема.
„Македонија нема механизација да го изгради тоа што јас го видов на телевизија како проект, тоа значи дека пак ќе го градат странци, како ќе доаѓаат тие тука, тој ќе го гради и аеродромот? За да функционира таа инвестиција треба дневно да слетуваат и да полетуват по 20-30 авиони во Охрид. Имаме ние инфраструктура за тоа? Треба и автопат од Скопје до Охрид, кој ќе го гради тоа?“, прашува Узунов.
Паниката е очигледа и таа оди дури и надвор од рамките на она што можеме да го опсервираме како прекршување на изборниот законик, за да не се случи инвеститорите да внесат пари во регионот, а Македонија да биде заобиколена.Суад Мисини, аналитичар.