Машиновозачите и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески не се договорија, при што железничкиот собраќај во земјава втор ден е во прекин. Машиновозачите се жалат на наредовната исплата на платите и ненавремено примање на зелени картони. Во тек е состанокот на штрајкувачкиот одбор на кој машиновозачите ќе одлучат кои чекори ќе бидат преземени во наредниот период.
Правниот експерт и поранешен синдикалец Драге Јовановски, вели дека очигледно вработените во Железници не се задоволни од раководството на претпријатието.
„Она што го барале работниците како вработени очигледно дека од страна на раководниот тим не е исполнето. Основна причина за секој штрајк, па и овој нивниот е неисполнување на обврските на работодавачот спрема работникот“.
Борче Ѓошевски од синдикатот на Ремонт на пруги вели дека и тие денеска треба да се состанат со Јанакиески за да разговараат зошто одлуката на владата од ноември минатата година за враќање на претпријатието во Македонски Железници не е спроведена.
„Има одлука на владата дека од 1 јануари во оваа година Ремонт на пруги треба да биде составен дел од Македонски Железници и Инфраструктура. Сега во овој момент бараме само одлуката да се спроведе. Веќе не можеме да издржиме три години сме без плави картони и со 24 плати неземени. Ние сега сме во уште полоша ситуација него пред пет месеци кога почнавме со протести.“
Според Јовановски иако во претходниот период се најавуваа мерки за подобрување на состојбата во железничкиот собраќај ниту владата ниту менаџерскиот тим кој го поставила не ги спровеле.
„Спрема тоа можеме да констатираме дека неспособноста на власта се рефлектира во ова јавно претпријатие и во други претпријатија кои претпоставувам дека тие проблеми ќе излезат на површина“.
Од Ремонт на пруги велат доколку не се реши нивната ситуација не ја исклучуваат можноста повторно да почнат со протести. Додека пак директорот на Македонски Железници транспорт смета дека штрајкот на машиновозачите е нелегитимен и нема причина за незадоволство, бидејќи раководството се труди да ги исплати задоцнетите плати.
Она што го барале работниците како вработени очигледно дека од страна на раководниот тим не е исполнето. Основна причина за секој штрајк, па и овој нивниот е неисполнување на обврските на работодавачот спрема работникот.Драге Јовановски, правен експерт.
Правниот експерт и поранешен синдикалец Драге Јовановски, вели дека очигледно вработените во Железници не се задоволни од раководството на претпријатието.
„Она што го барале работниците како вработени очигледно дека од страна на раководниот тим не е исполнето. Основна причина за секој штрајк, па и овој нивниот е неисполнување на обврските на работодавачот спрема работникот“.
Борче Ѓошевски од синдикатот на Ремонт на пруги вели дека и тие денеска треба да се состанат со Јанакиески за да разговараат зошто одлуката на владата од ноември минатата година за враќање на претпријатието во Македонски Железници не е спроведена.
Има одлука на владата дека од 1 јануари во оваа година Ремонт на пруги треба да биде составен дел од Македонски Железници и Инфраструктура. Сега во овој момент бараме само одлуката да се спроведе.Борче Ѓошевски, Синдикат на Ремонт на пруги